СветГрадоначалникот на Лондон, Садик Кан, жестоко го нападна Трамп: Тој е расист, сексист и исламофоб Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го нарече американскиот претседател Доналд Трамп расист, сексист и исламофоб.Откако Трамп рече дека Лондон е управуван од ужасен градоначалник и дека Лондон сака да работи според шеријатскиот закон, Кан одговори дека чувствува дека „живее во главата на Трамп и не плаќа кирија“, објави денеска британскиот „Скај њуз“. „Мислам дека претседателот Трамп се покажа како расист, сексист, мизогинист и исламофоб. Лондон е најголемиот град во светот, побезбеден од големите градови во САД. Воодушевени сме што го поздравуваме рекордниот број американски граѓани кои се преселуваат тука“, рече Кан. Претседателот на САД, за време на неговото неодамнешно враќање во Вашингтон од Велика Британија, го обвини и Кан за криминалот во Лондон, за кој рече дека е „на својот врв“, и додаде дека градоначалникот е „катастрофа“ за имиграцијата. Лошиот однос меѓу двајцата, нè потсетува „Скај њуз“, датира од 2015 година, кога Трамп, за време на претседателската кампања во САД, повика на целосна забрана за влез на муслимани во САД.Тагови: Доналд Трамп Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на УкраинаЕвропската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за украина за купување нови одбранбени системи.Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари.. Овој нов пакет помош се надоградува на претходно одобрените 16 милијарди евра за опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра, пишуваат светските медиуми.. „Додека Русија ги интензивира своите напади, ние се залагаме да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и своето небо. Европа стои со Украина и ние ќе ѝ го испорачаме она што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно“, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
МакедонијаЛефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел денПоради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот.Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ. Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДС и самиот Венко Филипче велат дека се било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за болниците да се изградат не бил баран никаков услов според Закон за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти. Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон. За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“. Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавност и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДС и ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за исто дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
ЕвропаЛукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. „Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката. Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност. „Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00