2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураГрамофонската плоча е повторно во мода Ако имате грамофон во подрум, може да го подготвите за музика зашто плочите се враќаат на голема врата. Тоа не го кажуваат само пасионираните приврзаници на винилот и колекционерите, за кои тие никогаш не ни излегле од мода, туку го потврдува и статистиката. Продажбата расте во последните пет-шест години во светот и годинава првпат од 1986 има повеќе продадени грамофонски плочи отколку продадени цедиња. Според средногодишниот извештај кој Американската асоцијација на индустријата за снимање (RIAA-Recording Industry Association of America's) го објави овој месец, а го пренесе музичкото списание „Ролинг стоун", винилните изданија во првата половина од годинава заработиле 224,1 милиони долари со продадени 8,6 милиони примероци. Во првите шест месеци од 2019 приходите од винил пораснале за 12,9 проценти, а приходите од компакт-дискови стагнирале. Со „воскреснувањето" на плочите, тренд во светот е и реобјавување албуми на класичните рок-групи, а најпродавани се плочите на „Битлси". Преродбата на плочите веќе трета година се празнува и кај нас – в сабота (28 септември) во МКЦ од 14 до 02 часот ќе се одржи третата винил-конвенција „Skopje Vinyl Convention" на која ќе учествуваат 50-ина диџеи и 40-ина плочари, колекционери и препродавачи (дилери) од Балканот. Настанот во соработка со МКЦ го организира „Фанки фреш" – здружение на диџеите Чваре (Мартин Христовски) и Гоце (Гоце Трпков) кои никогаш не се откажале да пуштаат музика од плочи. Посебна страст им се малите 45-ки, сингл-плочи со пречник од 7 инчи. Горди се дека годинава токму тие снимија мала плоча што во земјава не се случило цели 28 години т.е. од септември 1991 кога „Ластовица" (Роберт Саздов и Владо Јаневски) ја сними „Ќути живти се" (песна и инструментална верзија). Нивната плоча е печатена во Германија, наменета е за диџеи и содржи две модифицирани верзии на песни од американски изведувачи. -Во светот има неверојатно враќање на винилот и се чека по четири-пет месеци за печатење плоча. Затоа што некаде од средината на 1980-тите не е направена нова преса за плочи. За популаризација на винилот придонесоа и евтините грамофони што во последните години се појавија на пазарот. Тоа ги сврти многу луѓе, зашто грамофон, игла и целата опрема да се купи беше скап спорт. Сега ги има и за 4.000 до 5.000 денари сосе звучници, ги има дури и на батерии. Но нус-појава сега е што има луѓе кои за да го искористат овој бран на винил, плочите не ги прават од винил, туку од цедиња. Се случува да купиме нова плоча, а звукот да е ужасен, вели диџеј Гоце за МИА. Мартин (диџеј Чваре) кажува дека на претходните две винил-конвенции имале доста посетители. Лани многумина, вели тој, дошле и пред планираниот почеток зашто сакале да си најдат некоја плоча пред некој друг да ја купи. -Со „ривајвалот" на плочите и хипстерството што се појави, сѐ повеќе луѓе сакаат да слушаат музика на винил и да купуваат плочи, но ги има и оние кои постојано си ја негуваа таа култура, си собираат и слушаат плочи. И диџеите почнаа пак да се враќаат на плоча. Но има и кои цел живот пуштале музика на плочи, никогаш не преминале на технологија и не би се согласиле дека се враќа во мода, зашто никогаш не ни излегла, вели Мартин. Плочата како носач на звук има свои слабости – лимитирани се во однос на фреквенции, осетливи за транспорт и чување, не може да се пуштаат во автомобил… и тоа се некои од причините што некаде од 1985 излегуваат од мејнстримот, отстапувајќи им го местото на попрактичните компакт-дискови кои давале совршен звук. Но нашите соговорници, кои никогаш не го изневериле винилот, велат дека иако имаат најнови миксери со модерни конвертори, користат најнови лаптопи – звукот од цедињата не може да се спореди со топлината и мекоста на звукот од плочите. -Кога се појави цедето како формат беше совршен звук, дигитално, попрактично, можеше да се слуша полесно во кола, за разлика од касетата која се гужва, па треба да се премотува… Беше – ова е тоа! Ама винилот е органска работа. На еден милион плочи нема две исти да се снимат од ист албум. Секоја е уникат. Некои фирми правеа и суперцедиња за аудиофилите… Но цедето го истиснаа УСБ-ињата, потоа и стриминг-сервисите. Луѓето престанаа да купуваат албуми. Сега веќе албуми не се продаваат, туку се стримуваат. Листите не се кој колку продал албуми, туку по стриминзи. Се прават плеј-листи, се гледа Јутуб… Но полека сите се враќаат на винил зашто луѓето имаат потреба од топлина и мекост на звукот, објаснува Гоце. Многу наши бендови, главно од алтернативната сцена, своите албуми непрекинато ги објавуваат на „долгосвиречки" 12-инчни винили (ЛП-плочи кои имаат 33 вртежи во минута) и ги печатат во странство, најчесто во Германија и Чешка. Податоци за сите македонски винили се содржани во „Македонска дискографија – 1958-2019, прв том" на Тошо Филиповски, во која тој евидентирал 333 винилни изданија. Тоа не е конечниот број зашто не ги опфатил во целост шлагерите и фестивалските плочи, како и класичната авторска музика. Тошо лани ја објави и сеопфатната „Македонска рок-енциклопедија 1963-2018, прв том". Архивар е на македонската музика и колекционер, кој ќе ви помогне ако барате одредена плоча меѓу големиот избор во неговата продавница (Апотека) во МКЦ. Ни кажа дека користените плочи се движат од 300 до најмногу околу 2.000 денари, а новите, „запечатени" плочи, од 800 до 2.000. Цените варираат од фактори кои, како што вели, се генерални во „бизнисот" со винили – има ретки и барани плочи и не многу интересни и правени во огромни тиражи. -Плочите се во минимум одлична состојба. Со понизок квалитет не држам во продавницата. Не претендирам да носам нови и актуелни бендови, повеќе сакам да продавам секондхенд-изданија, веројатно поради лични афинитети. Купувањето на плочите оди во нагорна линија, но не со толку драстични скокови како на светско ниво. Во најголем дел моите муштерии се луѓе во години кои страста кон винилот ја имаат уште од времето кога тој беше доминантен носач на звук. За жал, винилот слабо е прифатен од помладите слушачки генерации, иако се почесто македонските бендови, особено од алтернативната сцена, ги објавуваат своите албуми на грамофонска плоча. Тој тренд на изданија објавени на винили од година во година расте, иако зборуваме за симболични тиражи, од 100 до 500 примероци, вели Филиповски за МИА. А диџеите со кои разговараме ги преферираат малите, сингл-плочи или „синглици' како што ги викаат, затоа што сметаат дека најдобро звучат: плочите на 45 револуции (вртежи) во минута имаат најмалку компресии, а кај лонгплејките на 33, компресијата е како на мп3. Кај ЛП-те се намалени грувовите на винилот за да собере повеќе музика. За претстојната винил-конвенција Чваре и Гоце ја подготвуваат и втората сингл-плоча на која ќе се најдат нивни ремикси на две македонски песни: „Емил врати се" на „Бастион" и „Диско пар" на Зорица Поп Панкова. Диџеј Гоце вели дека е жално што богатата музичка архива во МРТ пропаѓа и не се прават реизданија како што е тренд во светот. – Големите продукции во светот веќе комплетно ја префрлија музиката во канали како што биле снимени, ги дигитализираат и архивираат. Пред 15-ина години во серија што се викаше „Македонска поп-класика" се направија два албума, на Нина Спирова и Верица Ристевска, и толку беше. Трагично е тоа, зашто секаде се дава значење на таа музика, се прават реизданија, додава тој. Двајцата не пропуштаат настани за плочи насекаде низ регионот. Така и дошле до идејата тие средби да не бидат само журка на неколку диџеи, туку винил-културата да ја подигнат на повисоко ниво. Очекуваат голем интерес в сабота и ги канат сите љубители да дојдат во МКЦ ако сакаат да купат или да разменат плочи и да слушаат музика од грамофон, на четири сцени со домашни и гостински диџеи. Винил-конвенцијата ќе биде со слободен влез, отворена за сите генерации и за различни музички вкусови./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часотГласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЕвропаПовторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. „Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник. Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД. Уапсен маж Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството. Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг. View this post on Instagram A post shared by Walk Among Heroes (@walkamongheroes) Нацистичка историја Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден. Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопНеделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 26. октомври до 2. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter