МакедонијаГрадоначалникот Митко Јанчев овозможи летување за 60 деца од тешко погоден воен реон од Украина-Михајлово е лек за траумите на овие млади души!Деновиве во одморашилтето Михајлово во близина на Кавадарци летуваат 60 деца од Украина, заедно со девет наставници. Сите тие доаѓаат од Никополскиот реон, дел од Украина кој е тешко погоден од војната и каде постојано се случуваат бомбардирања и гранатирања од руска страна. Станува збор за деца на возраст од 11 до 17 години, а дел од нив во војната ги изгубиле своите родители, браќа, роднини… Иницијатор и покровител на овој настан е кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, со неговата семејна компанија Кожувчанка, а од Украинската Амбасада за Викимедиа раскажуваат дека немаат доволно зборови да ја искажат својата благодарност, не само за обезбеденото летување на украинските деца, туку и за целата поддршка која уште на почеток на војната им ја пружил Јанчев. -Доволно е да спомнеме дека учениците се деца кои дојдоа во Михајлово од Никополскиот реон, заедно со нивните наставници. Значи, се работи за реон каде секојдневно се врши бомбардирање и гранатирање од страната на Русите. Учениците пристигнаа во Михајлово со автобус на 16-ти јули, и ќе останат се до 31-ви јули. Овие две недели подалеку од војната и од сите лоши случувања, исполнети со разни забавни и културни активности се лек за нивните трауми! Помеѓу децата има такви кои изгубиле родители, браќа, роднини, и чии животни приказни воопшто не се лесни. Овде, во Михајлово, самата природа, гостопримливоста и дружбата со овдешните деца, значи премногу за нив. Господинот Јанчев се погрижи секојдневно да се организираат активности за учениците, ги носат во Кавадарци на плоштад каде е во тек програмата на Кавадаречкото културно лето, ги носат во посета на знаменитости од овој крај, секој миг им е исполнет, раскажуваат од ПР службата на Амбасадата. Додаваат дека не ја забораваат хуманоста и емпатијата кон нивниот народ која ја покажал Јанчев, кога уште на почеток на војната, кога голем дел од Украина остана без вода, веднаш донирал огромни количини на вода за пиење од неговата компанија Кожувчанка. Исто така, тој донираше и генератор, со кој украинската општина Буча доби непрекинато водоснабдување и струја. -Нашата Амбасада има одлична соработка со господинот Јанчев, кој досега покрена бројни иницијативи за помош на украинскиот народ. Неговата компанија Кожувчанка се покажа како крајно одговорна и е светол пример во општеството. Конкретно за учениците на кои им го овозможи летувањето, безгрижните игри со нивни врсници, учество во кошаркарски натпревар исто така со нивните врсници – кошаркари од Кавадарци, секоја една забавна активност, за нив, а и за сите нас е бесценета. Се заблагодаруваме од име на Украинската Амбасада, но и од име на целиот украински народ, ни изјавија од Амбасадата. Групата ученици од Украина си заминува од Михајлово на крајот на месецот, а пред тоа во одморалиштето ќе организирале забава, на која на свој начин ќе се заблагодарат за гостпримството и убавите спомени кои ќе ги понесат со себе.Тагови: Кавадарци Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗемјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат паритеИако оставањето бакшиш во ресторани и кафулиња е вообичаен начин за изразување благодарност за добрата услуга во многу земји, во Јапонија таков потег може да има сосема спротивен ефект. Во оваа азиска земја, оставањето пари по оброкот се смета за некултурно, па дури и навредливо. Обичаите поврзани со бакшишот се разликуваат низ светот. Во Обединетото Кралство, Германија, Данска и Шведска, вообичаено е да се остават околу десет проценти од сметката, додека во Франција, Италија и Шпанија луѓето обично оставаат околу пет проценти. Во САД, оставањето бакшиш е практично задолжително и често се движи меѓу 15 и 20 проценти, без оглед на квалитетот на услугата. Сепак, во Јапонија важат сосема различни правила. Според Би-Би-Си, повикувајќи се на туристичката агенција InsideJapan Tours, Јапонците сметаат дека обезбедувањето квалитетна услуга е составен дел од нивната работа; следствено, дополнителните пари не се ниту очекувани ниту посакувани. „И покрај предупредувањата дека бакшишот не е вообичаен во Јапонија, некои туристи сè уште инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари, но тоа едноставно не функционира“, изјави Џејмс Манди од InsideJapan Tours за Би-Би-Си. Тој забележува дека не е невообичаено да се види келнер како истрчува од ресторанот по муштеријата за да врати пари оставени на масата. Причината за оваа реакција лежи во јапонската култура, каде што квалитетната услуга се зема здраво за готово како прашање на професионална гордост, а не како средство за заработка на дополнителни пари. Искрената благодарност се цени многу повеќе од бакшишот. Едноставна „оишиката“ - што значи „беше вкусно“ - или „гочисосама дешита“ - израз на благодарност за оброкот - се сметаат за многу посоодветни начини гостинот да покаже задоволство. Придружени со учтив поклон, ваквите зборови имаат многу поголема вредност од парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter