КултураГран при за Женскиот младински хор на маестро Сашо Татарчевски во Херцег НовиПод водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава, Женскиот младински хор (ЖМХ) се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари.Како што информираат од МКЦ по освоената Гран При награда во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора. На фестивалот настапувале 29 хорови од повеќе европски земји од кои 24 учествувале во натпреварувачкиот дел. Нашиот хор се претставил на три фестивалски сцени, црквата Св. Јероним, салата „Парк“ како и на сцената „Под градскиот саат“ и на сите настапи предизвика овации кај публиката и останатите хорови учесници. Освен првата награда за хорот, маестро Сашо Татарчевски ја доби и специјалната награда од Жирито за најдобар диригент на фестивалот. -Женскиот младински хор при МКЦ и во својата 53-та година од постоењето го потврди својот статус на континуирано квалитетен и највреден бренд на Младинскиот културен центар во Скопје, како и македонски културен амбасадор на меѓународната сцена. Ваквите врвни резултати се возможни само доколку се има институционална поддршка, односно, во случајот на Женскиот младински хор при МКЦ, колку поголема поддршка, толку побројни врвни резултати. Во оваа 2025 година редовната работа на ЖМХ, настапите низ нашата земја како и дел од претставувањата во странство ги поддржаа Министерството за култура и туризам и градот Скопје, наведуваат од МКЦ. Тагови: Гран при Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Европскиот пат останува наш стратешки избор, но процесот мора да биде кредибилен Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија порача дека Владата останува целосно посветена на европската интеграција.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија порача дека Владата останува целосно посветена на европската интеграција, но дека процесот на проширување мора да биде кредибилен, предвидлив и заснован на објективни критериуми, а не на билатерални условувања. Осврнувајќи се на процесот на пристапување кон Европската Унија, Муцунски истакна дека објективната реалност е дека државата по прашањето на отворањето на преговорите не стои во место четири, туку петнаесет години, потсетувајќи дека Европската комисија уште во 2011 година оценила дека државата ги исполнува условите за почеток на пристапните преговори. „Нашата цел не е само да ги отпочнеме преговорите, туку тие да бидат успешни и во разумен рок да завршат со полноправно членство. Затоа сме должни да спречиме создавање нови пречки и нови билатерални условувања уште на самиот почеток на процесот“, истакна Муцунски. Тој нагласи дека отворањето на преговорите не зависи само од уставните измени, туку и од исполнување на сите предуслови, вклучително и усвојувањето на Акцискиот план за малцинства, оценувајќи дека во јавноста често погрешно се создава впечаток дека станува збор само за едно прашање. Во однос на економските придобивки, министерот посочи дека земјите кои веќе преговараат со Европската Унија во моментов немаат пристап до дополнителни европски фондови во однос на земјите кои сè уште не ги започнале преговорите. Како што нагласи, Планот за раст е достапен за сите шест држави од Западен Балкан, а клучното прашање не е формалниот статус на преговорите, туку капацитетот и успешноста во спроведувањето на реформите и искористувањето на расположливите средства. Осврнувајќи се на реформскиот процес, Муцунски истакна дека Владата во изминатиот период значително ја засилила динамиката на спроведување на реформите поврзани со европската интеграција, особено преку исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Планот за раст. Тој оцени дека ниту една држава не може да тврди дека реформскиот процес е завршен, но дека извештаите на европските институции покажуваат напредок во повеќе клучни области, меѓу кои реформата на јавната администрација, владеењето на правото, енергетиката и образованието. „Средствата што државата ги добива преку Планот за раст се најдобра потврда дека реформите се препознаени. Тие средства се условени со исполнување на конкретни реформски чекори и не би биле ставени на располагање доколку тие резултати изостануваа“, нагласи Муцунски. Во делот на надворешната политика, министерот посочи дека ова останува највисоко оценетата област во извештаите на Европската комисија, што, според него, претставува признание за јасната стратешка ориентација на државата. Тој потсети дека државата останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, оценувајќи дека оваа усогласеност не претставува само формално исполнување на обврските, туку јасен израз на припадност кон европските вредности. „Нашата усогласеност со европската надворешна политика не се сведува само на санкции или рестриктивни мерки. Таа претставува определба за заеднички вредности, заедничка безбедност и јасна геополитичка ориентација“, истакна Муцунски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
ЕвропаТуристка загина, нуркач исчезна кога се урна гребен во француското летувалиште Бијариц (ВИДЕО)Туристка загина откако се сруши дел од карпа во француското одморалиште Бијариц, додека маж кој нуркал е исчезнат.Телото на жената беше пронајдено од спасувачите откако голем дел од карпа се сруши во морето во близина на светилникот Бијариц во вчера навечер, објави BFM. Според првичните извештаи, тројца нуркачи биле во подножјето на карпата во времето на катастрофата, која се случила околу 20:20 часот, а туристката што била пронајдена, била една од нив. Единствениот нуркач што бил пронајден бил неповреден, но во состојба на шок, се вели во соопштението. Локалните власти соопштија дека областа била затворена „до понатамошно известување“. „Бучавата беше навистина импресивна. Беше целосно тивко, а потоа одеднаш слушнавме нешто што звучеше како гром. Потоа имаше огромен бран. Имаше многу луѓе што пливаа по (карпата) бидејќи плимата беше прекината“, рекоа очевидци.Тагови: нуркач туристка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
ЗабаваПоловина милион лајкови за пет минути: Роналдо ги воодушеви фановите со фотографија со ЏорџинаКристијано Роналдо објави нова фотографија со свршеницата Џорџина Родригез.Во описот остави само емотикон во форма на срце, а неговата објава собра половина милион лајкови за пет минути. Одлична поддршка Џорџина е голем поддржувач на фудбалерот во неговата кариера. Неодамна го следеше натпреварот помеѓу Португалија и Узбекистан на Светското првенство, кој заврши со убедлива победа од 5:0 за Португалците. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Објави фотографија на која позира покрај телевизорот, а вниманието на нејзините следбеници го привлече нејзиното објавување - носеше само дрес на португалската репрезентација со број 7, кој го носи Кристијано Роналдо со години. Роналдо ја испиша фудбалската историја на натпреварот против Узбекистан. Со голот во тој натпревар, тој стана првиот фудбалер кој постигнал гол на дури шест последователни светски првенства. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Во врска од 2017 година. Џорџина и Роналдо официјално се забавуваат од 2017 година и се верија минатото лето. Тие имаат две биолошки деца заедно, но Џорџина одгледува и три деца што Роналдо ги доби преку сурогат мајчинство. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Тагови: Кристијано Роналдо Џорџина Родригез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook