Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветГрадоначалникот на Милано под истрага за скандал со сомнителни градежни зафати, постапка се води против 74 лица Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека е „шокиран“ и „огорчен“ од откритието на медиумите дека е под истрага како дел од скандалот со корупција поврзана со проекти за урбан развој во градот.„Неверојатно е да се дознае од весниците дека сте под истрага, а не од обвинителството“, рече Сала за време на состанокот на градскиот извршен совет, објави Анса. Сала објави дека ќе презентира извештај до градскиот совет во понеделник, иако опозициските партии веќе побараа негово обраќање претходно. Десничарската коалиција предводена од „Браќата на Италија“ на премиерот Џорџи Мелони и Лигата на министерот за транспорт Матео Салвини го поканија Сала да се обрати на собранието денес. Во меѓувреме, истрагата на обвинителите во Милано се проширува. Вчера беше побарано апсење на шест лица, меѓу кои и Џанкарло Танкреди, раководител на градската агенција за реконструкција Милано Урбана, и Манфреди Катела, основач и извршен директор на компанијата за недвижности Коима. Финансиската полиција изврши рација во градското собрание, како и во приватните и деловните простории на осомничените, барајќи документи поврзани со сомнителни градежни проекти. Италијанскиот архитект Стефано Боери, познат по низа големи урбанистички проекти, е исто така под истрага, велат изворите. Еден од главните фокуси на истрагата е реконструкцијата на познатата зграда Пирелино, а меѓу проектите што се анализираат се и плановите за развој на девет приградски центри на границата на Милано и соседните општини. Истражните органи тврдат дека поранешниот претседател на Комисијата за пејзаж на градот, Џузепе Маринони, дејствувал под влијание на градоначалникот Сала и други службени лица, наместо самостојно да донесува одлуки. Обвинителството тврди дека одредени спонзорства биле користени како „покритие за заобиколување на правилата и спроведување тајни градежни планови“. Според извори блиски до истрагата, вкупно 74 лица во моментов се гонат во случајот, обвинети за кривични дела како што се поткуп, нелегална градба и злоупотреба на службена должност.Тагови: во Милано градоначалник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter