Градоначалникот на Аланија им донесе снег на граѓаните (видео) - Канал 5

Градоначалникот на Аланија им донесе снег на граѓаните (видео)

Децата во најјужниот турски град Аланија прв пат во животот видоа снег во својот град.

Градоначалникот на Аланија им донесе снег на граѓаните (видео)
Таквото задоволство им го приреди градоначалникот Адам Мурат, кој истури пет камиони снег на централниот плоштад и организираше тепање со снежни топки.

Во едно од најпопуларните турски летувалишта прв пат по 30 години паднаа неколку сантиметри снег, но само во највисоките и планински делови на градот.

Локалните власти побрзале да го соберат во камиони снегот, кој утредента веќе го немало, со оглед дека дневната температура во Аланија во овој период од годината е 15 степени целзиусови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мис Еура 2016“ изгледа сензационално и десет години подоцна

Убавата и атрактивна Марта Барчок пред десет години доживеа светска слава и популарност поради својот изглед.

„Мис Еура 2016“ изгледа сензационално и десет години подоцна

Само неколку фотографии од Европското првенство во 2016 година во Франција ја направија славна. Десет години подоцна, 39 годишната Марта Барчок сè уште привлекува погледи и воздишки на стадионите.

Најатрактивната полска навивачка, позната како „Мис Еуро 2016“, по фудбалскиот шампионат секако не исчезна од јавноста. Таа главно е посветена на фитнесот, но повторно е присутна и на фудбалските средби. Марта каоја е голема навивачка на англискиот премиерлигаш Тотенхем и денес привлекува внимание.

Покрај тоа што се прослави на натпреварите на полската репрезентација, Марта е позната и како голем фан на Тотенхем. Од Лондон, каде што живее, таа редовно објавува фотографии од натпреварите на „Спарси“.

Таа се појавува во јавноста во провокативни изданија, а како модел и инфлуенсерка, најчесто објавува содржини поврзани со тренинзи и животен стил.

Лансираше бренд и страница под името „MartaSkakanka“. Исто така, таа привлече внимание во 2022 година, кога се појави во полската емисија „Mam Talent“.

Како Марта Барчок стана „Мис Еуро 2016“?

Нејзиниот сопруг Давид одигра клучна улога во тоа таа воопшто да се заинтересира за фудбалот. Таа едноставно дојде на Европското првенство со него, а фотографите првпат ја забележаа за време на натпреварот меѓу Полска и Северна Ирска. Нејзините фотографии од трибините брзо го обиколија светот.

Полските медиуми ја прогласија за „Мис Еуро 2016“, а често ја споредуваа со Наталија Сивјец, која се прослави на Евро 2012. Потоа, таа даде бројни интервјуа и позираше за полското списание CKM. Повторно привлече големо внимание на Светското првенство во 2018 година во Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....

Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии, подобро здравство со 58,7 милијарди денари, поквалитетно образование и подобар стандард.

Панова: Буџетот за 2027 година насочен кон граѓаните со рекордни 123,8 милијарди денари за повисоки пензии....

Пристапот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е државата да биде насочена кон граѓаните, јавните средства да се користат одговорно и секоја инвестиција да има јасна цел, подобар и поквалитетен живот.

Затоа, во Буџетот за 2027 година посебен акцент е ставен на пензионерите, здравството, образованието, младите, студентите, учениците.

За исплата на пензиите во 2027 година се планирани 123,8 милијарди денари, што е за 5,6 милијарди денари повеќе во однос на 2026 година, што јасно покажува дека грижата за пензионерите останува високо на листата на државни приоритети и дека продолжува обезбедувањето средства за нивната финансиска сигурност.

Истовремено, државата продолжува да ја зајакнува и социјалната заштита, па така за социјални надоместоци во 2027 година се предвидени 14,3 милијарди денари, средства кои што треба да обезбедат континуирана поддршка за најранливите категории граѓани, за семејствата и за поединците на кои што помошта им е најпотребна.

Посебно важна област во Буџетот за 2027 година е здравството, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде помеѓу највисоките приоритети на секоја одговорна влада, така за здравствена заштита се планирани 58,7 милијарди денари, односно за 2,8 милијарди денари повеќе од 2026 година.

Дополнително, за медицинска опрема се предвидени 198 милиони денари, што претставува зголемување од скоро 54%, а од овие средства 115 милиони денари се наменети за набавка на нови медицински возила, а додека 65 милиони денари се предвидени за проектот за новите клинички центри во Скопје и Штип.

Инвестицијата во иднината на Македонија започнува со инвестиција во децата и младите, токму затоа квалитетот на образованието, условите за студирање и можностите што им ги нудиме на новите генерации ќе определат каква држава ќе имаме во годините што следуваат.

Токму затоа, Буџетот за 2027 година предвидува зголемени средства за образованието, подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард и продолжување со инвестициите во образовната инфраструктура.

Во основното образование средствата се зголемуваат за 20% и достигнуваат 2,4 милијарди денари, додека во средното образование се предвидени 2,5 милијарди денари, што претставува раст од над 12 проценти, со што се создаваат подобри услови за унапредување на образовниот процес и подобрување на инфраструктурата во училиштата.

Особено внимание се посветува и на ученичкиот и студентскиот стандард, па така за ученичкиот стандард се планирани 696 милиони денари, додека за студентскиот стандард се предвидени 1,9 милијарди денари, средства кои што треба да придонесат за подобри услови за образование, престој и студирање на младите.

Од друга страна, продолжуваат инвестициите во високообразовната инфраструктура, вклучително и довршувањето на објектите на ФИНКИ и изградбата на нов објект за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, затоа што Македонија мора да има современи образовни капацитети кои што ќе одговараат на потребите на студентите и на современите образовни стандарди.

За изградба, опремување и одржување на градинките во 2027 година се предвидени 83,2 милиони денари, што е зголемување, за внимавајте 380% во однос на 2026 година, а ова зголемување треба да се преточи во подобри услови за најмладите, дополнителни капацитети и поголема поддршка за родителите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на создавање држава во која пензионерите ќе имаат сигурност и достоинствен живот, семејствата ќе добиваат поголема поддршка, децата ќе имаат подобри услови за образование и развој, студентите ќе имаат поквалитетен стандард, а младите ќе добијат повеќе причини својата иднина да ја градат во Македонија.

Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна расправа за предлог-Кривичниот законик

Утринава се одржа јавна расправа за предлог-Кривичниот законик, на која ќе се обрати министерот за правда, Јетон Шасивари.

Јавна расправа за предлог-Кривичниот законик

Тој рече дека новиот закон се подготвува од 2019 година, а за негова изработка биле вклучени еминентни експерти.

Според него со тек на време криминалот добива нови облици особено финансискиот криминал и сајбер криминалот, од тука е и потребата за нов закон

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер