Градоначалникот Ѓорѓиевски и министерот Тошковски на увид на локација за нова полициска станица

Градоначaлникот Орце Ѓорѓиевски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денес, заедно со командирите од двете полициски станици на територија на општина Кисела Вода извршија увид во населбата Кисела Вoда. 

На локација, во близина на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор, градоначалникот Ѓорѓиевски на Министерот Тошковски му ја презентираше можноста за изградба на нова полициска станица, која е предвидена со ДУП-от.

-Денес заедно со Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски направивме детален разговор околу подигнувањето на безбедноста на нашите граѓани. Во моментов на територија на општина Кисела Вода функционираат две полициски станици, но со оглед на тоа што во општината живеат околу 70 000 жители, и тоа што едната полициска станица ја покрива цела централна Кисела Вода се до Пинтија, додека ПСОН Драчево покрај селото и населбата Драчево ги покрива и Студеничани, Батинци, Зелениково и Морани, несомнено е потребно отворање и на трета полициска станица. Тоа би овозможило поголема присутност на полицајците на терен, но и побрза реакција во случај на одредени ситуации кога е загрозена сигурноста на нашите жители. Од разговорот со почитуваниот министер Тошковски, сакам да истакнам дека заеднички сме подготвени за нови иницијативи и проекти, што ќе ги засилат нашите напори за изградба на посилна заедница во која доследно ќе се спроведуваат законите и ќе се превенира криминалот-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Министерот Панче Тошковски се информираше од командирите на полициските станици околу капацитетите кои во моментот се користат и ефективноста во однос на бројот на вработени и искористеноста на просторот. На пример дека полициската станица “Пролет” е сместена на територија на Центар, а ги опслужува граѓаните на општините Кисела Вода и Сопиште. Заклучи дека има простор за одлична реорганизација, дека просторот кој го предлага градоначалникот Ѓорѓиевски е соодветно решение кое ќе донесе бенефит најмногу за граѓаните, но и за полициската станица “Беко” и за “Пролет”, бидејќи освен што е се зголеми ефективноста поради близината, олеснување ќе има и за сообраќајот и за паркинг просторот кој посебно е изразен како проблем во полициските станици “Беко” и “Пролет”.

Инаку предвидениот простор кој се наоѓа во близина на кружниот тек во Кисела Вода е предвидено да има 3700 метри квадратни, објектот би бил околу 400 квадратни метри, а би и имало партерно уредување и голем паркинг, соопштуваат од општината.

Во руски напад во Сумската област оштетен високонапонски објект на Укренерго

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во руски напад со беспилотни летала и ракети врз Сумската област во Украина.

- Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонски објект на „Укренерго“ … Екипите за поправка на „Укренерго“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите, соопшти операторот.

Како што пренесува Укринформ, во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и оти вчера од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.

- Поголемиот дел од неа веќе е вратена во функција, но целосното обновување на снабдувањето со енергија е попречено од непријателствата во близина на објектите на енергетската инфраструктура, се вели во соопштението.

Израел почна евакуација на Рафа пред планираната воена операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот.

- Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ.

ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик.

Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови, рече портпаролот на ИДФ. Армијата исто така постави теренски болници. Портпаролот не можеше да каже колку време имаат луѓето да се евакуираат.

Тој нагласи дека доставувањето хуманитарна помош за населението ќе продолжи непречено за време на операцијата за евакуација. Таа може да се донесе до крајбрежниот појас преку различни рути, на пример преку пристаништето во Ашдод.

ОН ја осудија забраната на Ал Џезира во Израел

Обединетите нации ја истакнаа важноста на слободата на медиумите по одлуката на Израел да ја забрани Ал Џезира во земјата.

- Ние сме силно против секоја одлука за укинување на слободата на медиумите. Слободните медиуми обезбедуваат непроценлива услуга за да се обезбеди јавноста да биде информирана и ангажирана, изјави синоќа во Њујорк портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека неговиот кабинет едногласно гласал за затворање на телевизијата Ал Џезира во Израел. Телевизијата ја осуди одлуката и истакна дека ќе ги искористи „сите можности“ за заштита на своите права и вработените.

притисни ентер