Гранеруд „леташе“ во Оберстдорф! - Канал 5

Гранеруд „леташе“ во Оберстдорф!

Норвешкиот ски скокач Халвор Егнер Гранеруд  триумфираше на првата станица од годинешната турнеја „Четири скокалници“ одржана во зимскиот центар Оберстдорф. 

Гранеруд „леташе“ во Оберстдорф!

Норвешкиот летач Халвор Егнер Гранеруд со одличните скокови во двете серии од 142,5 метри и 139 метри долета до првото место на сколаницата во германскиот Оберстдорф. На победничкиот подиум се искачија и полските ски скокачи Пјотр Жила - Давид Кубачки.

Гранеруд беше најдобар и во квалификациите кога прескокна 133,5 метри.

Новогодишната турнеја четири скокалници продолжува во сабота во Гармишпартенкирхен кога се на прогламата квалификациите за втората станица на турнејата.

На првиот ден од 2023 година во Гармишпартенкирхен најдобрите светски скокачи ќе летаат по нова победа на „Четири ски скокалници“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици

Момчето кое прегази жена во Капиштец во јануари годинава и пребега во Србија, веќе е екстрадиран во земјава и му е одреден притвор во Затворот Скопје.. 

Во Шутка е екстрадираниот 19-годишник, осомничен за сообраќајката во Капиштец со смртни последици

Во истражниот затвор во Шутка синоќа е спроведен 19 годишниот Саит Саитов кој на почетокот на јануари годинава со автомобил прегази повозрасна жена во скопски Капиштец и побегна надвор од државата. За него беше објавена потерница а еден месец подоцна беше уапсен во Белград по што Министерството за правда побара негова екстрадиција.

„На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка. Саитов беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за кривичноправен настан што се случил во Скопје на 9.1.2026 година.“,велат од МВР.

Со неговото обезбедување Јавното обвинителство ја продолжува истрагата а неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ во разговор за Канал 5 потврди дека ќе го посети во притворското одделение по што со јавниот обвинител ќе биде утврдена динамиката на постапување.

За бегството во Србија на Саитов неколку часа откако ја предизвика сообраќајката му помогнале две лица, мажи жена, негови роднини. Додека траел увидот на местото, тие со автомобил го зеле од домот заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ја напуштиле земјава, а откако ги оставиле во Србија помагачите се вратиле назад. Обвинителството против нив набргу поднесе обвинение за помагање на сторител по извршено кривично дело. И двајцата во март се осудени на затворски казни, Аднан Јакупи на 3 и пол години а неговата сопруга Перихан Шериф на 1 година и 8 месеци затвор. Но според нивниот адвокат Звонко Давидовиќ спорно е што воопшто е донесена пресуда пред да му се суди на сторителот на кој според обвинението му помогнале.

„Значи постапката за сторителот на кривичното дело кое го пишува во диспозитивот на пресудата, Саит Саитов, за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош на лице поввредено во сообраќајна незгода, се уште не е подигнато обвинение а не да има правосилна кривична пресуда. За да постои сторител на кривично дело мора да биде осуден со правосилна кривична пресуда и тоа го предвидува не само КЗ туку ова го предвидува и Уставот на РМ. Вие не може однапред да судите некого кој помогнал на сторител а го немате сторителот, бидејќи немате правосилна пресуда.“

Пресудата за помагачите во бегството на Саитов е обжалена и по основ на невоедначена судска пракса во однос на казните. Според Давидовиќ, изрекувани се пониски казни за директни сторители на сообраќајки со смртни последици за разлика од овие изречени на двајцата помагачи во бегството на Саитов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: До 30 јуни ќе бидат на седница сите закони од реформската агенда

До крајот на месецот сите закони од реформската агенда кои ќе стигнат до Собранието ќе бидат ставени на седница, најави собранискиот спикет Африм Гаши. 

Гаши: До 30 јуни ќе бидат на седница сите закони од реформската агенда

Пред пратениците наскоро ќе се најде и списокот на премиерот Мицкоски за реконструкција на Владата, кој се уште е во фаза на преговори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор

Жестока  полемика  на Филипче и Мицкоски на пратеничките прашања, за тоа кој не ги исполнил ветувањата, а од што граѓаните се разочарани..  

Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче во отворен вербален судир на денешната седница за пратенички прашања. Филипче упати критики до Мицкоски дека резултатот од неговото двегодишното владеење е како што изјави, „голема нула“, без ниту едно исполнето ветување. Ветивте мед и млеко, а наместо напредок, граѓаните добија поскап живот, ниски плати, задолжена и изолирана држава , изјави Филипче, а секој трет човек според него планира да ја напушти Македонија заради лошата состојба. - Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, му одговори премиерот Мицкоски. Според него власта напорно работи за подобар животен стандард на граѓаните, а резултатите на негова Влада се многу подобри од времето на СДСМ.

-Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор. Е затоа се разочарани луѓето кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла. Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот, изјави Мицкоски.

-Ако бројките се така добри, ошто нема раст на платите во образование, социјала, здравстството? Вистината е дека сме презадолжени, парите одат за партиски тендери, а граѓаните немаат никаков бенефит од тоа како ја водите економисјата. Со вас Христијан Мицкоски ние сме на губитничката страна. И сега и на историјата. И ќе останеме заглавени и слепо црево во ЕУ и во светот, изложени нна странски влијанија на трети земји и ќе биде под ризик иднината на земјата и младите кои живеат тука. А за оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плажите да ги сликаат голи на плажа, јас веќе не можам да ја разберам, очигледно е во сферата на некоја психологија, изјави Филипче.

YouTube video

Меѓу прашањата за политка и економија, на собраниската говорница место најде и една од напрестижните културни манифестации Струшките вечери на поезијата, откако од ДУИ се заинтересираа зошто промотивните материјали за фестивалот не биле и на албански јазик. Министерот за култура Љутков им одговори да престанат да се гледаат самите како бројки и проценти и наместо да собираат политички поени, на оваа манифестација да гледаат како престиж за сите во државата во светски рамки.

Во фокусот на пратеничките прашања до власта беа и цените во маркетите, проектот Чебрен Галиште, капиталните инвестиции и плановите на власта за екононски напредок. На обвинувањата од опозицијата дека Македонија е пред банкрот, Мицкоски изјави дека ширењето на ваквата теза од опозицијата придонесува во намерите од соседна држава, како што рече, која се обидува во ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за да ја доведе до банкрот за власта да клекне и да го исполни барањето кое се очекува, но повтори дека Владата ќе биде трпелива и ќе работи на домашните реформи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер