Градите ѝ тежат 4,5 килограми, носи три градници и не смее да оди во забавен парк (ФОТО) - Канал 5

Градите ѝ тежат 4,5 килограми, носи три градници и не смее да оди во забавен парк (ФОТО)

Манекенката Кејти Ен од Тексас инвестирала повеќе од 100.000 долари во пластична хирургија со помош на машки спонзори и хирурзи.

Градите ѝ тежат 4,5 килограми, носи три градници и не смее да оди во забавен парк (ФОТО)

Од тоа, околу 38.000 долари отишле за плаќање на огромните гради. Кејти Ен почнала да го менува својот изглед на 20-годишна возраст со нејзината прва операција, со која нејзините гради со големина C се смениле во двојни D.

По првата операција на градите, следеле уште три на градите. Потоа имала две операции на задникот, операција за затегнување на кожата, ботокс и филери за усните.

Можеби најинтересното нешто за сите нејзини операции е тоа што таа не морала да плати за повеќето од нив. Имено, таа добила најголем дел од сумата од своите машки спонзори.

„Моите гради чинат 38.000 долари, но сѐ заедно потрошив околу 100.000 долари на операции, а најголемиот дел од тие пари беа од спонзори“, објаснила таа, пренесува Експрес.

„Ако имам време, пари и амбиција да го променам моето тело и можам да го направам тоа безбедно - тогаш зошто да не? Не сум се родила совршена, па фала му на небото за теретаните, фризерите, нутриционистите и хирурзите“, вели Кејти Ен.

Иако имала олеснителна околност да не мора сама да ги плати операциите, тоа не значи дека на патот не наишла на проблеми. Имено, во продавниците ѝ е невозможно да најде блузи и градници кои добро ѝ стојат.

„Има само неколку продавници кои ја имаат мојата големина, или морам да имам градници и блузи по мерка направени за мене.“

Потоа, нејзиниот хирург не ѝ дозволува да трча поради големината на нејзините гради. Ако прави некои вежби, мора да носи двоен градник и да додаде спортски градник над нив за да остане сè на своето место.

„Моите гради тежат повеќе од 4,5 килограми, па напорните активности и килограмите можат многу да ми ги олабават градите. Кога вежбам, носам два градника и спортски градник со нив за да има максимална поддршка“, вели таа.

Едноставните секојдневни задачи како одење на базен и возење на тобоган не ѝ се така лесни. Кејти Ен мора да се справи со дополнителното внимание на базенот што другите го немаат, мора да внимава како ги заклучува појасите во забавните паркови, каде не смее да ги користи повеќето реквизити.

Иако вака големите гради и предизвикуваат некои тешкотии во животот, таа е презадоволна со нив.

„Знаев дека животот со големи гради бара некои работи и активности во мојот живот да се променат, па дури и да престанат. Тоа е живот. Понекогаш треба да се откажете од некои работи за да го добиете она што го сакате“.

Во моментов нема дополнителни планови за понатамошни пластични операции.

„Никогаш не кажувај никогаш“, сè уште вели таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

Учениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

На територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија.

Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер