Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов
1Вештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата Ристов
КултураГрадок – неоткриена цивилизациска тајна на МариовоПо патот за Мариово, од Прилеп, токму пред Расимбегов мост на Црна Река, треба да скршнете лево. Да се пешачи за да се стигне до Градок, еден од најбитните локалитети во Мариово. И антички и за средновековието, а најмногу за зачетоците на христијанството. Ве пречекува фасцинантен поглед. Ѕидини од базилики од византиската антика прераснале во манастирски комплекс. Зачуваноста на остатоците фасцинира. Ѕидините се извишуваат речиси 2000 години. Добро, прецизно, од 4 век од нашата ера. Приказната за Градок во Мариово не е нова, но новите истражувања се фасцинантни. Се истражувало кон крајот на 20 век (од 1989 до 1996 година) и дури сега по 24 години. Се поместуваат границите на раната антика, а секако и зачетоците на христијанството. Се поврзуваат дури од 4 век од нашата ера. Археологот Бранко Ристески, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп и предводник на истражувачкиот тим, е „желен" да ја раскаже приказната за раната антика од пред 2000 години на оваа почва и зачетоците на христијанството. Досега се знаеше дека локалитетот има зачетоци од доцната, а отсега од раната антика, од почетокот на новата ера. Антиката се претопува во раното средновековие, вели Ристески. – Пред 24 години се констатирани остатоци од античка населба, клучна за културната историја на Мариово. Во периодот од 9 до 14 век е констатиран средновековен манастир со две цркви. Тие две етапи подетално се истражени, иако се констатирани остатоци од праисторијата и од раната антика. Но најголемиот дел остатоци се поврзуваат со овие две фази – античката населба и средновековниот период со манастир и две цркви. Годинава, првпат, имавме можност да истражуваме значаен комплекс на раноантички населби и е новина во досегашните истражувања, кои нудеа детали за доцната антика. Ова ги проширува сознанијата за античката населба. Втората линија се новите сознанија за средновековниот манастир. Откривме делови од садова, луксузно глазирана садова керамика, која се поврзува со солунските луксузни работилници во византискиот период, објаснува Ристески. Откритијата за поврзаноста со југот, односно солунскиот центар укажуваат дека Градок бил на значајна, клучна точка на трансферзалата југ – север. – Продукцијата, како најјужен пункт во Манастир, Мариово, се поврзува со средновековен Прилеп, па Скопје, Подунавјето. Станува збор за една масовна луксузна продукција во чиј синџир и овој пункт има значајно место, вели Ристески. Најбитно е дека базиликите, оние византиски, од 4 век се зачетоци на раното христијанство. На нивна основа подоцна никнал манастирски комплекс на рангот на Трескавец. – Раната антика на овие простори е засведочена од првиот век од нашата ера, со суштински ремоделирања од 4 до 6 век од нашата ера. Манастирот функционира од 10, па сè до раниот 15 век. Битно е да се каже дека во доцноантичкиот период, од 4 до 6 век се констатирани манифестациите на христијанството. Со сведоштва за базиликата, се асоцира на религиски пункт од 5, па и 6 век. Тоа се поврзува со сакралниот комплекс „Свето преображение" во Зрзе и со комплексот во селото Градешница каде има сознанија за ремоделирање на доцноантичка резиденцијална вила во христијански комплекс. Значи, за тие зачетоци на христијанството во Мариово и северна Пелагонија, еден од клучните пунктови е токму овде, кај селото Манастир, Мариово. Можби тоа е објаснувањето за значајниот религиски пункт од 9 до 14 век. Зошто манастирскиот живот прекинал во 14 и 15 век? Веројатно, тоа е време на продорот на Османлиската Империја, смета археологот Ристески. Со овие податоци во голема мера се заокружија сознанијата за планиметријата на античката населба и просторната организација на средновековниот манастир, лоцирани непосредно над еден од јазолните комуникациски пунктови во овој дел од регионот на Мариово. Годинашните истражувања на локалитетот Градок ќе значат и тридемензионално моделирање на акрополниот дел од населбата, простор на кој се концентрирани најголем дел од досега истражените градби, како и градби што останале сочувани на површината од населбата. Дополнително, ќе има топографско снимање на видливиот дел од фортификацијата. Со спојувањето на резултатите и од двете снимања ќе се продуцира досега најпрецизен тридимензионален модел за акрополниот дел од населбата. Целта е просторните односи во виртуелната средина да се конзистентни со реалноста. Со добиените податоци, кои ќе бидат геореференцирани според македонскиот координатен систем, ќе се постави сигурна основа за прецизно лоцирање и просторно мапирање на сите следни истражувања. Мариовски Градок, според археолозите, е клучен пункт каде се прекршуваат главните комуникациски врски на југот и на северот на Балканот. Токму околу Градок со години се размислувањата да се подигне населба доколку се гради браната Чебрен во Мариово. Денес најраселената одбласт во Европа крие тајни, или полека ги открива, за цивилизација пред речиси две илјади години. Значајна, клучна точка, која ги поврзувала северот и југот на балканските простори./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВештак тврди дека ливчињата со суми пронајдени со парите во куќата ги напишала мајката на судијата РистовЛивчињата со запишаните суми, пронајдени со 350 илјади евра заѕидани во семејната куќа на апелацискиот судија Ѓоко Ристов во Неготино, ги напишала неговата мајка Донка Ристова. Ова е заклучокот на вештакот ангажиран од одбраната, кој на денешното судско рочиште тврдеше дека ракописот и цифрите не се напишани од обвинетиот Ристов. -Согласно мислењето на кое останувам, Ѓоко Ристов е елиминиран со сигурност како можен скриптер. Неговата мајка Донка Ристова ги пишувала ливчињата во најлонската кеса со парите. - Емилио Фришчиќ – вештак. Тој објасни и дека при пишување на хартија може да останат биолошки траги, доколку кожата директно ја допира површината. Но обвинителството тврди дека одбраната се обидува да ги поврзе ливчињата, напишани од мајката на Ристов, со ДНК-материјалот пронајден на фолијата, кој, според обвинителството, е директно поврзан со обвинетиот судија. Можноста за контаминација ја оцени како хипотетичко сценарио. -Одбраната се обиде да направи ете спин некаков, да ги поврзе овие ливчиња испишани од Донка со ДНК материјалот најден на фолија кој е директно на обвинетиот Ѓоко. Веројатно спинот беше на линија на некаква контаминација, но тешко е да поверуваме дека ливчињата Донка ги допирала или вака триела од обвинетиот Ѓоко, па теоретски да дојдеме до некои хипотетичко и фантастично сценарио дека оттука доаѓа до пренос на ДНК материјал- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител во ОЈО ГОКК. Одбраната, пак, го оспорува пристапот на обвинителството во случајот со парите, прашувајќи како може да се тврди дека тие се на Ристов без да се посочи конкретно коруптивно дело од кое потекнуваат. -Најдени пари во куќа и ѕид на друго лице, тврди дека се негови, при што вика: „Не постои ни еден коруптивен предмет кој јас можам да го укажам и од каде што се земени парите“. Арно ама, ние веќе неколку месеци водиме постапка за „жими мајка“,-изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат. Во судница како сведок беше сослушан и таткото на сопругата на Ѓоко Ристов. Кажа дека за купување на стан во Карпош од 140 квадрати, учествувал со половина од парите односно 70 илјади евра. Обвинителката не го коментираше овој исказ бидејќи како што рече, тоа не е предмет на обвинението. Одбраната денеска кажа дека засега се откажува од тројца сведоци меѓу кои и Љупчо Пецов Ѓаволот, а следно рочиште за случајот е закажано за 3 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕвропаКако протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?„Вирусот“ на протести, поттикнати од т.н. GEN Z се шири нив Европа – последниот бран ја зафати Грција, откако илјадници ученици, студенти, наставници и други административни работници излегоа на протести во Атина и ширум земјата. Се бараат подобри услови во образованието и мерки за справување со високите трошоци за живот. Во меѓувреме се заоструваат антивладините протести и во соседна Албанија. Тензијата утринава се манифестираше и во парламентот, каде што дојде до физичка пресметка. Студентите и професорите продолжија да бараат оставка од премиерот Рама пред неговиот кабинет. Рама повторно понуди „столчиња за дијалог“, овој пат бетонски, откако демонстрантите во два наврати ги искршија дрвените. Анкета: Сите политичари, од двете партии, главните партии, треба да си заминат, во основа. Тоа е она што новата генерација го сака./ Корупцијата е на невидени нивоа, невидени во било која друга светска држава. Пред нов протест е и Италија, оние кои ќе бидат насилни и ќе вршат кражби ќе подлежат на остри санкции, а се најавуваат и 500 војници на улиците на Милано за в Сабота. Оние кои протестираат возвратија дека им е доста ОД моменталните услови за живот. Доста ни беше веќе од ова. Ние сме луѓе кои работиме, ние сме луѓе кои плаќаат кирија, ние сме луѓе кои плаќаме сметки и не можеме да истуркаме до крајот на месецот дури и со две плати. Преку глава ни е, ja преминавте секоја граница. Доста е, доста е и доста е. А, дојде и до физички пресметка меѓу насобраните, односно со мигрантите. Јас сум тунижанец, дипломирав тука, со италинаско државјанство и никогаш не сум направил глупост. Не гледате ли дека главата му е полна со пајажина. Искористи шампон. Решителна акција против насилството и грабежите најави и францускиот претседател Макрон, откако улиците низ земјата се претворија во хаос. Француската полиција пак најави забрана за протести во делови од Париз и воведе полициски час за малолетници Протестите се мешавина од GEN Z тренд и реални потреби и имаат сериозен потенцијал да го опфатат целиот континент, сметаат аналитирачите. Според нив, ваквите состојби можат да бидат сериозен удар за евроинтегративните процеси. -Во моментот немирите кои се случуваат низ цела Европа, кои имаат потенцијал да ескалираат, се уште се третираат како социјален феномен на домашните земји членки, но доколку тие продолжат и се претворат во задгранично, меѓународно движење, може да влијаат на политичкиот апетит на ЕУ за проширување. Може да ги зафатат политичките елити со барања за домашни проблеми, пред да можат да се свртат на проширувањето како гео – стратегија. - Петар Арсовски – Аналитичар. Според аналитирачите, сериозна опасност по евроинтегративните процеси е и растот на десничарските партии во „носечките“ земји на Унијата, како АФД во Германија партијата на Марин Ле Пепен во Франција, кои докодлку дојадат на власт најавуваат преиспитување на мигрантските политики, а особено и проширувањето на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултатиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација. Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси. „Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики. Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00