Граѓаните се жалат на високите цени на пазарите и маркетите - Канал 5

Граѓаните се жалат на високите цени на пазарите и маркетите

Во пресрет на најголемиот христијански празник, граѓаните ги наполнија пазарите и маркетите, правејќи ги последните подготовки за велигденската трпеза.

Граѓаните се жалат на високите цени на пазарите и маркетите

Со цени помеѓу 300 и 400 денари за табла од 30 јајца, околу 500 до 700 денари за килограм јагнешко месо и со околу десетина проценти повисоки цени на зеленчукот, граѓаните велат дека иако оваа година поради поскапувањата, трпезата можеби ќе биде поскромна, сепак ќе ја испочитуваат традицијата.

- Има некои работи поскапи..Зависи кој што бара. Јајцата малку ги покачија, али традиција мора да се запази. Место да се купи две гајби една така..И јагнешко исто малце

- Има качување на цени, поскапе лебот, горивото и мора да поскапе се. Можеби поскромно ама ќе остане иста, традицијата мора да се запази.

-Па како и секогаш, има мало покачување ама тоа е свеста на продавачиве.

И самите пазарџии велат дека цените благо се зголемени, но не толку драстично за да ја попречат подготовката на традиционалната празнична трпеза. Според нив, растот на цените се должи на долгорочното намалување на земјоделското производство и миграцијата од руралните средини.

- Зголемувањето на цените е долгорочен процес кај што нашето општество, односно државата подзаборави на земјоделците, се намали производството, дали е земјоделско, дали е сточаско, дали е раноградинарско и последиците се овие сега што ги чувствуваме. Голем дел од населението од внатрешноста од Македонија, мигрираше кон Скопје и нивите останаа празни, младите не сакаат да се бават со земјоделие поради ниските и нестабилни цени на пазарот и резултатот е овој сега што го имаме. Плодовите од нашето неодговорно општество, сега ги собираме. - Николче Костоски

Производителите на јајца објаснуваат дека нивната цена најмногу зависи од односот меѓу понудата и побарувачката, но и од трошоците за суровини, особено житариците и амбалажата. Тие посочуваат дека во моментов јајцата се поевтини отколку во декември минатата година.

- Од 129 денари на рафт јајцата, за 10 јајца зборуваме, може да се најдат во декември, пред новата година и крај на 25та година, па во јануари паднаа некаде на 99 денари за 10 јајца. Сега е вратена некоја измеѓу цена од 109 денари. Така што практично кажано јајцата не се зголемени, туку се вратени на некоја пониска цена од тоа што беа и претходно.- Иван Маркоски – живинарска фарма „Фреш Фарм“

Во пресрет на празникот, од Агенцијата на храна и ветеринарство најавија засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Од таму упатија и апел до граѓаните за особена внимателност при пазарењето, да ја проверуваат трајноста на производите, како и нивното потекло.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работи

Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. 

 Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работи

Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Ова често се случува по нагло губење на тежината и може негативно да влијае на самодовербата. Еластичноста на кожата може донекаде да се зачува преку постепено слабеење, исхрана богата со клучни хранливи материи и избегнување на пушење и прекумерно изложување на сонце, пренесува Health.com.

Стратегии за одржување на еластичноста на кожата

Постепеното слабеење ѝ дава повеќе време на кожата да се прилагоди на намалувањето на масното ткиво. Важен е и тренингот за сила; градењето мускули може да го подобри изгледот на деловите каде што кожата станала опуштена.

Важна улога игра и урамнотежената исхрана која треба да вклучува доволно висококвалитени протеини протеини (од посно месо, риба и мешунки) и есенцијални масни киселини (од јаткасти плодови и семиња), но и хранливи материи што го поттикнуваат производството на колаген, како што е витаминот Ц, кој се наоѓа во цитрусните овошја, бобинките и пиперките.

На крајниот резултат влијаат возраста, генетиката, пушењето, изложувањето на сонце и времетраењето во кое кожата била растегната.

Нега на кожата по слабеење

По значително губење на тежината, кожата природно се затегнува додека се прилагодува на новиот облик на телото – процес што може да трае и до една година. Соодветната нега може да го поддржи ова закрепнување. Употребата на хидратантни средства ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Некои луѓе се одлучуваат и за додатоци во исхраната што содржат колаген или колагенски пептиди.

Разликата помеѓу опуштена кожа и масно ткиво

Понекогаш може да биде тешко да се направи разлика помеѓу вишокот кожа и преостанатите поткожни масти. Опуштената кожа претставува тенок слој што лежи врз мускулот, додека поткожните масти се подлабок и погуст слој на масно ткиво. Еден едноставен тест може да помогне во нивното разликување: ако ја фатите кожата со прстите и почувствувате дебел, сунѓерест слој, веројатно се работи за масно ткиво, а не само за вишок кожа.

Опции за затегнување на кожата

Ако и по подолг период не сте задоволни од изгледот на вашата кожа, на располагање се професионални процедури кои можат да помогнат. Во одредени случаи – на пример, кога вишокот кожа предизвикува болка или го ограничува движењето – овие процедури можат да имаат и функционална намена. Бидејќи повеќето од нив се естетски третмани, обично не се покриени со здравствено осигурување. Како и сите медицински процедури, тие носат одредени ризици за кои треба да се разговара со лекар.

Што ја одредува еластичноста на кожата?

Структурата и цврстината на кожата се обезбедени преку мрежа од колагенски и еластински влакна. При зголемување на телесната тежина, овие влакна се истегнуваат за да покријат поголема површина на телото. Ако кожата остане истегната подолг период, влакната може да се оштетат, што го отежнува враќањето на кожата во првобитната состојба по губењето на тежината. Со текот на годините, оваа мрежа природно се разградува, поради што кожата ја губи својата еластичност. Пушењето и прекумерното изложување на сонце дополнително ги оштетуваат колагенот и еластинот. Дебелината сама по себе исто така има негативно здравствено влијание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер