Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
1Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
2Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
МакедонијаГраѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредитиВкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. Вкупните кредити се зголемени за 0,9 проценти месечно и 13,5 отсто годишно. Најголем придонес има корпоративниот сектор, но раст е забележан и кај домаќинствата. Корпоративните депозити се намалени месечно, поради пад на краткорочните депозити и депозитните пари, додека долгорочните депозити во денари се зголемени. Годишно, корпоративните депозити се зголемени. -Во септември 2025 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 2 проценти, под влијание на намалените краткорочни депозити и депозитните пари, во услови на зголемување на долгорочните депозити во денари. На годишна основа е забележан раст од 12,8 отсто, во најголем дел како резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити, се наведува во соопштението на Народна банка. Кај домаќинствата, депозитите се зголемени за 1,2 проценти месечно, а годишно за 13,6 отсто, со најголем придонес од депозитните пари и долгорочните депозити во денари. Кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 1 процент и годишен од 10,8 отсто, со поизразен раст кај кредитите во денари. Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 10,2% и 16,1%, соодветно. Автомобилските кредити растат месечно за 1,3 процент, но годишно се намалени за 0,6 отсто. Кредитите одобрени преку кредитни картички се намалени за 0,3 проценти месечно и 6,7 отсто годишно. Паричната маса бележи благо намалување од 0,1 проценти на месечно ниво. Намалувањето е резултат на падот на готовите пари во оптек и краткорочните депозити, и покрај растот на долгорочните депозити и депозитните пари. На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 13,5 отсто, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, додека пак вкупните депозити во септември се зголемени за 0,3 проценти месечно, поттикнати од растот кај домаќинствата, додека корпоративниот сектор бележи пад.Тагови: кредити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи. Strzelanina na rynku głównym w Krakowie 3 osoby nie żyją #rynek #krakow #poland https://t.co/m3KjcDvsrO — mat tam (@kitrvj) November 7, 2026 Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — Sjuras (@Sjuras17514) November 7, 2026 W Krakowie ktoś strzelał do przypadkowych ludzi w centrum na rynku. 5 osób nie żyje, nie wiem ile rannych… 🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬 https://t.co/HEk2SneBV1 — Patryk 🇵🇱 (@Benchm4de) November 7, 2026 Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил. Film ze strzelaniny w krakowie #krakow #strzelanina https://t.co/allT7fJEve — jelenikon (@sbxusijf) November 7, 2026 BREAKING: Several killed and many wounded in suspected terror attacking at the main square in Krakow, Poland. A man in a black car drove across the square in black car, shooting from a rifle. https://t.co/c6uUoqR3Ar — Visegrád 24 (@visegrad24) November 7, 2026 Takie coś znalazłem co do strzelaniny w Krakowie #kraków #strzelanina https://t.co/FEbp3PjF5G — MilekER (@MilekkER) November 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОпозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата. Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама. Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани. Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози. Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите. Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата. Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија. „Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter