Граѓани од околината на Скопје ги погребуваат починатите, па потоа бараат потврда - Канал 5

Граѓани од околината на Скопје ги погребуваат починатите, па потоа бараат потврда

Граѓани од околината на Скопје често пати починатите ги погребуваат, а дури потоа бараат потврда од Брза помош за да добијат потврда за умрени... 

Граѓани од околината на Скопје ги погребуваат починатите, па потоа бараат потврда

Непријатен момент во Брзата Помош. Жители од скопско село пред две недели откако го погребале покојниот дошле во брзата помош и барале потврда за смрт од доктор за да извадат извод на умрени. Од брзата помош им било кажано дека не е можно таков документ, бидејќи тој се издава пред да биде починатиот погребан. Вакви случаи има и до десет годишно и сериозен проблем и за брзата помош и на управата на Здравствен Дом Скопје.

Според законот во таков случај мора да се изврши ексхумација или откопување на починатиот. Но од фамилиите и скоро никој не се сложува на овој чин, и во таков случај починатиот формално се уште се води како жив. Од брзата помош со апел. Кога лице ќе почине дома да се пријави во брза помош за да се потврди смртта и да се издаде потврда.

Од Брзата помош со апел до оџите и поповите во малите средини да не дозволат погреб без да видат медицинска документација и потврда за смрт.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот го испрати таткото на Меланија на психијатриско лекување во Демир Хисар, МВР отвора истрага

По јавниот апел на Меланија Цветковска од Куманово, која преку социјалните мрежи побара помош и предупреди дека нејзиното семејство живее во страв, нејзиниот татко со судско решение е сместен во Психијатриската болница „Демир Хисар“. 

 Судот го испрати таткото на Меланија на психијатриско лекување во Демир Хисар, МВР отвора истрага

Оттаму потврдуваат и дека тој е во стабилна состојба.

Случајот вчера бил пријавен во полиција од страна на нејзината мајката. Во денешна објава преку социјалните мрежи Меланија се заблагодари на поддршката и на институциите кои ја слушнале и помогнале. Нагласи дека нејзината намера никогаш не била да го оцрни својот татко или да обвини конкретна институција, туку да обезбеди помош за семејството и соодветен третман за него.

Преку видео на социјалните мрежи Млеанија вчера раскажа дека со години таа, нејзината мајка, баба и брат со церебрална парализа се соочувале со проблеми во домот и побара институциите да реагираат пред да се случи трагедија.

Овој случај повторно го отвори прашањето за ефикасноста на институциите. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека е сериозен аларм за да се преиспита функционирањето на институциите во заштита на жртвите по пријави од семејно насилство.

-Иако бевме сведоци дека институциите постапија меѓутоа фактот што само една девојка требаше јавно да објави на социјални мрежи и со кнедли во грло да зборува што на неа и нејзините дома им се случува, се поставува прашањето дали таа навистина добила навремен одговор. Дали институциите биле соодветни и им пружиле правни заштити и механизми за да се заштитат таа и нејзиното семејство и сметаме дека како и досегашните случаи што ги имаме со семејно насилство и тука потребнои е да се утврди дали и како институциите постапувале по долгогодишните пријави за семејно насилство особено центрите за социјална работа и МВР. Како се постапувало во тие пријави, дали биле соодветно договорени затоа што не смееме да дозволиме жртвите како последен излез самите да го бараат спасот за излез од семејно насилство,- изјави – Александра Трајановска – Хелсиншки комитет за човекови права.

Агресијата, заканите и неизвесноста во домот траеле со години наназад а обидите да биде обезбедена соодветна психијатриска помош за таткото биле неуспешни. Таткото првично бил примен во психијатриското одделение во болницата во Куманово но таму не можеле да го хоспитализираат, од болницата во Бардовци пак на семејството му кажале дека нема место.

За сличен случај во Куманово неодамна објави Канал 5 каде сејство бараше сместување на 62 годишник заради шизофренија и семејно насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните за 2025 година имале пријавен доход од речиси 10 милијарди евра

9,95 милијарди евра даночив доход бил пријавен од страна на граѓаните изминатата 2025 година. 

Граѓаните за 2025 година имале пријавен доход од речиси 10 милијарди евра

Речиси 10 милијарди евра даночив доход пријавиле граѓаните изминатата 2025 година – покажуваат податоците н управата за јавни приходи од каде велат дека годишното одданочување завршило. Минатата година споредбено со преттходната 2024 бележи раст од нешто над 1,21 милијарда евра, што се одразило и врз зголемената наплата на данокот на личен доход кој е зголемен за околу 79 милиони евра...

Според податоците на управата од вкупниот данок, најмногу или нешто повеќе од 7,44 милијарди евра е е доход од работен однос, за што бројките покажуваат дека платите остануваат доминантен извор на приход кај граѓаните...

По доходот од работен однос, втора категорија се приходите од капитал или околу 398 милиони евра, а значителен удел има и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи кој изнесува околу 360 милиони евра. Понатаму следуваат добивките од игри на среќа каде граѓаните имаа пријавено околу 180 милиони евра, по што следува доходот од закуп и подзакуп или околу 160 милиони евра.

Истовремено податоците на УЈП покажуваат и дека голем дел од граѓаните и натаму не ја користат можноста сами да си ги проверат и потврдат даночните пријави, иако тој увид може да утврди доколку се направи евенутална грешка во годишната пријава. За една година генерирани биле 863 100 годишни даночни пријави, од нив 704 443 се дел од системот е даноци но само околу 26 илјади лично ги потврдиле.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле.

Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите“. Ова меѓудругото го изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени

Марковски, кој во време на изработката на градежното вештачење беше декан на Градежнниот факултет, нагласи дека вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите воопшто не била земена во предвид при реконструкцијата и пренамената на објектот за дискотеката „Пулс”.

– Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо – изјави Марковски професор на Градежен факултет при УКИМ.

Според него, проблемите произлегуваат и од начинот на кој била извршена реконструкцијата на објектот.

– Нема закон што може да донесе и предвиди нешто различно од ДУП. Но, она што е најважно тука бидејќи фокусот е на безбедноста … степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Основни барања кои мора градбата да ги обезбеди и нема тука компромис, не случајно во основните барања за градбата е ставена и заштита при пожари – нагласи Марковски.

Професорот Марковски при презентацијата на фотографиите на видео бим посочи дека новоизградените шанкови и галерии ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс.

Според објаснувањето плочата под дискотеката аметерски била зајакната, за да не пропадне а над неа одозгора потоа се ставале железни конструкции, шанкови, галерии, со што, како што посочи гостите во Пулс со години биле во ризик и без да знаат за тоа, а ризичните зафати се одвивале во 2012 и во 2024 година, без дозвола и без инспекциски надзор.

12 години институциите му прогледувале низ прсти на газдата на Пулс, изјави по денешното рочиште еден од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката.

-Бидејќи објектот бил под надлежност на локална самоуправа и вештиот наод ги посочува ДЗС, Државниот инспекторат за труд, градежните инспектори и како инспекции со законски надлежно ст. Ако 12 години имало реконструкции без проект, без надзор инспекциски записник, тогаш не зборуваме за еден пропуст, туку зборуваме за систем кој предолго не гледал таму каде што требало а цената ја платија 63 млади животи - изјави Александар Наунов – Родител на Надица Наунова..

Судењето во судницата во „Идризово“ ќе продолжи со изведување на градежно вештачење на објектот “Пулс” и како и распит на вешти лица кои го изработиле.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер