Градот Скопје и Министерството за култура и туризам потпишаа Меморандум за соработка - Канал 5

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам потпишаа Меморандум за соработка

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град.

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам потпишаа Меморандум за соработка

Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и промоцијата на културните и туристичките потенцијали на градот.

Со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини, со што Скопје ќе се позиционира како современ, отворен и автентичен европски културен центар, соопштуваат од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини.

Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Административен службеник во ЈЗУ општа болница Прилеп е осомничен дека фотографирал дебитна платежна картичка на прилепчанец, а потоа со нејзините податоци извршил десетици интернет-трансакции, при што незаконски потрошил повеќе од 90.000 денари.

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Според пријавата од МВР, на 13 октомври минатата година, осомничениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во прилепската болница, ја фотографирал дебитната платежна картичка на лице од Прилеп. Потоа, во периодот до 19 февруари годинава, користејќи ги податоците од картичката, извршил вкупно 71 интернет-трансакција, при што била предизвикана штета во износ од 90 илјади денари

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните

Скопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени.

Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните

Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град.

Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина.

Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди.

Затоа што го сакаме Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер