Гран при за КУД „Гоце Делчев-Битола“ на фестивалот „Пеце Атанасовски“ - Канал 5

Гран при за КУД „Гоце Делчев-Битола“ на фестивалот „Пеце Атанасовски“

Со доделувањето на наградите на најдобрите учесници, синоќа на Рудина кај Долнени заврши 41 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Гран при за КУД „Гоце Делчев-Битола“ на фестивалот „Пеце Атанасовски“
Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола ја понесе наградата за надобар учесник на годнашниов 41 Фестивал, соопшти синоќа фестивалското жири, во состав Захаринка Милосављевиќ, музиколог, професор д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и професор д-р Илчо Јованов од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делччев“ од Штип.

Гајдата на Пеце Атанасовски што како награда ја обезбедува општина Долнени ја доби Драган Трифуновиќ, гајдаџија од Јагодина, Србија.

Најуспешен настап на фестивалот имаше оркестарот на народни инструменти „Меден кавал“ од Прилеп.

Синоќа, на завршната вечер, фестивалот го следеше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов заедно со потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

Годинава на 41 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ имаше околу 300 учесници од Македонија и од Русија и Србија. Се одржа и семинар за изучување на македонскиот изворен мелос, како и трибина за значењето на Фестивалот во зачувувањето, негувањето и афирмацијата на изворната фолклорна традиција во Македонија и во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Босанец „летал“ со 164 км/ч на автопатот Куманово – Скопје

Вчера (10.10.2026) во 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство.

Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината.

Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права.

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров.

Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство.

На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела.

Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“.

Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“.

Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре.

Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец.

Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство.

Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер