Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
2Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско КалеВо рамки на посетата беше нагласена јасната определба на Град Скопје за внимателно, стручно и одговорно приспособување на просторот, со цел Скопското Кале да прерасне во жива културна сцена достапна за граѓаните.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција. Во рамки на посетата беше нагласена јасната определба на Град Скопје за внимателно, стручно и одговорно приспособување на просторот, со цел Скопското Кале да прерасне во жива културна сцена достапна за граѓаните, уметниците и посетителите, при целосно почитување на историските слоеви, автентичноста и културното наследство. Овој пристап е во согласност со современите европски практики, каде локалитети со исклучителна историска и симболична вредност се интегрираат во активниот културен живот на градовите, како дел од пошироката визија „Скопје – Европска престолнина на културата“, која има за цел долгорочна културна трансформација и одговорно пренесување на наследството на идните генерации. Во прилог објавата на социјални од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот Денес, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршив обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаме актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата. Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство. Низ светот постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази. Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство. Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија. Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаАлбански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во АлбанијаМинистерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЗдравјеНов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаНов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана. Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, АлбанијаСпоред статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки. Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра. ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата. „Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат. Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија. Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter