Грчката влада значително ги зголемува туристичките такси - Канал 5

Грчката влада значително ги зголемува туристичките такси

Владата на Грција има намера да ги зголеми туристичките даноци и да ги насочи очекуваните 600 милиони евра приход во фонд за поправка на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

Грчката влада значително ги зголемува туристичките такси

Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе се зголеми од 0,50 на 1,50 евра за ноќ, објавија медиумите, а за ноќевања во хотели со пет ѕвезди од четири на десет евра од ноќевање.

Премиерот изјави дека нивни приоритети во планот за брза помош ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина, обезбедување финансиски средства и сеопфатен одбранбен план против климатската криза“.

Грција и оваа година беше опустошена од големи пожари, принудувајќи ги властите во јули да евакуираат илјадници туристи од островот Родос за само неколку часа.

Мицотакис, исто така, рече дека владата има намера да обезбеди 3,3 милијарди евра за санирање на штетите предизвикани од поплавите во Тесалија ова лето. Парите треба да се добијат од фондовите на Европската унија и од буџетот.

Обилните дождови на почетокот на септември предизвикаа поплави во Тесалија, во кои загинаа 17 лица. Угинаа десетици илјади животни, а уништени се куќи, патишта, мостови, земјоделско земјиште и посеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер