Граѓаните на протест на крстосницата пред ЗОО Скопје порачаа дека не се чувствуваат безбедно

На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје денеска се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста низ нашите улици е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени. 

Граѓаните на протест на крстосницата пред ЗОО Скопје порачаа дека не се чувствуваат безбедно

Тие порачаа дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност. Протестот го организираше иницијативата „Кој е следен?“ оформена по смртта на 22-годишната девојка од Неготино Фросина Кулакова која беше прегазена од страна на Васил Јованов.

Граѓаните истакнаа дека покрај полициското присуство на улиците и камерите на семафорите, потребни се соодветен јавен превоз што би ги намалил возилата во сообраќајот, подобра сигнализација, како и законски измени што ќе ја подигнат свеста на учесниците во сообраќајот.

-Безбедноста не подрзабира само полиција на улиците, и покрај тоа што моментално тоа е тоа што ни е најпотребно. Исто така, како што не подразбира и само камери на семафорите. Безбедност подразбира меѓу другото и функционален јавен превоз кој директно ја намалува потребата за коли во градовите, истакна Игор Антов од иницијативата „Кој е следен“.

Ива Петровска од „На точак“ нагласи дека проблемите треба да се решаваат, а не да се одложува нивното решавање бидејќи, како што рече, не се губат политички поени, туку животи.

-И што е сменето барем во овие 10 години? Дали коловозните ленти на „Партизанска“ се стеснети? Дали е ставен фокус на младите луѓе како целна група која непрописно вози и според светски истражувања најчесто е виновна за сообраќајните прекршоци и судири со тешки последици? Дали казните се посериозни? Дали е воведен безбеден град, системот за казнување? Или сите работи добро ги знаат оние кои треба да ги спроведат, но поради политичка волја решаваат да ги одложат до некое наредно време? До нечиј туѓ мандат, со цел да не се изгубат политички поени. А во меѓувреме не се губат поени, но се губат животи, рече Петровска.

Според Крсто Минговски, претседател на „Еуромобилност“, немањето на јавен превоз предизвика секоја куќа кај нас да има по два - три автомобили.

-Нормално е тоа детето на 16-17 години да направи глупост со тој автомобил. Едноставно, културата сообраќајната култура во моментот ја нема, рече Минговски.

Фросина Кулакова на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје. Според Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, возачот Васил Јованов е обвинет дека кривичното дело го сторил со умисла. Согласно оваа квалификација на делото, сторителот според Кривичниот законик може да добие затворска казна од четири до 20 години. Тој се товари дека на 29 јануари, поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегазил Кулакова која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лента на бул. „Партизански Одреди“. За него и претходно имало кривични пријави./МИА

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела.

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела за нафта и гас, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА.

Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе тековниот спор околу миграцијата, тврдејќи дека венецуелската влада намерно испраќала криминалци и членови на картели во САД.

Американскиот претседател, исто така, ја обвини владата во Каракас дека е непријателски настроена кон САД.

Трамп најави дека на 2 април ќе објави поширок сет на трговски мерки, кои ги нарече „Ден на ослободувањето“.

Покрај царините за трговските партнери на Венецуела, републиканскиот претседател планира да воведе и реципрочни царини, со кои ќе бидат опфатени земјите што вовеле тарифи на американски производи. Овие мерки би можеле да влијаат и врз Европската Унија.

Тинејџер направил Ламборџини од картон- достигнува брзина од 40 км/час (ВИДЕО)

Етсенуме Ахмад е 18-годишен Нигериец кој ги остави корисниците на Твитер без зборови откако создаде целосно функционално Lamborghini користејќи ништо друго освен картон.

Тинејџер направил Ламборџини од картон- достигнува брзина од 40 км/час (ВИДЕО)

Тинејџерот поминал две години градејќи реплика на реткиот Lamborghini Egoist, суперавтомобил со ограничено издание. Она што ја прави неговата верзија уште поневеројатна е тоа што всушност може да вози, благодарение на малиот мотор кој му овозможува да достигне брзина до 40 km/h.

@talentedahmad_official @lyric Paul official @Talented Ahmad @Lamborghini ♬ original sound - talented Ahmad

Во неговите видеа на TikTok, Ахмад може да се види како вози низ улиците со неговото картонско Ламборџини, оставајќи ги минувачите во целосно неверување. Откако го сподели конечниот резултат со неговите 470.000 следбеници на TikTok, неговите објави брзо станаа вирални, собраа преку 30 милиони прегледи и илјадници коментари.

„Кажи што сакаш... Од ништо го направи ова... Почит“, „Братко, не застанувај додека тие надарени раце не те одведат на возење со твоето ново Ламборџини“ и „Сакам да го видам како минува низ автоперална“, се само дел од коментарите.

@talentedahmad_official @Lamborghini @bugatti @TOYOTA @GehGeh @VDM ♬ Shallipopi Laho - SHALLIPOPI NEWS

Во изјава за Supercar Blondie, Ахмад рече: „Верувам дека мојата способност да создавам реплики доаѓа од природниот талент што отсекогаш сум го имал, а не од нешто што конкретно го научив“.

„Ги наоѓам деловите за моите реплики со рециклирање отпадни материјали. Верувам во моќта на одржливоста и повторното користење на она што инаку би било отфрлено, претворајќи го во нешто вредно и функционално“.

Картонскиот автомобил е инспириран од едно од најскапите Lamborghini некогаш продадени - Lamborghini Egoist, кој беше купен од приватен колекционер во 2013 година за 117 милиони долари (90 милиони фунти).

Ердоган: Главната опозициска партија ќе одговара за повредените полицајци и за штетата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу се претвориле во „движење на насилство“ .

Ердоган: Главната опозициска партија ќе одговара за повредените полицајци и за штетата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека протестите поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу се претвориле во „движење на насилство“ и најави дека главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) ќе одговара за повредените полицајци и за штетата предизвикана за време на демонстрациите.

Ердоган по владиниот состанок во Анкара рече дека „ЦХП треба да престане да ги провоцира граѓаните“.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека демонстрантите ја загрозуваат националната безбедност, додавајќи дека во петдневните протести се приведени 1.133 лица, а повредени се 123 полицајци.

притисни ентер