Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи - Канал 5

Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

Властите во Барселона уште во јуни најавија укинување или ограничување на изнајмувањето станови на туристи до крајот на 2028 година.

Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

Во таа смисла, градоначалникот Жауме Колбони го опиша тој потфат како „драстичен“, но многу потребен потег за да се ограничат зголемените трошоци за домување.

- Тоа е многу драстично, но мора да биде така, затоа што состојбата е многу тешка... Во Барселона, како и во другите големи европски градови, проблем број еден е просторот за домување. Последниве 10 години цените за изнајмување станови во градот се зголемени за 68 отсто, додека трошоците за купување куќа се зголемени за 38 отсто, рече Колбони.

Имајќи го тоа на ум, градоначалникот почна да ја разгледува „Лиценцата 10.101“ што градот ја додели и дозволува непосредно сместување туристи преку платформи како „Ер-БНБ“ (Airbnb).

- Во моделот на масовен туризам којшто „го колонизираше“ центарот на градот, правото на пристап до домување е загрозено, бидејќи домувањето се користи како дејност за повисока заработка, рече Колбони.

Додека некои луѓе критикуваат оти би требале години за мерката да стапи во сила, Колбони се одлучи за временска рамка од 2028 година, кога истекуваат сегашните лиценци во Барселона. Намерата е едноставна: Градот да не обнови ниту една од тие дозволи за изнајмување заради сместување туристи.

Сепак, мандатот на сегашниот градоначалник истекува во 2027 година, па планот може да биде откажан, доколку дојде до промена на власта. Колбони се надева дека планот ќе резултира со враќање на повеќе од 10.000 имоти на пазарот на домување.

Организацијата „Апартур“ ги застапува компаниите за управување со просторот и сопствениците. Оттаму го оценија планот на Градот како „тајна присилна експропријација“, па во септември објавија дека имаат намера да поднесат тужба за изгубените приходи и инвестиции. Планот на Градот треба да го оцени и Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го нападна Киев, најмалку 18 луѓе се убиени

Руските сили ноќеска извршија масовен напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев.

Русија го нападна Киев, најмалку 18 луѓе се убиени

Според последните информации, загинале најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 40 се повредени.

Силни експлозии одекнувале низ градот во текот на ноќта, додека системите за противвоздушна одбрана биле активирани во повеќе делови на Киев. Поради нападите, неколку населби биле евакуирани, а избувнале и повеќе пожари. Оштетена е и амбулантна станица во централното подрачје, при што едно лице се наоѓа во критична состојба.

Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите има и деца. Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека досега се спасени повеќе од 50 луѓе, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани на погодените локации.

Нападот следува само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов бран воздушни удари. Новата серија руски напади доаѓа по неодамнешните украински удари длабоко на руска територија, во кои, според украински извори, биле погодени нафтени рафинерии и воени објекти на руската армија.

Од своја страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека извело напади врз воени бази во централна и источна Украина, како и врз украинската одбранбена и енергетска инфраструктура, наведувајќи дека станува збор за одговор на претходните украински напади врз руски енергетски објекти.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин призна дека земјата се соочува со недостиг на гориво, што е редок јавен коментар за последиците од нападите врз руската енергетска инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиите

Премиерот Мицкоски изјави дека владата успеала да го надмине првичниот план и изборно ветување за зголемување од 5000 денари на пензиите, со плус уште 2000 денари. 

Мицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиите

Според него ова покачување довело до подостоинствен живот за пензионерите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“.

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“, се вели во извештајот на државниот завод за ревизија. Извештајот е направен за 2024 година.

Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување на договор за да се обезбеди непречено вршење на здравствената дејност. Ревизорите утврдиле и дека во рамки на Клиниката не е формирана болничка аптека, преку која треба да се врши управувањето со залихите.

-Ваквата структура на упатувања укажува на зголемено оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз ефикасноста на планирањето и организацијата на работниот процес, оптималното користење на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите,- Државен завод за ревизија.

За надминување на утврдените состојби, Државниот завод за ревизија доставил осум препораки до ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер