Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија - Канал 5

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

  Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска денес изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на објектот на месната заедница во населбата Пинтија.

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Како што соопшти локалната самоуправа, станува збор за темелна реконструкција која ќе ги подобри конструктивните и физички својства на постојниот објект, кој подолг период се наоѓа во лоша состојба.

Проектот, според нив, ќе се создаде современ, функционален и безбеден простор за жителите на Пинтија, каде ќе можат да реализираат активности од интерес за локалната заедница.

- Пинтија е населба со долгогодишна традиција и активна заедница на граѓани кои заслужуваат современи и функционални услови за работа и комуникација. Овој објект има посебно значење за локалниот живот и затоа инвестираме во негова темелна реконструкција за да создадеме безбеден, енергетски ефикасен и уреден јавен простор. Ова е само почеток на реализацијата на сериозната програма што им ја понудивме на граѓаните, која ќе обезбеди континуитет во капиталните инвестиции и рамномерен развој на сите населени места во општина Кисела Вода, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, пренесуваат од општината.

Со овој увид, како што дополнуваат оттаму, градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска го означи почетокот на активностите од својата програма за работа, со која се предвидува динамична реализација на започнатите инфраструктурни зафати и иницирање на нови, кои се од суштинско значење за унапредување на животниот стандард во сите делови на општината.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку владината програма за капитални проекти, финансирана од унгарскиот кредит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Непал ќе ги прогласи за мртви сите 5.500 исчезнати во поплавите во август- меѓу нив се 623 странци

Непал го започна процесот на прогласување на илјадници луѓе кои сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните летни поплави за законски мртви, соопштија властите, три месеци по катастрофата.

Непал ќе ги прогласи за мртви сите 5.500 исчезнати во поплавите во август- меѓу нив се 623 странци

Глечер на голема надморска височина на границата меѓу Непал и Кина се урна на 26 август, ослободувајќи бујна вода, мраз, камења и остатоци.

Повеќе од 1.400 луѓе загинаа во поплавите во Непал, додека повеќе од 5.500 се водат како исчезнати.

„Го започнавме процесот на прогласување на исчезнатите за мртви откако ги потврдивме нивните податоци“, изјави за АФП Рам Бахадур КЦ, портпарол на Управата за управување со катастрофи.

Властите издадоа јавни известувања со имињата на околу 4.000 исчезнати лица, вклучувајќи 623 странски државјани, и ги поканија граѓаните да поднесат приговори или корекции пред да се донесат официјални одлуки за нивно прогласување за мртви.

Дополнителни имиња може да се додадат по понатамошна проверка, а се очекува владата да издаде смртоносни потврди откако ќе се завршат законските процедури.

Овој потег доаѓа откако Непал минатиот месец ги измени своите закони за да го скрати периодот на чекање за прогласување на жртвите од катастрофата за мртви од 12 години на околу шест недели.

Поплавите беа една од најсмртоносните катастрофи во историјата на хималајската нација.

И покрај неделите на спасувачки операции, во кои беа вклучени стотици работници кои пребаруваа низ планините од кал и урнатини, само неколкумина од исчезнатите се пронајдени живи.

Досега, само 112 тела се идентификувани и предадени на нивните семејства.

Недостатокот на смртни изводи им попречи на многу семејства да бараат надомест, да префрлат сопственост на имот или да решат други правни прашања.

Некои членови на семејството веќе одржаа симболични церемонии за кремација за најблиските чии тела никогаш не се пронајдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството поведе постапка против маж, кој на дрзок начин ѝ украл чанта на жена во Тетово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.

Обвинителството поведе постапка против маж, кој на дрзок начин ѝ украл чанта на жена во Тетово

На 26 ноември, додека една оштетена седела пред кафетерија во Тетово и пиела кафе, а својата чанта ја оставила на столицата до неа, осомничениот и се заканил со нож и и ја одзел чантата.

По пат го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено разбојништво, поднесена кривична пријава

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено кривично дело "разбојништво", поднесена кривична пријава .

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено разбојништво, поднесена кривична пријава

Во врска со претходно извршено кривично дело "разбојништво" со закана со пиштол на 18.11.2026 околу 05:55 часот во казино на бул. "Партизански Одреди" во Скопје каде одземени се парични средства во износ од 789.600 денари, од страна на ОКР Карпош при СВР Скопје се преземени се мерки и обезбедена е Наредба за претрес во дом кај осомничено лице.

На 26.11.2026 во 06:00 часот по претходна наредба од Основен кривичен Суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(50) како и на патничко возило "тојота" со скопски регистарски ознаки.

Имено, од извршениот претрес кај лицето Д.К. пронајдени беа парични средства од околу 300.000 денари, две црни фантомки, и друга облека. До Основното јавно обвинителство Скопје против Д.К. поднесена е кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер