Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
2Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
3Отпадна од Мундијалот, па за милион долари си изнајми јахта со девојка за „жежок“ танц- Бразилците бесни (ФОТО)
КултураГрандиозниот проект „Големиот Чајковски“ ќе го отвори годинешното 61-во „Охридско лето“Националната опера и Балет на Македонија свечено ќе го отвори 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид со проектот „Големиот Чајковски“.Спектакуларниот проект ќе ја донесе балетската трилогија со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски, „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. На сцената на Античкиот театар ќе излезат над 90 уметници, балетски првенци, солисти, како и ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Најавувајќи ја годинешната фестивалска програма, директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, рече дека годинава, и покрај тоа што сѐ уште трае здравствената криза, фестивалот ќе се одржува во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август. -Ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји, Србија, Холандија, Словенија, Русија, Бугарија Косово, Германија, Хрватска, Турција, Франција, Италија, Чешка, Романија, Грција, Црна Гора, Белгија и САД како и уметници од Македонија. Што се однесува до уметничката програма, можам да најавам врвни концерти со познати светски имиња но приоритет им дадовме на нашите македонски уметници кои имаат светска слава, нашите национални оркестри и театарски куќи. Врвни домашни изведувачи ќе настапат со светски познати имиња во прекрасната Света Софија. Нивниот спој уште еднаш ќе го потврди Фестивалот „Охридско лето“ како е еден од најголемите промотори и афирматори на врвната уметност. И љубителите на театарот годинава ќе имаат прилика да уживаат во квалитетни театарски креации од земјава и надвор од неа, истакна Поповиќ. Директорката на оваа национална установа додаде дека и годинава, програмата ќе се реализира според строго утврдените заштитни мерки по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство на Македонија, но како што рече, тимот на „Охридско лето“ е поискусен и повеќе подготвен за уште едно издание, и овојпат во пандемиски услови. -Во време кога сите обединети се справуваме со пандемијата, во време кога здравствените работници се нашите херои, одлучивме концертот „Танец и Ладо под ѕвездите“ на Н.У. Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, Македонија и Ансамбл на народни хрватски игри и песни ЛАДО, Хрватска кој е на програмата на 28 јули на Античкиот театар, да биде од хуманитарен карактер. Средствата од влезниците ќе бидат донирани во здравството. Со тоа ќе покажеме дека сите сме заедно, сплотени, во борбата со коронавирусот но и ќе оддадеме благодарност за сѐ она што го прават медицинските лица, соопшти Поповиќ. Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ , Даница Стојанова, најави дека музичката програма годинава ќе донесе 34 концерти со врвни уметници од кои два ќе се одржат во рамките на офф-програмата. -Ги поканив најдобрите и најхрабрите кои ќе допатуваат од повеќе страни на светот, со една единствена мисија, за спас на уметноста и културата и нејзино славење во ова чудно време,во градот каде за секој ден има по една црква, каде сонцето гали а езерото тихува, во Охрид градот на светлината и уметноста. Концертите ќе бидат реализирани во Античкиот театар, во црквата Св. Софија и Долни Сарај, рече Стојанова. Селекторката на музичката програма нагласи дека Програмата за 61-то издание беше подготвена и предадена во Министерството за култура уште во септември минатата година, и како што појасни, речиси немаше никакви измени. -Досега ниеден од уметниците не се откажа и сѐ тече во најдобар ред,сите со нетрпение чекаат да дојдат и да настапат во храмот со боженствена енергија и сила црквата Св. Софија. Ќе чуеме врвни имиња како Александар Штаркман, Ѓуљсин Онај, Вихан квартет, Ирина Графенауер, Мате Бекавац Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович,Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл Театро ала мода, Горѓи Цинциевски , Саимир Пиргу и Мерита Таршана,гудачки квинтет на филхармонијата од Загреб на чиј концерт ќе настапи нашиот млад виолинист Александар Иванов, Калина Мрмевска, Надја Неволовиќ, женскиот хор под раководство на диригентот Ивица Зориќ Менада, мешаниот хор на филхармонијата од Приштина, Елоизе Карлин,Барокни дијалози со камерниот ансамбл на Македонска филхармонија, Алесандро Фатони и Џорџо Мартану,Петру Иуга и Михаил Хориа, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, Лирска вечер со фестивалски камерен оркестар и вокални солисти под диригентската палка на Паскал Галоа,Захариас Тарпагос и Валерија Харитиду , дуото гитари Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ, Владимир Марковиќ и Јулијана Шуловиќ,Драган Средојевиќ и Ненад Ивовиќ, рече Стојанова. Таа најави дека во слободната програма ќе има два одлични проекти, ЗЗ квартет и Балкански танцов проект „ Сви марш на плес“ со кореографија на Игор Киров , а за роденденот на фестивалот ќе настапат извонредните уметници од групата „Синтезис“. Годинава на „Охридско лето“ ќе се одбележат и 35 години од постоењето на камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар“ на МММ со солист Богдана Бушевска и диригент Борјан Цанев. Драмската програма на фестивалот, годинава ќе донесе над сто театарски работници кои ќе понудат квалитетна и атрактивна програма, најави селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Александар Поповски. -Оваа година програмата е составена од она што домашната продукција успеа да го создаде во овие специфични услови во кои мораа да работат тетарите како и од двете најголеми театарски куќи од Србија, Српско народно позориште од Нови Сад и Југословенско Драмско Позориште од Белград. Сосема сум свесен за ситуацијата во која се наоѓаме и за разликата помеѓу желбите и она што е реалност. Сметам дека треба да го славиме секој изговорен збор од сцените, секој гест, ској аплауз. Мислам дека ако нешто можеме да научиме од оваа ситуација е тоа колку многу е важно она кое го работиме и колку силно мораме да го чуваме она што го нарекуваме театар, изјави Поповски. -Започнуваме со домаќинот, Охридскиот театар, кој со својата претстава „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко во режија на Љупчо Ѓоргиевски, ќе се претстави пред публиката во нивната матична куќа.Според Кориолан на Вилијам Шекспир, Битолскиот театар ни доаѓа со театарската претстава „History of Mother Fuckers“ во режија на Андраш Урбан, која ќе се игра на сцената на Долни Сарај. Српскиот народен театар од Нови Сад, оваа година ќе се претстави надвор од вообичаените класични рамки, еден спој на современото и подзаборавеното, една убава животна драма, за рок ѕвездата Џенис Џоплин, приказна напишана од Тијана Грумиќ во режија на Соња Петровиќ. Театарот комедија, оваа година ќе ни гостува со „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска а како свое катче, го одбраа дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“.Повторно маестралната претстава на Марјан Неќак кој театарскиот свет го знае како режисер со силна тупаница, современо уметничко кредо, уметник чии претстави се полни со страст, емоции и енормна енергија со актерите од Македонскиот народен театар ќе ја претстави „Само глас“ од Нина Плавањац, една невообичаено уникатна, комуникациска современа музичка драма .Се разбира дека Охридско лето, мораше на својата верна пубилика да им ја подари сензацијата на Југословенскиот драмски театар со претставата „На отворено море“ од Бранислав Нушиќ во режија на Егон Савин, со што ќе ја завршиме драмската приказна и ќе го затвориме 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ , соопшти Поповски. Во рамките на офф-драмската програма, на трети август е предвидено да настапи познатиот српски актер Иван Босиљчиќ кој ќе рецитира одбрани дела, а ќе долови и стихови од великанот на македонската култура Блаже Конески токму во годината која е прогласена за „Година на Конески“. На денешната прес-конференција, директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ изрази огромна благодарност до покровителот на фестивалот, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, до Владата, до Министерството за култура, до генералниот спонзор Македонски телеком, до Општина Охрид и до сите спонзори и помагатели кои несебично го помагаат фестивалот, а со тоа и развојот на културата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНаскоро пристигнува филм за Новак Ѓоковиќ, се огласи и Бекер (ВИДЕО)Можат ли сите достигнувања на Новак Ѓоковиќ да се вклопат во само неколку минути, часови, епизоди? Никако! Но, фановите ширум светот ќе можат да видат како изгледал патот до славата на најдобриот тенисер на сите времиња, кој ја стави Србија на светската мапа и ѝ донесе на нашата нација многу радости. Филмот „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“ доаѓа наскоро, а трејлерот за документарецот е објавен. Се очекува дека ќе можеме да го видиме патувањето на Ѓоковиќ од момче „под бомби“ и санкции до најголем во историјата. Документарецот ќе биде достапен од 20 август, кога целиот свет ќе има можност да чуе и да види како се станува вистински шампион. Поранешниот тренер на Новак, познатиот тенисер Борис Бекер, исто така одговори, и накратко коментираше на најавата за филмот: - Едвај чекам да го гледам „ The Wolf in Winter“ - рече Бекер. Can‘t wait to watch it ! „The Wolf in winter „ https://t.co/UlmHt08TnJ — Boris Becker (@TheBorisBecker) July 14, 2026 Тагови: Борис Бекер Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧетиринаесет годишник во Лондон е обвинет за тероризам- планирал напади на џамииЧетиринаесетгодишно момче е обвинето за тероризам под сомнение за планирање напади врз две лондонски џамии.Тинејџерот, кој е приведен минатиот четврток, 9 јули, во јужен Лондон, првично беше уапсен под сомнение за оштетување на возило, но по претресот полицијата пронајде „голем број загрижувачки документи“. Затоа беше повторно уапсен според Законот за тероризам под сомнение за врски со крајно десничарски тероризам, пишува Скај њуз. Момчето, чиј идентитет не може да се открие поради неговата возраст, сега е обвинето за планирање терористички напади во областа Сатон во јужен Лондон. Тој е обвинет и за кривично дело оштетување на имот што било „расно мотивирано“. Полицијата објави дека обвинението за тероризам се однесува на план за напад врз две џамии во областа Сатон. „Полицијата контактирала со џамиите, а специјализирани службеници им даваат постојани совети и поддршка. Исто така, сме во контакт со жртвата чие возило беше оштетено“, се наведува во соопштението за медиумите. Портпаролот на полицијата додаде дека не се верува дека постои трајна или поширока закана поврзана со овој случај и дека не се бараат други лица како дел од истрагата. „Загрижувачки е да се види некој толку млад обвинет за вакви злосторства“ „Ова е многу сериозно обвинение за тероризам против младо момче и веројатно ќе биде од голема загриженост за јавноста и локалната заедница“, рече Хелен Фланаган, началник на полицијата за борба против тероризмот во Лондон. „Знаеме дека ова ќе биде од особена загриженост за муслиманската заедница. Тесно соработуваме со засегнатите имоти за да се осигураме дека ќе ги добијат сите информации и совети, поддршка и уверување што им се потребни, и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Фланаган. „Иако е длабоко вознемирувачки да се види дека некој толку млад е обвинет за вакви злосторства, за жал гледаме зголемен број деца и млади луѓе во нашите случаи“, додаде таа. Малолетникот е приведен во притвор и утре треба да се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер.Тагови: Лондон џамии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц им се обрати на гласачите на АфД пред важните избори: Не им верувајте на социјалните мрежиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика поддржувачите на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) да ја оценуваат неговата влада според тоа што го прави, пред изборите во септември.Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика поддржувачите на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) да ја оценуваат неговата влада според тоа што го прави, пред изборите во септември, кои би можеле да ја доведат AфД на регионална власт за прв пат. „Исто така, им се обраќам на гласачите на AfD и им велам внимателно да разгледаат“, рече Мерц на прес-конференција, повикувајќи ги гласачите да бараат информации и надвор од социјалните медиуми. „Се обидуваме да ја зачуваме слободата и мирот на оваа земја. Се обидуваме да ја подобриме и економската состојба.“ AfD би можела да ја преземе власта за прв пат Во расцепканиот домашен политички пејзаж, конзервативците на Мерц заостануваат зад AfD на националните анкети и се соочуваат со можноста AfD да освои мнозинство во септември и евентуално да ја преземе власта во источната покраина Саксонија-Анхалт. На 90-минутната прес-конференција во Берлин, Мерц ги пофали резултатите на неговата влада во спроведувањето реформи насочени кон зголемување на растот во најголемата економија во Европа, но постојано се соочуваше со прашања за AfD. „Она што го правиме денес, го правиме за нашата земја, а пред сè го правиме за да им дадеме можност на нашите деца и внуци да живеат исто толку добро, слободно и мирно како што имавме голема привилегија да живееме во Германија во текот на изминатите 70, 75 или 80 години“, рече тој. Мерц повтори дека неговата партија нема да го пробие таканаречениот „заштитен ѕид“ - табуто за коалиции или соработка на главните партии со АфД.Тагови: АфД Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook