Граѓаните на Топаана се жалат: Живееме помеѓу дива депонија, се плашиме од можна зараза - Канал 5

Граѓаните на Топаана се жалат: Живееме помеѓу дива депонија, се плашиме од можна зараза

Граѓани на населбата Топанско Поле се жалат дека живеат меѓу дива депонија... 

Ѓубре

Општина Чаир, населба Топаана. Ова е секојдневната слика со која се будат и заспиваат жителите на улица Славеј Планина, која се наоѓа на десетина метри од главна улица во општината .

Оваа депонија не се наоѓа негде надвор од Скопје туку на десетина метри од главна улица во Чаир, во населбата Топаана. Тука луѓето со месеци мора да дишат неподнослива смрдеа

Жителите кои живеат во близина се згрозени од ваквата слика. Велат, се плашат за нивното здравје и здравјето на децата, со оглед на високите температури кои следуваат наредниот период што би значело потенцијална зараза.

Апелираат, службите да им постават контејнери за да има каде да го фрлаат ѓубрето.

Од Општина Чаир тврдат дека го чистат ѓубрето на улиците, додека пак од Град Скопје прстот го вперуваат кон несовесните граѓани.

„Општина Чаир, иако нема надлежност, по соствена иницијатива ангажира сезонски работници кои секојдневно ги чистат сите улици во нашата општина, со цел да обезбедиме почиста и попријатна средина за граѓаните.

„Претпријатието „Комунална хигиена“ континуирано извршува дополнителни активности за чистење на дивите депонии кои несовесни граѓани ги креираат околу пластичарската улица и потегот околу Америчката амбасада со исфрлање големи количини комунален и кабаст отпад.

И покрај тврдењето на надлежните дека редовно чистат состојбата на терен е повеќе од катастрофална. Такава е и сликата околу дворот на најстариот универзитет во земјава УКИМ. Автомобилските гуми и различен вид на отпад на самата патека, се потсетување колку како општество се грижиме за животната средина.

YouTube video

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. /МИА

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

притисни ентер