Градоначалникот на Тирана останува во притвор

 Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч.

Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.

На Џоџа мерката "куќен притвор" и е заменета со "јавување двапати месечно во судот" а и е одземен и пасошот и и е забрането напуштање на земјата.

Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите потврдена е првата мерка за јавување во судот.

Адвокатите за Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.

Велиај (46) кој е градоначалник на Тирана во три последователни мандати, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“.

Во реакција на социјалните мрежи, од притвор, тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.

Во текот на денот, за време на целата расправа, пред судот беа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка.

ЕУ со строги правила за несовесни возачи- одземање на возачка во една, ќе важи во сите 27 земји

Европскиот парламент и претставниците на земјите-членки постигнаа договор за нова директива која ќе овозможи забраната за возење наметната во која било земја-членка на ЕУ да важи во целата Унија.

ЕУ со строги правила за несовесни возачи- одземање на возачка во една, ќе важи во сите 27 земји

Оваа значајна промена носи ново ниво на координација на транспортната политика на Европската унија и ја зголемува безбедноста на патиштата во сите 27 земји-членки, пренесе Телеграф.

Според новиот договор, доколку возачот направи сериозен сообраќаен прекршок во земја на ЕУ, казната за суспендирање на возачката дозвола ќе важи и во земјата каде што е издадена дозволата. Ова претставува значителна промена од досегашната практика, според која забраните за возење се применуваат само во земјата каде што е извршен прекршокот.

Земјата што ја издала возачката дозвола ќе биде обврзана да ја спроведе забраната за возење низ цела Европската унија, што значи дека возачите повеќе нема да можат да ги избегнат последиците од сериозни прекршоци со преминување на границата.

Кои прекршоци резултираат со забрана за возење во ЕУ?

Новите прописи ќе се применуваат особено за најтешките сообраќајни прекршоци како што се возење под дејство на алкохол, значително пречекорување на дозволената брзина или предизвикување сообраќајни незгоди со смртни последици. За забраната да важи низ ЕУ, таа мора да биде изречена за период од најмалку три месеци и да се исцрпат сите правни лекови.

Досега беше практика возачката дозвола целосно да се одземе само во земјата во која е издадена. Во случај на прекршоци извршени во други земји-членки, забраната за возење се применуваше исклучиво на територијата на државата во која е изречена казната, што создаде правни дупки што некои возачи ги искористија.

Дигитализација на возачките дозволи до 2030 година

Покрај усогласувањето на системот на казни, Европскиот парламент и земјите членки се договорија и за воведување дигитални возачки дозволи кои ќе важат низ ЕУ. Овој проект треба да се реализира до 2030 година и дополнително ќе ја олесни контролата и спроведувањето на сообраќајните прописи.

Иако Европскиот совет и Европскиот парламент сè уште треба официјално да ги усвојат овие планови, ова се смета за обична формалност, бидејќи суштинскиот договор веќе е постигнат меѓу клучните засегнати страни.

Оваа реформа претставува значаен чекор кон создавање на единствена европска област на полето на безбедноста на патиштата и ја покажува подготвеноста на ЕУ да преземе посериозен пристап кон прашањето на сообраќајните прекршоци кои одземаат илјадници животи на европските патишта секоја година.

Еколози поставиле камери во шума, па снимиле нешто неверојатно: Го бараме 4 години (ВИДЕО)

Реткиот животински вид е снимен благодарение на камерите инсталирани од австралиските екологисти во природниот резерват Ваулинбах, на околу 225 километри североисточно од Сиднеј.

Еколози поставиле камери во шума, па снимиле нешто неверојатно: Го бараме 4 години (ВИДЕО)

Крзненото суштество, со големина на зајак, го снимиле ноќе, најверојатно додека барало храна.

„Тешко се откриваат“

Експертите објаснија дека на снимката се гледа торбар со долг нос (Potorous tridactylus) кој обично живее сам покрај источниот брег на Австралија.

Еколозите велат дека го барале ова слатко суштество четири години, но безуспешно, пренесува Мајами Хералд.

"Овој вид е тешко да се открие во области со мала густина. Покрај тоа, тие се ноќни видови кои се кријат во гнезда во текот на денот. Ова е прв пат да се снима во резерватот", изјави екологот Енди Хау.

Загрозен вид по пожарот

Хау додава дека се чувствува „еуфорично“.

„Тие се многу срамежливи и ретко се појавуаат пред камерите. Овој вид беше сериозно погоден од пожарите во шумата во 2019-2020 година, бидејќи голем дел од нивното живеалиште беше уништено“, нагласи тој.

Еколозите се надеваат дека снимката од камерата ќе помогне подобро да се разбере овој вид торбар.

Татко и две деца преживеаа пад на авион- најдени се по 12 часа во пустелија на Алјаска

Повеќе од 12 часа по исчезнувањето на мал патнички авион (Piper PA-12) на Алјаска, властите објавија добри вести.

Татко и две деца преживеаа пад на авион- најдени се по 12 часа во пустелија на Алјаска

Спасувачите го лоцираа леталото на замрзнато езеро на полуостровот Кенаи, на југоисточниот брег на Алјаска и безбедно го превезоа пилотот Џон Морис и неговите две деца, пренесува Daily Mail.

Спасот се чекале на крилото

По падот на авионот, несреќните татко и деца се сместиле на крилото и чекале помош, што локалните медиуми го опишаа како „чудо“.

Со часови беа опкружени со мраз, без засолниште од ветрот или студот, а навистина е неверојатно што преживеале во такви услови.

Објавените фотографии откриваат дека авионот бил делумно потопен во езерото.

Морис е многу активен на социјалните мрежи и често споделува видеа со своите деца додека се подготвуваат за нивниот лет. Очигледно, неговиот авион се урнал во неделата навечер додека биле на обиколка на замрзнатата област.

Префрлени во болница

Еден од луѓето кои се вклучија во потрагата, Дејл Ечер, вели дека ја слушнал добрата вест преку радио.

"Бев навистина шокиран. Не очекував дека ќе ги најдам живи. Не секогаш излегува вака добро", рекол тој.

Морис и неговите деца се пренесени во локална болница на полуостровот Кенаи, а нивните повреди не се опасни по живот.

Причината за падот на авионот се уште не е утврдена, а властите започнаа истрага.

притисни ентер