72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко
172 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев го посети првото бебе родено оваа година во кавадаречката БолницаГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев попладнево го посети првото бебе родено оваа година во кавадаречката Болница. Се работи за женско бебе, а второроденото е машко.- Овде ги имаме сите предуслови и квалитети за услуги, болницата секогаш ќе ја има поддршката на Општината и општествено одговорните компании, изјави градоначалникот. Претходно, директорката на оваа здравствена установа Гордана Ѓорчева - Камчева информираше дека бебето е родено спонтано, 28 минути по полноќ. - Бебето се роди со тежина од 2.550 грама и 51 сантиметар должина, појасни Ѓорчева - Камчева. Мајката Ивона е од Кавадарци, родена во 1997 година. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од МарокоНајмалку 72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија шпанските власти. Мароканските власти тврдат дека се помалку жртви 11. Повеќето од околу 60.000 луѓе кои набрзина влегоа во северноафриканската територија на Шпанија, повеќето со пливање, се вратија во Мароко по најголемиот масовен премин на мигранти на територијата. „ Најголемиот наплив на мигранти во енклавата предизвика меѓународна криза за Шпанија, бидејќи некои од нејзините европски партнери го критикуваа Мадрид за неговата имиграциска политика. Шпанија ги обвини криминалните банди за ширење гласини дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на Шпанија за имиграцијата ќе им овозможи на мигрантите полесен премин. Некои аналитичари сугерираат дека Мароко можеби им дозволил на мигрантите да ја преминат границата за да изврши дипломатски притисок врз Шпанија, која неодамна ги подобри односите со соседниот Алжир, најголемиот непријател на Рабат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16. Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter