Прага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)
2Прага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканГрчката полиција разби криминални групи кои вршеле кражби во јавниот превоз Грчката полиција разби криминални групи кои вршеле кражби во јавниот превоз и на туристички локации во Атина.Ограбувале туристи и граѓани во јавниот превоз и на туристички локации во Атина; обивале автомобили; продавале дрога и пуштале во оптек фалсификувани банкноти, со што нелегално се стекнале со над 1,2 милиони евра – грчката полиција разби шест криминални банди, кои дејствувале во грчката метропола, а идентификувани се 237 членови, од кои 50 се веќе уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во специјалната оперативна акција спроведена во понеделникот биле разбиени криминалните групи, а секоја од нив имала специјализирано поле на дејствување: две вршеле кражби во јавниот превоз и на туристички локации, една била активна во трговија со дрога, друга со фалсификувани банкноти, петтата вршела кражби од автомобили, а членовите на последната биле задолжени за чување на украдените предмети. Едната подгрупа, која крадела во јавниот превоз и на туристички локации, биле 94 лица, главно со романско потекло, нивната цел биле паричници, мобилни телефони, патни исправи и други вредни предмети, а со слична активност била и подгрупата од 34 лица, главно со албанско потекло, која дејствувала на метро линијата од аеродромот до атинското пристаниште Пиреас, регион што бил единствено во нивна надлежност и доколку друга група сакала да краде на оваа линија морала да добие дозвола и да следи конкретна квота. Друга група, вкупно 46 лица продавале дрога во центарот на Атина, додека пак други 19 лица, продавале фалсификувани банкноти и имале посебен ценовник: банкнотите од 100, 50 и 20 евра се набавувале за 30, 15 и 5 евра. Петтата група од 19 членови, пред сè со арапско потекло обивале автомобили и краделе од внатрешноста, додека пак последната група, вкупно 24 лица ги координирала активностите на целата криминална мрежа и ги собирала украдените предмети. Криминалната мрежа стои зад над 450 кражби на граѓани и туристи во јавниот превоз и на туристички локации, над 120 случаи на обиени автомобили и пуштање на над 1.500 фалсификувани банкноти. Во рамки на акцијата полицијата извршила над 120 претреси во продавници, куќи и домови и меѓу другото, пронашла и запленила: 73.725 евра, 697 долари, банкарски чек во вредност од 14.000 евра, наркотични средства, оружје, осум автомобили и осум мотоцикли, 461 мобилни телефони, таблети, лаптопи и дронови, камери, 123 патни исправи, банкноти од различни земји, фалсификувани евра, часовници, накит и вредни предмети итн. Според проценките на грчката полиција, незаконската економска придобивка на криминалните групи надминува 1.200.000 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаУЈП испраќа известувања до граѓаните што имале приливи од странство во 2021 годинаУправата за јавни приходи започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките. До дел од граѓаните веќе се испратени персонализирани известувања со рок за исполнување на евентуалните даночни обврски. Од УЈП предупредуваат дека доколку обврските не бидат исполнети доброволно, Управата ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот. Сепак, од институцијата нагласуваат дека не секој прилив од странство подлежи на оданочување и дека добивањето известување не значи автоматски дека граѓанинот должи данок. Обврската за пријавување се однесува на доход од странство што е оданочив согласно Законот за данокот на личен доход. Тука спаѓаат плати, хонорари, приходи од фриленс и интелектуални услуги, издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking, капитални добивки од продажба на имот, криптовалути и хартии од вредност, дивиденди, камати, авторски права и добивки од игри на среќа. Од друга страна, парите добиени како подарок, семејна поддршка или позајмица не претставуваат автоматски оданочив доход. Истото важи и за трансферите преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси, бидејќи начинот на кој се испратени парите сам по себе не ја определува даночната обврска. „Даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби“, појаснуваат од УЈП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПрага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)По целовечерната, исклучително напната седница обележана со инциденти и масовни протести пред зградата на парламентот, чешката владејачка коалиција (АНО, СПД и Возачи) усвои предлог за укинување на телевизиските и радио претплатничките такси.На предлог на претседателот на Парламентот, Томи Окамура (СПД), дебатата беше скратена, барањата на опозицијата за паузи и отфрлање на законот беа отфрлени, а гласањето се одржа во невообичаено време - во 4:36 часот наутро, објави Блеск. Седницата беше прекината во 5:03 часот наутро и одложена до 3 ноември, додека законот беше испратен до комисиите на разгледување. Додека седницата продолжуваше во салата со тропање по парламентарните клупи и свирчиња, стотици граѓани на Прага демонстрираа против оваа одлука на блискиот плоштад Малострански. Околу 21:00 часот, обезбедувањето мораше да придружи околу десетина граѓани од галеријата на парламентот поради свиркање и развевање на транспарентот „Слобода за медиумите“, а потоа неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да влезат во зградата на парламентот, што полицијата го спречи. Полицијата потоа приведе едно лице кое, околу половина час по полноќ, се обиде да фрли калдрма кон зградата на парламентот. Neschvaluji násilí. Ani vůči poslancům, kteří vycházejí ze Sněmovny. Stejně tak ale nesouhlasím s tím, aby byli z veřejně přístupných prostor Sněmovny takto vytahováni lidé, kteří nic nekřičeli a jen ukázali transparent. Tohle je ta nová totalita. https://t.co/G31Z7hSHya — Matěj z Tetína (@matej_hlavaty) October 23, 2026 Опозицијата остро го осуди присилното гласање ноќе и начинот на кој беше прекината дебатата. Претседателот на ОДС, Мартин Купка, ги нарече настаните „тотални глупости“ и ја праша коалицијата: „Ќе гласаме за слободата и независноста на медиумите во 4:36 часот наутро. Прекрасно. Кој краде во темнина? Крадци на слободата и независноста на медиумите.“ Лидерот на движењето СТАН, Вит Ракушан, ги оцени постапките на владата како демонстрација на кукавичлук. - Под закрилата на темнината во 4:36 часот, кога повеќето луѓе во оваа земја сè уште спијат, вие го протуркавте ова... Ќе го запомнам овој пат: 4:36, 24.10. Во овој момент започна крајот на владата на Андреј Бабиш. Skupina lidí narušila jednání poslanecké sněmovny hlasitými projevy a ze strany předsedajícího jsme byli požádáni o zjednání nápravy, včetně vyvedení z galerie. Nejsme na té či oné straně, politické názory zůstávají ve službě stranou. Rozhodující je veřejný pořádek a bezpečnost. — Policie ČR (@PolicieCZ) October 23, 2026 Опозицискиот лидер Здењек Хржиб го нарече преминот кон буџетско финансирање „комунистичка национализација “, додека поранешниот министер Маријан Јуречка (KDU-ČSL) го критикуваше премиерот Бабиш за тоа што дискутирал за законот ноќе, споредувајќи го со методите на поранешната тајна служба StB. Од друга страна, премиерот Андреј Бабиш (ANO), кој не присуствуваше на утринското гласање, ги обвини лидерите на опозицијата за поттикнување немири. - Ја повикувам опозицијата да престане да ја ескалира ситуацијата во општеството. Не се води војна за независни медиуми. Нема борба за демократија, ниту пак се планира социјализација или национализација на медиумите.“ Министерот за култура Ото Клемпирц (во име на Возачите) нагласи дека преминот кон буџетско финансирање не ја загрозува независноста на медиумите и дека претставува легитимна европска практика, додека Томио Окамура (СПД) изјави дека јавниот сервис работи против народот. - Неверојатно е грубо и неморално да плаќам за нешто што не го користам, а кое работи против моите интереси, против интересите на мојата земја и мојот народ. Опозицијата најави продолжување на борбата против законот и поднесување на амандмани во второто и третото читање, како и во Сенатот.Тагови: Прага парламентот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГолем руски напад на Украина- меѓу загинатите има и деца (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а 78 се повредени во руски напади низ Украина во изминатите 24 часа, според локалните власти. Утрово, Москва го нападна и Киев, каде што дрон удри во станбена зграда, пишува The Kiev Independent. Во раните утрински часови, руски дрон се урна во станбена зграда во областа Оболон во Киев. Воената администрација на градот Киев објави дека две лица се повредени и дека избувнал пожар. Жртви во Чернигов Руските сили го нападнаа и градот Чернигов. Според локалните власти, еден маж е убиен, а најмалку 25 лица се повредени. Во Чернигов е издадена воздушна тревога околу 13:40 часот по локално време поради закана од ракети. Неколку минути подоцна, украинските воздухопловни сили известија дека беспилотни летала и крстосувачка ракета од типот „Бандерол“ се приближуваат кон градот. Градскиот совет на Чернигов соопшти дека целите биле две приватни компании, но не даде дополнителни детали. #Чернігів: за попередньою інформацією, 1 людина загинула, ще 25 постраждали через російський удар по території одного з підприємств Виникла пожежа та сталися руйнування будівлі. На місці події працювали підрозділи ДСНС та інші екстрені служби. https://t.co/rQLU4iScbf — DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 23, 2026 Гранатирање во Донецката област Обвинителството на Донецката област соопшти дека едно лице е убиено, а шест други, меѓу кои и три деца, се ранети во руското гранатирање на станбена област во Краматорск, град на фронтот. Во Славјанск, друг град на фронтот, 62-годишна жена е убиена, а четири други се повредени во руските напади вчера, напиша градоначалникот Вадим Љах. Во Днепропетровската област, едно лице е убиено, а осум други се повредени во напад врз градот Днепар. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа изјави дека уште три лица се ранети во областа Пидхородненскаја. Во напад со руски дрон врз градот Житомир на 23 октомври беа повредени девет лица, меѓу кои и две деца, објави украинската полиција. #Харків: унаслідок російського удару БпЛА по Слобідському району виникла масштабна пожежа на території цивільного підприємства Горіли дах та приміщення верхнього поверху на площі 2000 кв.м. Попри загрозу повторних обстрілів, до ліквідації наслідків атаки залучені підрозділи ДСНС https://t.co/cp0KhdbVyR — DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 23, 2026 Напади во повеќе региони Гувернерот на Харковската област Олех Синехубов изјави дека руските сили раниле седум лица, меѓу кои 12-годишно девојче и 13-годишно момче. Тој додаде дека станбени згради, деловни објекти и бензински пумпи се оштетени или уништени во нападите. Во регионот Херсон, руските сили нападнаа станбени области и повредија шест лица, објави регионалната воена администрација. Три лица се повредени во руските напади во регионот Одеса. Гувернерот Олех Кипер изјави дека Русија погодила рекреативен објект, административна зграда и магацин. Во регионот Сум, Русија изврши 40 напади врз 25 населени места. Пет лица се повредени во неколку општини, а регионалната воена администрација наведува дека тревогата за воздушна закана траела вкупно повеќе од 18 часа. Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили лансирале 126 дронови преку ноќ, од кои 61 биле со млазен погон. Украинската одбрана успеала да неутрализира 101 беспилотно летало, вклучувајќи 50 млазни. Русија оваа година го зголеми производството на дронови со млазен погон, кои се многу потешки за соборување од постарите модели со пропелер. Од друга страна, Украина ја подобри стапката на пресретнување на вакви авиони во последниот месец.Тагови: руски напад украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook