Грав тетовец сè помалку може да се најде во Тетово - Канал 5

Грав тетовец сè помалку може да се најде во Тетово

Секоја година сè помалку може да се најде грав тетовец во автохтоното тетовско подрачје, бидејќи земјоделците немаат род од оваа култура. 

Грав тетовец сè помалку може да се најде во Тетово

Како причини ги наведуваат високите температури поради кои нема принос на тетовските ниви, а воедно како неуспешна ја оценуваат борбата со штетните инсекти кои го напаѓаат плодот.

Благоја Котески од тетовското село Доброште е меѓу оние што веќе неколку години не одгледуваат грав. Се одлучил на тој чекор бидејќи драстично бил намален родот на оваа култура.

– Се откажуваат луѓето, гравот е „оболен" веќе. Не раѓа воопшто веќе. Завчера зборев со жилчани, кои работат грав. Водата им е блиску, нема вика, семето го нема што сме го посеале. Јас до пред три години и пол години имав една нива од три и пол декари. Просек на декар било од 80 до 120 килограми. Максимално имало и до 150 килограми. Сум можел да најдам и до 300/400 килограми. Меѓутоа, за жал, сега климатските услови и особено високите температури, кои се несоодветни за гравот и пченката и за многу други земјоделски култури, придонесуваат тие да не бидуваат, објаснува искусниот земјоделец.

Тој вели дека не помага ниту поинтензивното наводнување.

– Ние ги наводнуваме, коренот добива вода така како што треба, ама одозгора над земјата, на овие високи температури над 40 степени, одозгора надолу нема никаква влага и гравот се суши. Може и да не се суши, ја гледаш мешунката бела по боја и добра на изглед, но кога се отвора внатре грав нема. Тоа значи дека не се ни раѓа или, пак, се суши зрното грав. Или, пак, може да има некои мали зрнца со големина како песок. Чаре за ова нема. Сме пробале да прскаме со разни лекови за уништување разни мушички. Имало пример некои бубачки, инсекти, сме пробале со разни прскања со земјоделски лекови што се прскаат разни култури, за уништување мушички, но немало ефект, вели Благоја.

Котески потенцира дека земјоделците кои во Тетовско гравот го засадуваат заедно со пченката се откажуваат и од оваа култура.

– Така што ако пченка посадиш и не најдеш грав, ако пченката не е за сточна исхрана, џабе е нејзиното садење. Инаку, само пченка да се сади нема сметка за тоа. Осумдесет отсто од населението во Доброште не сади ни пченка, ни грав. Воопшто, сè повеќе ги нема земјоделците, младите не сакаат да работат. Полето овде во тетовско Доброште има над 1000 хектари плодно обработливо земјиште, а од нив само 50 хектари сега се обработува. Другото е само ливади, лонџа, трња, зараснато и пусто, нема ништо, а порано сме живееле од тоа, се потсетува 72-годишниот човек од Доброште.

Нашиот соговорник има три сина, но само едниот му помага во земјоделските работи. Другите двајца не живеат во Доброште. Тоа што младите лица не работат земјоделство, според соговорникот, е една од причините за девастација на оваа дејност. Затоа работите се менуваат.

– Пред три и пол години кога видовме дека нема веќе добар род од гравот, започнавме со одгледување лешници. Порентабилно е. Што и да излезе помалку има работа и така повеќе ќе извадам со лешникот отколку со гравот и пченката. Пченката најмалку пет треба да се вади, два пати да се копа, да се прска, многу работа. И гравот да го прскаш. Ако грав нема во пченка да набереш да продадеш, да го извадиш трошокот од пченката, од орање, од вадење, џабе е пченката, десет до 12 денари е килограм пченка. Лешникот каде каде помалку работа, со една бразда, со вода од планина што тече, не ми треба ни систем капка по капка, сè е природно, вода од планина, многу сум задоволен, од 4-5 години треба да има и род за продавање. Со лешникот нема толку работа, трошоци, а и нема кој да работи. Младите побегнаа, од трите сина само едниот е во село со куќа, ама никој не работи земјоделство, раскажува Благоја Котески.

Тој сега нема грав ниту за него дома. Принуден е да набави во продавница.

– Немам ништо грав, купувам. Цело село, не само јас, и тие што посадиле немаат, па купуваат од продавници увозен. На пазар не можеш да најдеш. По пријатели сум прашувал нема во ниедно село грав доволно, вели Благоја.

И на тетовскиот пазар овој период кога завршува бербата на гравот тешко се наоѓа оваа култура. Таму каде што има се продава и за повеќе од 300 денари од новата реколта, додека ланскиот може да се купи и за 150 денари.

Стручните лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, подрачна единица Тетово, објаснуваат дека во време на цветањето, доколку се појават високи температури и слаба релативна влажност, доаѓа до отфрлање на цветот и последица да не врзе, односно да не плодоноси гравот. Исто така потенцираат дека во тој дел од процесот на одгледување на гравот, земјоделците немаат можност директно да влијаат, туку зависат од временските пригоди.

И стручните лица и производителите велат дека површините се намалуваат и поради немањето организиран откуп на гравот, како на пример, со праските. Земјоделците претежно гравот го продаваат на зелените пазари, а само ретки одгледувачи успеваат да пласираат поголемо производство во странство.

Гравот се сее кон крајот на април и почетокот на мај, а се бере почнувајќи од последните денови на август, но и во текот на септември.

Гравот тетовец е препознатлив дека по варењето ја задржува компактноста, па лушпата малку се одделува од зрното. Заштитен е во Државниот завод за индустриска сопственост со неговото географско потекло и карактеристики./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирина Шајк како ѓаволица на Ноќта на вештерките- сите се воодушевени (ФОТО)

Манекенката Ирина Шајк (40) избра смел костим за овогодинешната Ноќ на вештерките, кој привлече големо внимание на социјалните мрежи. 

Ирина Шајк како ѓаволица на Ноќта на вештерките- сите се воодушевени (ФОТО)

Таа носеше тесен црвен комбинезон од сјаен материјал, а комбинацијата ја надополни со високи потпетици и ѓаволски рогови.

На фотографиите што ги сподели на Инстаграм, таа позира во комбинезон со долги ракави и висока јака што ја нагласува нејзината фигура. „Ангел претворен во ѓавол“, напиша таа покрај објавата, која собра повеќе од 163.000 лајкови.

Меѓу бројните реакции, се издвоија коментарите на познати лица од светот на модата. Дизајнерот Рикардо Тиши остави емотикони во форма на црно срце, додека моделот Даниела Понтес рече: „Воау“.

Црвен комбинезон и впечатлива шминка

Покрај самиот костим, вниманието го привлече и нејзиниот изглед. Таа ја стилизираше црната коса во бујни локни што паѓаа преку рамената, додека челото ѝ беше украсено со внимателно стилизирани бранови коса. На главата носеше црвени рогови што дополнително ја нагласуваа целата комбинација.

Шминката беше подеднакво импресивна. Таа ги нагласи очите со смело црно мастило и светкава сенка за очи, а на усните стави темноцрвен кармин со сјаен финиш. Исто така, избра црвен маникир што одговара на костимот, чиј сјаен материјал беше особено видлив на фотографиите направени со блиц.

По модната писта, Ноќта на вештерките со семејството

Фотографиите пристигнаа кратко по нејзиното враќање на модната ревија на „Викторијас сикрет“, одржана на 18 октомври во Лос Анџелес. Во интервју за ¡HOLA! зад сцената, таа зборуваше за самодовербата и предизвиците што ги носи таа. „Мислам дека е многу тешко да се има самодоверба денес“, рече таа.

Покрај тоа што го покажа својот гламурозен костим, Ирина дел од Ноќта на вештерките го помина и со своето семејство. Со нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер, и нивната ќерка Леа, таа посети куќи и собираше слатки во Њујорк.

„40-тите години се новото најдобро време за жените“

Ирина го прослави својот 40-ти роденден во јануари, а во неодамнешното интервју за „Вог Арабија“ зборуваше за стареењето, убавината и прифаќањето на телото. „Луѓето треба да се опуштат бидејќи четириесеттите години се новото најдобро време за жените. Тоа е нов почеток“, рече таа.

Таа, исто така, се осврна на нереалните очекувања што ги следат жените во модната индустрија. Таа нагласи дека професионалните фотографии не мора нужно да покажуваат како изгледа во секојдневниот живот и отворено зборуваше за брчките и целулитот.

Таа, исто така, призна дека научила повеќе да го прифаќа своето тело со текот на годините, по долг период во кој се чувствувала притисната да се вклопи во одредени стандарди за убавина. Денес, таа се обидува да најде време за себе и покрај деловните обврски и грижата за својата ќерка. Меѓу навиките што станаа дел од нејзината рутина, таа ги издвои здравата исхрана и посетите на руската сауна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите

Пратеничката Славјанка Петровска упати критики до Владата поради предлогот за укинување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, оценувајќи дека со образложението за ваквиот потег се доведува во прашање способноста на безбедносните институции. Таа порача дека, доколку власта остане доследна на наведените оценки, треба да следат оставки од министерот за внатрешни работи и од директорите на разузнавачките агенции.

На расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Петровска го оспори пристапот со кој утврдените недоследности се решаваат со укинување на законот, наместо со нивно отстранување.

„Не постои во нашата поблиска и подалечна историја која било влада што ќе даде карактеристика за безбедносно-разузнавачките служби дека се неспособни. Ако сакате да бидете доследни на она што сте го напишале, очекувам откако ќе се усвои законот да следат и оставки на оние што се одговорни во МВР, директорите на АНБ и Агенцијата за разузнавање и надлежните институции“, рече Петровска.

Таа посочи дека надлежните имале една година да ги коригираат констатираните недоследности, но наместо тоа сега предлагаат престанување на важењето на законот.

Според Петровска, укинувањето на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница претставува сериозен безбедносен проблем, особено во услови кога соработката меѓу институциите е клучна за одговор на глобалните предизвици.

„Дали ова значи дека безбедносните институции немаат капацитет да одговорат на глобалните предизвици?“, праша таа.

Дополнителна загриженост, според неа, предизвикува тоа што укинувањето на законот се предлага во период кога Владата најавува обединување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Петровска оцени дека евентуалното спојување на службите не треба да започне со отстранување на постојните механизми за координација, без претходно да се понуди јасна слика за идната институционална поставеност и начинот на кој ќе се обезбеди нивната соработка, се наведува во соопштението на Петровска. .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечер

Во рамки на посетите на урбаните и месните заедници, вечерва остваривме средби со жителите на локациите Киро Крстев, Браќа Џунови, Страшо Пинџур 1 и Страшо Пинџур 2.

Јанчев: Разговорите со граѓаните продолжуваат и оваа вечер

Преку непосредна комуникација, размена на мислења и конкретни предлози, ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите за Програмата за работа за 2027 година.

Продолжуваме да бидеме на терен, таму каде што се создаваат најдобрите решенија – во директен разговор со граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер