Граѓаните бараат правда за Кочани – судскиот процес далеку од започнување - Канал 5

Граѓаните бараат правда за Кочани – судскиот процес далеку од започнување

И по прозивките и апелите од протестите да запре одолговлекувањето на правдата, Кривичниот суд и натаму не излегува со детали кога ќе се закаже судењето за пожарот во Кочани, а веќе поминаа три месеци од поднесувањето на обвинението.

Граѓаните бараат правда за Кочани – судскиот процес далеку од започнување

Дел од адвокатите на обвинетите велат дека ниту тие немаат нови информации. Некои сметаат дека подобра организација веќе би го почнала процесот, за други пак е очекувано оценката на судот да трае подолго, оти предметот е обемен и комплициран.

„Апсолутно дека можеше, ако малку поорганизирано се работеше, факт е дека многу време се изгуби околу префрлање на надлежноста и определување и делегирање на надлежноста на скопскиот суд.“

„Тоа е нормална постапка во судот и дека не е оддолжена, во jули месец беа обвинителните акти, поднесени се приговори од страна на одбраната на сите обвинети и реално јас очекував дека ќе биде одлучено после два до три месеци.“ - Звонко Давидовиќ – Адвокат.

Сепак, и двајцата адвокати сметаат – не можат сите обвинети да се гонат по исто дело – „тешки дела против општата сигурност“.

„Она што е правна квалификација дадена во обвинителниот акт, едноставно не може да важи за сите и дејствијата кои им се ставаат на товар на дел од обвинетите никако не може да се подведат под законското битие на тоа кривичното дело.“- - Звонко Давидовиќ – Адвокат.

„И јас стојам на истото становиште, нормално дека толку лица во оваа постапка, а сите да бидат по ист член, малку не држи место.“ - Ванчо Шехтански – Адвокат.

Вчера, по шест месеци од трагедијата, родителите и граѓаните кои се собраа со Кочани, Скопје и Штип порачаа дека трпението истекува. Велат - молкот веќе не е опција.

-Од утре веќе не молчиме, до кога ние ќе чекаме овој случај да има некаква разврска, ова е најголемата трагедија која се случила, многу мои врсници го изгубија својот живот и мислам дека треба да се однесуваме како таква да е ситуацијата./ Бараме одговорност, бараме вистина, бараме правда за нашите деца и ќе продолжиме да зборуваме се додека секој што со своето дело или молчење придонел за оваа трагедија да биде изведен пред лицето на правдата, никогаш нема да замолчиме,- Анастасија Павловска.

Зошто се уште не започнува судењето, беше прашан и премиерот Мицкоски, кој кажа дека прашањето е за судот.

Последната информација која ја дадоа од Кривичниот суд беше пред еден месец, каде посочија дека има 40 приговори од обвинети и нивните бранители и дека истите се во фаза на анализа, по што ќе следува и одлука.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер