Градоначалникот на Арачиново, добил закани по живот, заканувачот уапсен

Продолжуваат заканите во Арачиново,  синоќа 69 годишен маж влегол во општината и му се заканил на градоначалникот Ибраими и останатите вработени, поради недоделување на концесија за користење на земјиште.

Случајот бил пријавен во полиција, а заканувачот е уапсен и се товари со кривично дело загрозување на сигурноста, велат од МВР за Канал 5 ТВ. Од денеска општината, поради безбедносни причини е под клуч и нема да им биде на располагање на граѓаните, а до кога вратите ќе бидат затворени во соопштението не е наведено... Канал 5 се обиде да добие повеќе одговори од градоначалникот Ибраими, но тој не одговори на нашите повици...

-Од безбедносни причини општинската управа нема да работи од 25.05.2023 година(четврток) до нова одлука за која навремено ќе бидете информирани. Втор пат е нарушена безбедноста на на вработените во општинската администрација и на градоначалникот, па таквата одлука и против наша волја и желба беше неизбежна – Стои во соопштението на општината.

Политичките конфликти во општината не смеат да го загрозуваат живеењето на граѓаните, упати остра критика министерот Спасовски, велејќи дека станува збор за нерасчистени сметки кои немаат врска со општината...

-Сите тие работи кои што се случуваат во Арачиново, се работи кои што мора да си ги расчистуваат меѓу себе, зошто? Затоа што меѓусебните конфликти лица кои што ги имаат од иста политичка проминенција, лица со исти интереси и т.н. - Тие должничко доверителски односи кои што ги имаат, внатре, во наводници би рекол должничко доверителски односи од секаков аспект со тоа што располагаме како полиција ќе мора да ги расчистат и да покажат дека приоритет се граѓаните на Арачиново, мене ми е жал што се враќа повторно општината во некое време во кое што немаше никаква функционалност и не се решаваат ниту еден од проблемите кои што се на граѓаните...

Градоначалникот Ибраими и лани во септември пријави во полиција дека бил физички нападнат од неколку лица, тврдејќи дека напаѓачите биле предводени од член на семејството на поранешниот градоначалник Ајвази, бидејќи, како што тогаш изјави не ги реализирал нивните лични и деловни барања да поставува директори на основни училишта без никакви законски критериуми...

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер