ЗабаваГрадоначалник се ожени со крокодил!?Бизарна свадба во Мексико. Градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро се ожени со крокодил?!Контроверзниот градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро решил да се ожени, но неговата невеста не е жена со која планира да живее , туку oпасно животно – крокодил! Бизарната и необична венчавка се случила во малото мексиканско гратче Сан Педро. Градоначалникот Виктор Иго Соса одлучи да се ожени. Но шокантен е неговиот избор на невестата. Градоначалникот решил да стапи во брак со крокодилот. Очекувано опасната невеста не дозволила свадбата да се одржи според традицијата. Немало, музика, играње...Младоженецот дури морал да ја бакне невестата на која и била врзана устата.Устата била врзата од безбедносни причини, за гладната невеста случајно да не го касне својот избраник. Се претпоставува дека свадбениот ритуал потекнува од предхиспанското домородните заедници „Чонтал“ и „Хуаве“ од сојузната држава Оахака, како што е случајот со молитвата за благослови на природата. „Бараме од природата доволно дожд, доволно храна и риба во реката“, рече Соса, градоначалник на мало рибарско гратче на запарливиот брег на Пацификот Оахака. Оахака, лоцирана во сиромашниот југ на земјата, е област со богата автохтона традиција каде што многу групи тврдоглаво ги одржуваат своите јазици и традиции. Вековниот ритуал во Сан Педро Хуамелула, денес помешан со елементи на католичката духовност, вклучува облекување на алигатор-крокодил или кајман во бела венчаница со шарени украси. Се верува дека седумгодишниот рептил, наречена мала принцеза за оваа прилика, го претставува божеството мајка Земја, а нејзината венчавка со локален водач го симболизира соединувањето на луѓето со божественото. Звукот на трубите и ритамот на тапаните го дополнија славеничкото расположение за време на церемонијата на која некои од мештаните ја носеа невестата алигатор низ селото во раце, додека други и мавтаа со капите. „Се чувствувам среќна и горда на моите корени“, изјави Елиа Едит Агилар, кумата која ја организираше венчавката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширувањеПроширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ. „Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува ЕвроњузКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
СветНајмалку деветмина загинати при руските напади врз КиевРусија ноќеска повторно ја нападна украинската престолнина Киев со балистички ракети, при што загинаа и беа повредени повеќе луѓе. Според државната служба за вонредни состојби на Украина, бројот на жртвите изнесува најмалку девет. Повредени се 23 лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети. -Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко. Градови беа цел на обемен руски напад. Според украинските власти, низ целата земја тогаш загинале најмалку десет лица, а десетици биле повредени. Големи штети претрпе и градот Лавов на западот од земјата, во близина на полската граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНови судири на границата кај Мелиља откако е запрен влезот на мигранти во СеутаВлезот на нелегални мигранти од Кралството Мароко во шпанската енклава Сеута е „целосно запрен„ тврди шпанската Влада. Меѓутоа, денеска повторно избувнаа судири на сега веќе затворениот граничен премин помеѓу втората шпанска енклава на африканскиот континент – Мелиља и Мароко каде стотоци мигранти се уште прават обиди за упад на граничниот премин –пренесуваат светските медиуми. За време на вчерашната посета на Сеута, шпанскиот премиер Педро Санчез ги оцени случувањата како напад врз територијалниот интегритет на Шпанија. -Секако, сакам да ја признаам и кризата што ја претрпе другиот автономен град вчера - Мелиља, но ние сме во Сеута, што во овој случај е градот кој страда од најголемата криза во споредба со Мелиља и секако нè потсетува на ситуацијата што ја доживеавме во 2021 година. Затоа, третата обврска што сакам да ја изразам, покрај обврската за соработка со автономната влада на Сеута, е дека владата на Шпанија ќе ги искористи сите лостови на државата, сите ресурси на државата за да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Сеута,- - Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија. Како што јавуваат шпанските медиуми, иако целта на дел од мигрантите биле да останат во шпанските енклави, најголемиот дел планирале да продолжат кон Европа преку нелегалните миграциски рути а повикот и мобилизирањето на илјадниците луѓе се одвивало преку социјалните мрежи. -Социјалните медиуми денес се моќен мобилизатор, особено за младите луѓе, но исто така е вистина дека видовме семејства кои доаѓаат од југ, од Тангер, од внатрешните области на Мароко, со кои сигурно имало пораки во оваа насока, како што споменавте, нели? И погрешно толкување, според мое мислење, на она што било кажано во тие пораки. Jа гледаме мобилизирачката моќ на социјалните медиуми без да исклучиме дека имало и на тие социјални мрежи, нели, некои луѓе со лоши намери или со цел да остварат профит кои ги лансирале овие пораки,- -Рут Бермехо, истражувач во Кралскиот институт Елкано. Во меѓувреме, Европската комисија уверува дека досега ниту еден од нелегалните мигранти не пристигнал на Европско тло од Сеута. Откако вчера Италија привремено ја суспендираше Шенгенската соработка со Шпанија, закани за одвојување на Шпанија од зоната за слободно патување на ЕУ упатија и Финска и Данска. Според шпанското министерство за внатрешни работи – од проценетите 60 000 мигранти кои влегле во Сеута овие денови, 48 300 веќе се депортирани назад во Мароко додека се уште се проценува бројот на жртви кои се удавиле во обидот да допливаат до Сеута или пак загинале во стампедото на границата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08