Гран при за монодрамата „Едит Пјаф" на романската актерка Дениза Абабеи - Канал 5

Гран при за монодрамата „Едит Пјаф" на романската актерка Дениза Абабеи

Актерката и режисер на монодрамата „Едит Пјаф" што ја изведе Дениза Абабеи е годинешен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран При што ја додели Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2022".

Гран при за монодрамата „Едит Пјаф" на романската актерка Дениза Абабеи

Актерката Абабеи е членка на театарот „Годо" од Букурешт, а одлуката за највисокото одличје је донесе жири комисија во која членуваа Владимир Милчин-режисер, Бедија Беговска-актерка и Сашо Димоски-драмски писател.

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Каролин Брнс Кук од Велика Британија за улогата во претставата „А јажето сè уште ѝ е врзано околу стапалата", работена според текст на Каролин Брнс Кук, во режија на Колин Ваткис, додека награда за најдобра режија беше доделена на режисерот Иван Лео Лемо за претставата „Вла Вла Влавајланд", продукција на Театар „Морузгва", Загреб, а во изведба на актерката Еција Ојданиќ.

Според востановената традиција, градоначалникот на Општина Битола ја додели наградата од публиката, која годинава ѝ припадна на монодрамата „Помеѓу" на авторот и актер Ибрахим Миари.

-Зад нас оставаме една седмица исполнета со богата театарска игра на актери од 11 земји од светот кои со 13 одиграни монодрами, говорејќи на јазикот на уметноста, успеаја да предизвикаат голем интерес кај квалитетната театарска публика. Преку сериозна и квалитетна уметничка продукција, единствениот театарски фестивал во државата од жанрот монодрама, во Битола, од година во година, создава се посилна, магична енергија на посебност, специфичност, но истовремено и голем предизвик за нова посветеност, истакна Коњановски и додаде дека за локалната самоуправа, од особена важност е да даде поддршка на квалитетот и културниот напредок за да уметноста од светот, дојде во Битола, а за Битола да се слуша и раскажува во светски рамки.

Интернационалниот фестивал на монодрама се одржа со поддршка на Министерството за култура, а свеченото доделување на наградите го проследи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Синоќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи.

Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор.

„Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ.

Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста.

Фото: Ивона Кочов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. 

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер