РакометГрчевски го објави поширокиот список за претстојните квалификацииГрчевски денес го објави поширокиот список на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари.Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски денес го објави поширокиот список на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Германија и на Словенија. На списокот на Грчевски се: 1. АНДРЕА ИЛИЌ ЖРК ВАРДАР 2. МАТЕА ЧУРЛИНОВСКА ЖРК АТЛЕТИК 3. ДРАГАНА ПЕТКОВСКА WHC BOR (HRV) 4. СОФИ ГОШЕВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 5. САРА РИСТОВСКА HC RAPID BUCUREST 6. АНАСТАСИЈА ТРПЕСКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК СКОПЈЕ 7. СТЕФАНИ РИСТИЌ ЖРК АТЛЕТИК 8. ИВАНА ЏАТЕВСКА Szombathely Kezilabda (HUN) 9. ХАНА МИКФТАРИ ЖРК ЧАИР 10. ПЕНА ГРАМАТОВА HC VOJVODINA (SRB) 11. МОНИКА ЈАНЕСКА КИЛДАН TRABZON ORTAHISAR (TUR) 12. АНГЕЛА ЈАНКУЛОВСКА DHC SLAVIA PRAHA (CZH) 13. ИСИДОРА КОТЕСКА ЖРК АТЛЕТИК 14. САРА СТЕФАНОСКА HC ZALAU (ROU) 15. ИВАНА АРСЕНИЕВСКА PITKA RECZNA (POL) 16. СТЕФАНИЈА ЃОРГИЕВСКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 17. НАТАЛИЈА ДИШКОВСКА ЖРК АТЛЕТИК 18. МАРИЈА ЈАНКУЛОВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 19. ИВА БОЖИНОВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 20. ИВА МЛАДЕНОВСКА ESBF BESANCON (FRA) 21. АНА МАРИЈА КОЛАРОВСКА ЖРК МЕТАЛУЈРГ АВТОКОМАНДА 22. МАРИЈА ГУГУЊАНОВА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 23. БОЈАНА КОЦЕВА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 24. МОНИКА БОСИЛКОВСКА ЖРК АТЛЕТИК 25. САРА МИНОВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 26. КАТЕРИНА ДАМЈАНОСКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 27. ЛЕОНА МИЛЕНКОСКА ЖРК ВАРДАР 28. МИХАЕЛА КРАЛЕВА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 29. ЈОВАНА КИПРИЈАНОСКА Szombathely Kezilabda (HUN) 30. АНДРЕА СЕДЛОСКА HC LOKOMOTIVA (CRO) 31. БОРЈАНА КОЦЕВА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 32. ЕМИЛИЈАНА РИЗОСКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 33. ТЕОДОРА ДУКОСКА ЃОРЧЕ ПЧЕТРОВ ЖРК 34. МИЛИЦА НИКОЛИЌ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 35. ИВАНА ГАКИДОВА KPR. KOBIERZYCE (POL Македонките на 16 октомври ќе одиграат натпревар против селекцијата на Германија, во Гумерсбах, а потоа следи натпреварот против селекцијата на Словенија во Битола на 19 октомври. Тагови: квалификации Грчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и ФилипчеСДС се ставија на страната на талогот предводена од Заев и Филипче, нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно.Една корекција на колегите од СДС, граѓаните не се талог на општеството, но со оглед на тоа што СДС се почувствуваа засегнати, сами се ставија на страната на талогот. Истиот тој талог составен од банда криминалци, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, кои шират дефитизам и нихилизам додека одмараат на грчките плажи со украдените пари од граѓаните. Ете тој талог ќе биде поразен и нивниот страв е стравот од одговорноста кој ќе се случи неминовно. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени Шест лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во италијанската провинција Риети, во близина на езерото Вентина, соопштија полициски извори.Според полициски извори, загинале двајца возачи на автобус и двајца патници, додека другите две жртви биле во камперот, пренесува „Кориере дела сера“. Од 30-те лица повредени во судирот, тројца се во тешка состојба. Во челниот судир меѓу кампер што се движеше кон Терни и автобус што се движеше по спротивната лента, кон Риети, учествуваа и три автомобили. Камперот вклучен во судирот беше целосно уништен, додека еден автомобил се преврте. Причината и деталите за несреќата сè уште се предмет на истрага.Тагови: сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотитеГрчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција. Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела. ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата. Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот. 🔴 Two Bell 214ST firefighting helicopters collided mid-air while battling a major forest fire in the Psatha area, west of Athens, Greece, triggering a search and rescue operation. ✈️ Aircraft involved: One helicopter was Bell 214ST N511EV (serial 28105, built in 1982), while… pic.twitter.com/Jwd3qpLAfj — FL360aero (@fl360aero) August 2, 2026 Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина. Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба. Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook