БалканГрчката полиција разби криминална организација што од З.Европа преку Грција пренесувала дрогаГрчката полиција разби криминална организација што од Западна Европа преку Грција пренесувала дрога во Израел.Грчката полиција, во соработка со израелските власти разби меѓународна криминална организација, која од земји од Западна Европа, во Грција внесувала дрога, по што по морски пат ја пренесувала во Израел, а уапсени се осуммина странски државјани и запленети над 130 килограми дрога, додека незаконската финансиска корист се проценува на над 2,5 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во понеделникот на подрачјето на градот Волос била спроведена организирана полициска акција што траела до утринските часови во вчера, на која и претходела темелна истрага, од која произлегло дека членовите формирале криминална организација, со континуирана и структурирана активност и различни улоги. - Поконкретно, членовите на организацијата набавувале наркотични средства од земји од западна Европа, ги криеле во кампинг возила, со цел да ги транспортираат и внесат на грчка територија. Наркотиците потоа биле префрлени во чамец, поконкретно во канти, а крајната дестинација бил Израел, соопштија од грчката полиција. Од уапсените осум лица, секој имал посебна улога, еден 44-годишен бил водач на групата и одговорен за координација и планирање на нелегалните дејствија, како и за регрутирање членови, пронаоѓање дрога и транспортирање и доставување до Израел, тројца од уапсените биле задолжени за прием на дрогата во Грција и да го координираат транспортот до Израел за што изнајмиле чамец, додека пак останатите четворица биле надлежни за преземање на дрогата во странство и со кампинг возила внесување во Грција преку Бугарија. Во криминалната организација имало и други, засега непознати членови, кои биле дел од екипажот на едрилицата, задолжени да ја преземат дрогата во Грција и да ја транспортираат по морски пат до Израел. - Незаконската финансиска придобивка на криминалната организација, имајќи ја предвид нејзината професионална инфраструктура, континуирано дејствување и географската распространетост, се проценува дека надминува 2.500.000 евра, соопштија од грчката полиција. Додадоа дека уапсените биле спроведени во надлежното обвинителство, а истрагата за идентификација и апсење на останатите членови продолжува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАфрим Гаши: Честит 2 Август – Ден на Републиката!По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. 2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните. Но, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите. Затоа, да го искористиме овој ден за да ја обновиме нашата заедничка посветеност: институциите да бидат пример за интегритет, медиумите глас на јавната одговорност, граѓаните активни учесници во демократијата, а секој од нас промотор на довербата, правдата и соживотот. Убеден сум дека, зачувувајќи го духот на соживотот и промовирајќи дијалог, почит и институционална одговорност, ќе продолжиме да чекориме напред кон поразвиена, подемократска и попросперитетна држава, цврсто поставена на неповратниот пат кон европската интеграција. Тоа е најдостоинствениот начин да ја оддадеме почитта кон Република Македонија. Африм ГашиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ. Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади. SCENES 🇬🇷 A #wildfire burning out of control on the #Greek mainland west of #Athens, one of several blazes burning in parts of the country#climatechange #heatwave pic.twitter.com/njRPV7wUpA — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) August 1, 2026 За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски плановиСветската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени). Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот. „Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“ Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена. Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме. Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи. „Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА. Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook