Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес пуштен за капење - Канал 5

Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес пуштен за капење

Со една купена карта  граѓаните имаат можност за  дневно капење од 10 до 18 и ноќно капење од 20 до 23 часот.

Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес пуштен за капење

По целосното надворешно и внатрешно уредување на базенот и објектите околу него и под него комплетна замена на пумпите и вентилите за вода новиот закупец, скопската фирма „Луксор Оптик“ денеска го пушти во употреба Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес.

Со една купена карта граѓаните имаат можност за дневно капење од 10 до 18 и ноќно капење од 20 до 23 часот.

На отворањето на базенот синоќа му претходеше голема забава на која присутните од Велес, Скопје и други градови ги забавуваше српската ѕвезда Џенан Лончаревиќ со неговиот бенд до доцна по полноќ.

Инаку како што информира за МИА, еден од сопствениците Ѓорѓи Василевски, сите посетители секој викенд на Градскиот базен во вечерните часови ќе имаат убава забава со познати македонски и странски ѕвезди.

Граѓаните на Велес кои денеска го посетија базенот за МИА, ни изјавија дека вредело да се чека и дека базенот ги им сите удобствија и е пример на модерен базен кој е многу чист и уредено и се околу него.

Соња Петровска посетител, ни изјави дека на Градскиот пливачки базен на кој иде со децении конечно му е вратен сјајот како во првите години кога беше отворен во 80- те година на минатиот век.

Инаку Градскиот пливачки базен „Капри“ годинава е пуштен подоцна бидејќи сопственикот Општината Велес многу касно го објави повикот за нов закупец и кој на базенот по потпишување на договорот на 5 години дојде кон средината на мај.

Воедно претходниот закупец базенот целосно го руинира и го остави во катастрофалн лоша состојба со оштетени вентили ,тоалети и се’ искршено околу и во самиот базенот и под него, па новиот закупец мака мачеше два месеци се да уреди..

-Ние комплетно го реновиравме и коритото на базенот кое целосно го стругавме и фарбавме, и под него извршивме целосна земена на сите искршени пумпи и вентили под базенот..Влеговме во оваа макотрпна работа ентузијастички и по два месеци деноноќна работа и многу вложени парични средства, среќни сме што успеавме да му го вратиме некогашниот сјај и сите удобствија на Градскиот пливачки базен. На местото на стариот искршен шанк, направивме и нов шанк. Воедно го уредивме целосно искршените тоалети и чешми, ја заменивме старата електрика, како и старите дотраените светилки околу базенот со нови лед светилки појасни Василевски.

Инаку на базенот секое утро ќе работи и Пливачката школа за најмладите, а околу базенот работи и редовна и екипа на спасители на вода.

Тој најавува базенот да работи и во месец септември, се’ додека за тоа дозволуваат временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер