Градоначалникот на Белград: Тито треба да се врати во Кумровец, од каде што дојде - Канал 5

Градоначалникот на Белград: Тито треба да се врати во Кумровец, од каде што дојде

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, сега нов/стар кандидат за таа функција, рече дека ќе покрене иницијатива Куќата на цвеќето, почивалиштето на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, да се претвори во музеј.

Градоначалникот на Белград: Тито треба да се врати во Кумровец, од каде што дојде

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, сега нов/стар кандидат за таа функција, рече дека ќе покрене иницијатива Куќата на цвеќето, почивалиштето на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, да се претвори во музеј на Српската историја и дека „Тито треба да се врати во Кумровец од каде што дојде.“, објави Индекс.

„Ќе покренам иницијатива еднаш засекогаш да завршам со таа Куќа на цвеќето и да го вратам Јосип Броз во Кумровец од каде што дојде и Куќата на цвеќето да биде местото каде што ќе почиваат најголемите српски великани, да биде музеј на српската историја“, ја објави Шапиќ на Инстаграм својата изјава во гостувањето на провладината кабелска телевизија Информер.

„Во него треба да почиваат луѓето кои навистина не бранеа - од Степа Степановиќ, Живојин Мишиќ, Радомир Путник и други. Тоа се луѓето на кои Европа им се восхитуваше и кои ја бранеа во Првата светска војна од Германците кои сега ќе нѐ прогласат за геноцид. “, рече Шапиќ, сега на чело на Привременото тело на градот што го води Белград додека не се повторат изборите, алудирајќи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, за која наскоро треба да се гласа во ОН на германски предлог.

Шапиќ, кој води кампања за изборите, во овој контекст го употреби и името на четничкиот водач од Втората светска војна.

„Кога ќе го спомнам името на Драгољуб Михаиловиќ, еден од нашите најодликувани офицери, кој ја бранеше Србија во Балканските војни и во Првата светска војна против Австро-Унгарците и во Втората светска војна против нацистите, Титовите Југословени доаѓаат на ум“, рече Шапиќ, поранешен југословенски ватерполист, давајќи поинаква интерпретација на историската улога на четничкиот војвода, осуден по Втората светска војна за воени злосторства и соработка со окупаторските власти.

Се поставува прашањето, рече Шапиќ, дали ќе им оддадеме почит на српските херои во Куќата на цвеќето со изградба на музеј на српската историја „или таму ќе го оставиме Јосип Броз Тито, австроунгарскиот каплар и големиот негативец на поновата српска историја “.

Шапиќ, поранешен претседател на општина Нови Београд и кандидат на владејачката Српска напредна партија за градоначалник на Белград, им се придружи на прогресивците на Вучиќ пред неколку години. Претходно беше член на Демократската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .

Трамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во Киев

Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна.

Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм.

Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев.

Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер