Граѓаните дополнително се осигуруваат за да ги користат услугите во приватните болници - Канал 5

Граѓаните дополнително се осигуруваат за да ги користат услугите во приватните болници

Сè повеќе граѓани во земјава се одлучуваат за полиси за здравствено осигурување што им овозможуваат да ги користат услугите во приватните здравствени установи.

Граѓаните дополнително се осигуруваат за да ги користат услугите во приватните болници

За 950 денари месечна уплата на располагање на осигуреникот му се амбулантни, специјалистички прегледи и операции во сите приватни здравствени установи. Имателот на полисата за доброволно здравствено осигурување годишно има 10 илјади евра за операција и 10 илјади евра за амбулантно и специјалистичко лекување.

Податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека бројот на договори за доброволно здравствено осигурување кај друштва за неживотно осигурување постојано расте и тој во 2018 година бил 3.978, а се однесува на 11.727 лица кои се опфатени со овие договори.

Од Агенцијата за МИА појаснуваат дека во 2017 година имало 1.734 договори што се однесуваат на 6.949 лица, а во 2016 година 1.189 договори што се однесуваат на 4.003 лица.

Истовремено, потенцираат дека е забележан пораст на бруто-полисираната премија, која во 2018 година изнесува 125,7 милиони денари, што претставува пораст од 116,37 отсто во однос на претходната година.

На крајот на 2018 година од 11 друштва за неживотно осигурување, осум друштва продаваат доброволно здравствено осигурување. Полиси нудат „Македонија", „Триглав", „Сава", „Евроинс", „Еуролинк", „Винер", „Уника" и „Осигурителна полиса".

Покрај овие и четири друштва за осигурување живот продаваат доброволно здравствено осигурување како дополнување на осигурувањето живот – „Кроација живот", „Граве", „Винер живот" и „Уника живот".

– Друштвата за осигурување живот нудат доброволно здравствено осигурување како дополнување на основниот производ, осигурување живот. Кај нив бројот на осигуреници бележи раст, така што во 2016 година биле 6.229, во 2017 година 6.691, додека во 2018 година 6.908 осигуреници. остварената бруто-полисирана премија е во износ од 11,8 милиони денари, што е порат од 7,01 отсто во однос на претходната година, велат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Од осигурителните компании велат дека најчесто корисници на ова доброволно здравствено осигурување се лица на возраст од 40 години.

– Премијата зависи од возраста на осигурениците, кои се поделени во неколку возрасни групи. Прва група се деца до 18 години, потоа од 18 до 39, од 40 до 49, од 50 до 59, од 60 до 64, од 65 до 69 и од 70 до 74 години. Осигурувањето кога би се поделило на месечни уплата е 950 денари за возрасен. Во едно семејство може да се земе пакет на еден родител со дете што чини нешто под 1.300 денари, бидејќи детето има попуст на полисата за 70 отсто, велат од Сава осигурување и посочуваат дека премијата може да ја плаќаат месечно, квартално, полугодишно и на годишно ниво.

Оттаму додаваат дека осигурениците може да ги користат услугите во сите приватни здравствени установи во земјава, а годишно имаат на располагање 10 илјади евра за операција и 10.000 евра за амбулатно и специјалистичко лекување.

Доброволното пензиско осигурување, според граѓаните, го користат поради нефункционирањето на јавниот здравствен систем. Оние кои имаат можност одвојуваат средства за да можат да ги користат услугите во приватните здравствени установи, но голем дел граѓани и не се информирани за ваквата понуда на осигурителниот сектор, но имаат и недоверба во однос на она што им се нуди и што би добиле. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандалозна објава на американскиот претседател: Трамп објави чудно ВИ видео со тигар

Американскиот претседател Доналд Трамп објави шокантно видео, создадено со вештачка интелигенција, на кое се гледа како се бори со тигар – истото животно што пред неколку дена усмрти млад човек во една англиска зоолошка градина.

 Скандалозна објава на американскиот претседател: Трамп објави чудно ВИ видео со тигар

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на социјалните мрежи објави видео генерирано со вештачка интелигенција, во кое се бори со тигар што усмртил човек во зоолошка градина во Англија, пишува „Tchno“.

На видеото, објавено на „Truth Social“, Трамп го соборува тигарот на земја, го прегрнува и се смее.

Видеото претставува обработена снимка од зоолошка градина во Јоркшир, од моментот кога 22-годишниот Вилијам Чапман влегол во кафез со тигар, кој потоа го убил.

Несреќата се случил во саботата, на 10 октомври, а зоолошката градина оттогаш е затворена. Алтај, четиригодишен сибирски тигар од зоолошката градина во Јоркшир, нема да биде усмртен, објавија британските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“

„SpaceX“ воведе ограничувања за сателитскиот интернет без претходна најава, што доведе до прекин на клучни теренски операции.

Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“

„SpaceX“, компанијата во сопственост на Илон Маск, воведе неочекувани технички ограничувања на брзината на пренос на податоци за воената сателитска интернет-услуга „StarShield“, која ја користат вооружените сили на Украина.

Според Серхиј Бескрестнов – советник за воени комуникации и експерт познат под кодното име „Flash“ – брзината на протокот на податоци за мобилните единици ненадејно била ограничена на брзина од 100 милји на час (приближно 160 км/ч) без претходно известување.

Оваа рестриктивна техничка измена директно влијаеше врз работата на теренската опрема, предизвикувајќи прекини и потешкотии во одредени теренски операции. Аналитичарите истакнуваат дека овој потег на „SpaceX“ не претставува случаен технички дефект, туку прилагодување на услугата направено во светло на тековните политички случувања и притисокот од Вашингтон.

Потегот на Илон Маск уследи кратко по предупредувањата од САД во врска со можното запирање на споделувањето разузнавачки информации и укинувањето на пристапот до сателитската мрежа „Starlink“. Претходно, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше украинското раководство поради одбивањето преговори и неподготвеноста за компромис, наговестувајќи пошироки промени во однос на обезбедувањето технолошка и воена поддршка. Како потсетник, сателитската мрежа „Starlink“ на „SpaceX“ служи како клучна инфраструктура за комуникација и операции со беспилотни летала на терен. Најновото ограничување наметнато на услугата „StarShield“ повторно го отвори прашањето за зависноста на воените системи од приватните технолошки гиганти и нивната подготвеност да ги променат условите за користење во секој момент.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по поразот во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (0–2) изјави дека е разочаран што неговиот тим не создал повеќе шанси против шпанскиот клуб.

Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“

„Чувствата се измешани. Ова е тешко гостување, а почетокот на натпреварот очигледно нè стави во тешка положба. Мислам дека подоцна го фативме ритамот и се консолидиравме. Во второто полувреме воспоставивме одредена контрола, иако не создадовме сериозна закана. Потоа дојде шансата на Бруно, а веднаш потоа и црвениот картон – одлука што ја сметам за погрешна. Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“, рече Керик по натпреварот.

Тој истакна дека неговиот тим треба да најде начин да остварува победи на претстојните натпревари.

„Пробавме нешто малку поинакво. Во одбраната, веројатно пречесто ја менувавме страната на играта. Најважно е што чувствуваме дека победата беше на дофат; можевме и требаше да извлечеме повеќе од овој натпревар. Правиме и некои работи како што треба“, изјави Керик.

Ова беше петти натпревар по ред без победа во сите натпреварувања за тимот од Манчестер. Јунајтед следниот натпревар ќе го одигра во недела против Лидс, во рамките на седмото коло од Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер