Граѓанските здруженија бараат прифаќање на амадманите за буџет во делот во здравство

Граѓанските здруженија бараат прифаќање на амадманите за буџет во делот на кратење на превенција во здравство.

Итно прифаќање на поднесените амадмани од страна на граѓанските организации за превенција за здравјето за предоложениот буџет за 2023 година каде се кратат средставата за дури седум од десет превентивни програми за здравствена заштита, бараат граѓанските организации за заштита од ХИВ, програмите за заштита на мајки и деца и програмите за рана детекција за малигни заболувања.

Од здруженијата велат Европсакта Комисија во последниот извештај дека не е оправдано кратење на превентивните програми со кои се унапредува и штити јавното здравје. Организиациите укажуваат дека кратењето во делот на имунизација и кај децата каде се објаснува за значњето на имунизацијта е причина за ниската стапка на вакцинација кај деца.

Затворен центарот на Дизелдорф?!

Центарот на градот Дизелдорф е затворен.

Центарот на Дизелдорф, каде се наоѓа божиќниот пазар, денеска е затворен, соопшти портпаролот на градската управа, но не прецизираше која е причината зошто тоа е направено.

Весникот „Билд“ пишува, повикувајќи се на полицијата, дека затворањето на стариот дел на градот и на божиќниот пазар е извршено по дојава за закана.

Весникот наведува дека пазарот бил затворен превентивно, откако бил добие телефонски повик со закана занапад со камион.

Пред нешто повеќе од седум дена, полицијата во Берлин ги затвори патиштата и ја зголеми безбедноста околу божиќниот пазар во Александарплац поради закана исто така упатена преку телефон.

Груби се сретна со американската амбасадорка Агелер

 Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави.

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес се сретна со новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави,Ангела Агелер, на која и посака успешно враќање во нашата земја во новата дипломатска мисија.

Груби и Агелер на оваа средба разговараа за потребата од уставните измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг.

Уставните измени се оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата беше проценето дека земјава нема време за губење.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Македонија, продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.

Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави.

Функционирањето на владината коалиција беше оценето како квалитативно, а Груби истакна дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.

На средбата се разговараше и за предлогот за ветинг кој треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите,како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Груби изрази благодарност за американската помош и поддршка за еднаквост, демократија и интеграција на нашата земја во последните три децении.

Русија: Три лица загинаа, а два воени авиони се оштетени во украински напад

Три лица загинаа, а два воени авиони се оштетени во украинскиот напад – соопшти руското Министерство за одбрана .

Две воздушни бази во региони далеку од руско-украинската граница биле цел на беспилотни летала, соопшти Москва.

Украински напад со беспилотно летало врз две руски воздушни бази во регионите Рјазан и Саратов резултираше со смрт на тројца воени лица и мала штета на два авиони, објави во руското Министерство за одбрана.

притисни ентер