2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
БалканГрчката полиција бара одложување на два фудбалски натпревариГрчката полиција бара одложување на два фудбалски натпревари поради протест и посетата на ЕрдоганОд безбедносни причини, односно поради закажан протест и поради посетата на Атина на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, грчката полиција од Фудбалската федерација на Грција (ЕПО) побарала да ги смени датумите за два фудбалски натпревари од Купот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за натпреварите од осминафиналето во Купот на Грција, Панатинаикос - Олимпијакос, вечното атинско дерби закажано за 6 декември, како и средбата АЕК - Арис за ден подоцна. На 6 декември е годишнина од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос во 2008 година, а секоја година традиционално се одржуваат протести и Атина е под драконски безбедносни мерки. Ден подоцна, во Атина ќе се одржи Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, на кој ќе присуствува турскиот претседател. Според АНА-МПА, поради конкретните настани „полицијата не може да ја гарантира безбедност на двата натпревари“ и затоа од ЕПО било побарано одложување на двете средби, а Федерацијата бара нови датуми за одигрување на натпреварите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook