МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода
2МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода
МакедонијаГрадоначалникот Митовски со празнична порака до граѓаните: Крива Паланка ги чествува деновите на верата, традицијата и рударствотоГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, утрото на 28 август го започна со видео-честитка до граѓаните, по повод празничните денови кои имаат особено духовно, историско и традиционално значење за Крива Паланка.Во својата порака, Митовски упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица – 28 Август, како и во пресрет на 29 Август – празникот на Св. Јоаким Осоговски, светителот чие име и духовно наследство со векови се нераскинливо поврзани со Крива Паланка и Осоговието. „Ова се денови што имаат посебно место во срцето на секој кривопаланчанец, денови на верата, традицијата и духовноста, кои нè обединуваат и нè потсетуваат на вредностите што ги наследуваме и ги пренесуваме на идните генерации. Нека празничните денови донесат здравје, мир, благосостојба и радост во секој дом“, порача Митовски. Градоначалникот воедно упати честитка и по повод Денот на рударите, нагласувајќи дека Крива Паланка, како рударски крај со долга традиција, со особена почит им оддава признание на луѓето чиј труд, храброст и истрајност се значаен дел од развојот и стопанскиот идентитет на општината. „На сите рудари им го честитам празникот со искрена благодарност за нивниот труд и посветеност. Ви посакувам пред сè добро здравје, безбедна работа и многу професионални и лични успеси. Крива Паланка го почитува и вреднува трудот на своите рудари“, истакна градоначалникот. Со празничната видео-порака, Митовски го најави почетокот на двата значајни празнични дена – 28 и 29 август, кога Крива Паланка традиционално живее во духот на верата, традицијата, гостопримството и почитта кон своите вредности. Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“.Со грижа за најмладите и поддршка за нивниот прв училиштен чекор, и оваа година за сите првачиња во Општина Крива Паланка е обезбеден бесплатен училиштен прибор, благодарение на успешната соработка со реномираната и општествено одговорна компанија „Таргет“. Донацијата, која традиционално се реализира петта година по ред, е наменета за најмладите ученици кои за неколку дена за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето ново животно поглавје. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“ за континуираната поддршка и општествената одговорност што ја покажува кон локалната заедница. „Првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете и секое семејство. Затоа ни е особено драго што петта година по ред ја продолжуваме оваа убава традиција и на нашите првачиња им обезбедуваме поддршка за нивниот прв чекор во светот на знаењето. Благодарност до компанијата ‘Таргет’ што повторно ја препозна важноста на вложувањето во најмладите. Кога вложуваме во децата, вложуваме во иднината на Крива Паланка“, истакна градоначалникот Митовски. Обезбедениот училиштен прибор ќе биде наменет за сите првачиња од основните училишта на територијата на општината, како мал, но значаен придонес за поубав и порадосен почеток на нивното образование. Општина Крива Паланка продолжува со активности и партнерства насочени кон поддршка на децата и семејствата, создавајќи услови во кои најмладите ќе растат, учат и напредуваат со еднакви можности. На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу нови знаења, другарства и безброј насмевки во нивното прво училишно поглавје.Тагови: Крива Паланка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгодаВо незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40