Граѓаните на Милано веќе не сакаат туристи- од понеделник имаат нови мерки за да ги избркаат

По долгогодишни жалби и низа тужби, италијанскиот град Милано донесе уредба со која строго ја ограничува продажбата на храна и пијалоци за надворешна потрошувачка по полноќ во работните денови (а само малку подоцна за време на викендите).

Примената на строгите правила, кои важат за најпопуларните туристички места во градот, почнува следната недела, а ќе трае до почетокот на ноември, кога вообичаено малку се намалува налетот на туристите во италијанската модна Мека.

Ова е драстична промена во политиката на градот бидејќи администрацијата на Милано со години работеше на туристичко брендирање на градот, а освен како моден центар на Италија, градот работеше и на привлекување на студентската популација, меѓу другото и со лансирање меѓународни студиски програми на англиски јазик.

За жал, тие беа премногу успешни во тоа. Некои градски области на Милано денес се толку преплавени со гужви и врева што многу станари решија да ангажираат адвокат и да го тужат градот. Резултатот се новите градски правила за угостителство. Покрај тоа што надвор се забранува храна и пијалоци по полноќ, надворешните тераси на рестораните и кафулињата ќе мора да се затвораат половина час по полноќ во работните денови, а само еден час подоцна за време на викендите.

Додека станарите на најубавите станови во Милано слават, компаниите кои заработуваат од туристичкиот и студентскиот бум во градот, очекувано се незадоволни. Обвинувањата се многубројни, а едно трговско здружение се жали дека регулативата е толку строга што Италијанците повеќе нема да можат да се шетаат доцна навечер со сладолед во рака.

Марко Гранели, член на советот на Милан одговорен за јавна безбедност, рече дека тие стравови се претерани. Јадењето сладолед на лето нема да биде проблем, рече тој.

Гранели тврди дека целта на уредбата е да се спречи „однесување што влијае на станбените области“, додека алкохолните пијалоци се сметаат за најголема причина за „задржување на доцните вечерни веселби на одредени улици и плоштади“.

– Јасно е дека сладоледот, пицата или бриошот не создаваат гужви, рече тој.

Марко Барбиери, генерален секретар на миланскиот огранок на италијанското трговско здружение Confcommercio, рече дека неговото здружение ќе се бори против регулативата, која според него ќе влијае на околу 30 отсто од околу 10.000 ресторани и кафулиња во градот.

- Новите правила ги казнуваат трговците за лошото однесување на клиентите, вели тој.

- Тоа е кошмар, го опишува Габриела Валасина од здружението Навигли, кое е една од неколкуте граѓански групи основани поради врева и метеж во историските области на Милано.

Списокот на поплаки презентирани од Валасина е долг и добро познат: загадување со бучава (до 87 децибели, многу над дозволените 55); улици толку преполни што е тешко да се оди, па дури и да се стигне до влезната врата; егзодус на уморните локални жители што го менува карактерот на живописните населби.

Со донесувањето на новите правила, градската управа издвои 170.000 евра наменети да им помогне на сопствениците на кафулиња да ангажираат приватни безбедносни служби за да ги спречат посетителите на забавата да се шетаат по улиците. Полицијата, чии синдикати преговараат за промена на договорите за да им се овозможи на повеќе полицајци да работат ноќни смени и да ги спроведуваат новите правила, треба да излезе на помош.

Се верува дека Милано дејствувал по серијата одлуки на локалните и националните судови во Италија кои пресудиле во корист на жителите, а против градските власти што ги тужеле затоа што не успеале да го спречат ноќниот хаос.

Елена Монтафија, портпаролка на граѓанското здружение Милано Деградо, е една од 34-те жители на населбата Порта Венеција кои ја тужеа градската управа и побараа отштета со образложение дека непостапувањето по нивните жалби го загрозува нивното здравје.

- Животот во Милано стана навистина тежок, рече таа, истакнувајќи дека решиле да го префрлат предметот на суд дури по децении објаснувања.

Жителите се надеваат дека градската власт ќе ги игнорира барањата на бизнисите и рестораните и дека новите правила ќе ја намалат недостапноста за живеење во популарните населби.

Според веб-страницата за туризам на градот YesMilano, Милано минатата година го посетиле околу 8,5 милиони гости. Оваа бројка не ги вклучува дневните патувања на посетители кои не преноќиле во градот. Пред десет години, во 2004 година, во Милано имало 3,2 милиони гости кои спиеле во градско сместување. Според Истат, националната агенција за статистика, 5 милиони туристи ноќевале во градот во 2016 година.

Градските власти се надеваат дека бројот на туристи сепак ќе се намалува, а туризмот во градот ќе стане поподнослив.

Сопруга на екс српски фудбалер добила непристојна понуда

„Многу ми се допаѓате. Би дал 500 евра за еден час со вас. Контактирајте ме доколку дојдете во Подгорица“, пишувало во пораката.

Атрактивната манекенка Јована Ѓорѓевиќ, сопругата на екс фудбалерот на Лацио, Филип Ѓорѓевиќ пред неколку години објави срамна порака која ја добила од непознат маж од Црна Гора.

Сопругата на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ потоа со своите следбеници ја сподели содржината на пораката која всушност била непристојна понуда.

„Многу ми се допаѓате. Би дал 500 евра за еден час со вас. Контактирајте ме доколку дојдете во Подгорица“, пишувало во пораката. За еден час велиш! “, напишала Јована како одговор.

Нејзината реакција развеселила многу следбеници на Твитер. Таа дури објавила и скриншот од пораката .

„Не знам што мислеше ова момче, но никако не можам да направам нешто такво. Ја објавив неговата понуда на Интернет за да го споделам моето незадоволство“, изјавила Јована пред две години кога се случи оваа непријатност, а јавноста долго потоа коментирала за нејзиниот потег.

Инаку, Јована и Филип неодамна станаа родители по трет пат.

„Ирански хакери“ - Од телефонски броеви до лична карта објавени податоците на 65000 Албанци

На страната на Телеграм, за која се тврди дека припаѓа на „ирански“ хакери, денеска објавен е список со илјадници имиња на албански граѓани.

- Во оваа листа се податоците на 65 илјади албански граѓани како што се: број на лична карта, име, презиме, место на раѓање, место на живеење, телефонски број.

Ова не е првпат страната на Телеграм, за која се тврди дека припаѓа на „ирански хакери“, да објавува чувствителни податоци за албански државјани.

Ирански хакери“ извршија серија сајбер напади врз албанските институции, владиниот сајт, ТИМЕ системот на граничните премини, полициски оддели, банки ... апоследниот беше против веб-страницата на ИНСТАТ. После тоа реагираше и Институтот за статистика, кој соопшти дека хакерите не влијаеле на податоците од пописот.

Како одговор на иранските сајбернапади кои почнаа во јули 2022 година, албанската влада, на почетокот на септември истата година, донесе одлука да ги прекине дипломатските односи со Иран.

-Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападот врз нашата земја бил организиран и спонзориран од Иран“, кажа тогаш Рама.

Двете земји имаат тензични односи од 2014 кога Албанија прими 3.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран(МАК), и го изгради кампот Ашраф, во близина на Драч.

Трипуновски: Вртиме нов лист, земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија

Вртиме нов лист, земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата.

Поминаа 7 тешки години, понижувања на трудот и маката на чесниот македонски земјоделец.

Свртуваме нов лист. Земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата.

Јас сум земјоделски инжинер, потекнувам од земјоделска фамилија, раководев со земјоделски ресори и работев во МЗШВ долги години. Нема село во државата кое не го знам, не сум го посетил или каде немам решено некој проблем. Тоа така и ќе продолжи да биде. Драги земјоделци знаете дека сум еден од вас, ваша тврдина и ваш најголем пријател.

Следуваат години на развој на земјоделието. Инвестиции во откупни центри и преработувачки капацитети. Доаѓа време кога сите вие ќе биде среќни, затоа што вашиот труд ќе се исплати.

Време е за насмевка на лицата на земјоделците. Време е за подобро утре. Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме.

Цветан Трипуновски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер