Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЗабаваГрадскиот парк во Битола – парк Единство, некогашниот Парк на слободата Градскиот парк во Битола деновиве е една од најисполнетите локации, во која различни генерации наоѓаат место за одмор, рекреација, спорт и разонода.Не е лесно да се опише Градскиот парк, но се чини дека доминираат неколку содржини кои го задржуваат вниманието на најголем дел од посетителите, а тоа се детскиот парк, површините за кондиционирање на спортистите и природниот парк што се наоѓа во подножјето на Тумбе Кафе. Паркот Единство во Битола и Парк на слободата Малкумина од посетителите знаат дека избраната површина на Градскиот парк во Битола прв пат е обликувана на почетокот од 19 век, во 1901 година, во времето на валијата Абдул Керим-паша кога со негова наредба е изграден градскиот парк. Местото каде е уреден, некогаш било мочуриште, неугледен дел на влезот во градот, исклучително фрекфентен бидејќи како и тогаш, така и сега во непосредна близина била, и е Железничката станица. Со наредба на Абдул Керим-паша, паркот бил именуван како Нузхетије или Единство, и тука отседнувале или се собирале офицерите на турската армија. Од зачуваните фотографии на битолчанецот Димче Најдов видливо е дека градскиот парк уште во 19 век имал правилен, урбан лик, чист и уреден, со клупи, фонтана и фенери, а често се користел и за прослави. Токму во Градскиот парк во Битола била прославена одлуката на новиот Устав за време на Младотурската револуција и бил преименуван во „Парк на слободата“. Во Градскиот парк за време на Првата и особено за време на Втората светска војна „завршија“ или паднале бројни гранати при бомбардирањето на Битола, затоа што токму тука се наоѓале најважните стратегиски објекти, односно Црвената и Белата Касарна, а до не така одамна, беше и касарната на последните армиски единици чии остатоци се видливи и ден денес. Современ Градски парк во Битола Но, денес Градскиот парк кој се чини со своите бујни крошни, борови, багремови дрвја и липи успешно го прочистил минатото, е локација за секоја генерација, која успешно го користи изборот на содржините. Очекувано, најголемата посетеност е во Детскиот парк, каде најмладите битолчани уживаат на креативните детски реквизити, тобогани, лулашки, играчки за вештини… – За мене и моите деца ова е најубавото и најмирното место во градот, ни рече Маја Д., која секое попладне, а за викенд само претпладне, редовно престојува во детскиот парк во Битола. Има се, вели таа, само оваа фонтаната малку да се скроти (се насмевнува) и децата, моите но и другите полесно ќе може да се напијат вода, бидејќи тоа е единствената можност во цел парк каде може да се пие вода, нагласи нашата соговорничка. На чекор до детскиот парк е голема пространа бујна зелена површина, која грижливо ја чуваат и одржуваат битолските „комуналци“, вредни и со стекнат имунитет здобиен од несовесни посетители на кои понекогаш предалеку им изгледаат корпите за отпадоци! – Се е убаво. Чисто. Средено. Јас со другариве од мојата генерација често отседнуваме на клупите во паркот или на шеталиштето. Зависи како сме расположени. Да ја гледаме Алејата на борците и народни херои, или пак да ги храниме верверичките кои потскокнуваат од дрво на дрво и кришум слегуваат во паркот, непосредно до нас. Ние како луѓе во години…пензионери…можеме тука да бидеме по цел ден, вели Ѓорги Ј. Но, потенцира тој, во градскиот парк нема нити еден тоалет. Се сеќава дека порано имало голем тоалет, во средината на градскиот парк, но сега тоа е проблем кој не верувам дека е нерешлив. – Затоа напиши, да прочитаат и да се најде мунасип оти тоа не е само за нас постарите, туку и за помладите, а гледате колку спортисти само во моментов трчаат!, порача Ѓорги Ј. Спортисти од различни клубови ја одржуваат формата, кондицијата, се подготвуваат за следни предизвици. Недоброј кругови од едниот до другиот крај на градскиот парк и се со една цел – да се носи дресот на својот клуб. – Време е во градскиот парк да биде изградена тартан патека. Само ние спортистите и рекреативците знаеме зошто е важно да се трча и тренира на тартан, наместо на бехатон плочки или по нерамна површина, земја или трева. За да не бидеме разбрани погрешно, нема да потсетуваме на рокови од некакви избори, затоа што тука трчањето има друга цел – здраво тело и здрав дух или Mens sana in corpore sano, вели Виолета М., млада атлетичарка, која со своите другарки од клубот го забележа нашиот фотообјекти, а потоа и пријде да го акцентира и реафирмира барањето на спортистите и рекреативците за тартан патека. Статистички најпосетен во текот на учебната година беше Природниот еко-парк кој е на крајот од градскиот парк и во кој често доаѓаа децата од битолските детски градинки. Како што е познато во т.н. Природен парк има мини училници, направи за балансирање, дрвени греди за рамнотежа и други содржини. Нашите соговорници велат дека е добро што Еко-паркот е во непосредна близина на Паркот за миленичиња, затоа што најмладите може да гледаат како правилно се чуваат и одгледуваат домашни миленици, но и да прочитаат бидејќи јасно е посочено како се користи Паркот за миленичиња во Битола. – Важно е градскиот парк да се одржува. Комуналците да се грижат за навреме чистење на кантите со отпадоци и уредување на нараснатата трева, а тоа се врши навремено и професионално, велат нашите соговорници. Ние пак, посетителите, во секој дел од денот или деноноќието да го почитуваме нивниот труд и да се грижиме за реквизитите и другите предмети кои за жал не ретко се вандализирани, порачаа нашите соговорници. Градскиот парк во Битола, навистина е парк Единство, како што некогаш бил именуван, затоа што обединува различни генерации, но и парк на сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦВо организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“. За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот. „Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ. Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.Тагови: Мал формат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во ГевгелијаДржавниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите. „Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски. Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава. Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности. Со почит, Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter