Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
2Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ЕвропаГрад во Германија воведе размена на станови- семејствата да добијат поголеми,пензионерите помали Во Мајнц, главниот град на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, важи правилото: откако ќе најдете стан, се држите до него по секоја цена, дури и кога повеќе не ви одговара.Во град со нешто повеќе од 220.000 жители, се селат сè помалку луѓе, а пазарот за изнајмување речиси запре. Компанијата за комунално домување „Вонбау Мајнц“, која управува со околу 11.000 станови, бележи само 45 до 55 откажувања на договори месечно, а промената на станарите падна под шест проценти. Бидејќи, како и на други места, се градат премалку нови станови, изгледите за наоѓање дом се влошуваат, пишува Дојче Веле. Нов стан, прифатлива кирија За да ја поттикне мобилноста, „Вонбау Мајнц“ ја започна програмата „Иднина дома 55+“. Идејата е дека постарите станари, на кои повеќе не им е потребен голем простор бидејќи нивните деца се преселиле, ги разменуваат своите станови со млади семејства. Клучниот поттик е финансиски. „Ние сме една од ретките компании за домување во Германија која им гарантира на станарите дека со преселба во помал стан, ќе задржат поволна цена за изнајмување по квадратен метар, а исто така плаќаме и бонус за преселба од 1.500 евра“, објаснува директорот Роман Бекер. На пример, стан со четири соби од 85 квадратни метри со закупнина од 850 евра може да се замени за стан со две и пол соби од 65 квадратни метри, каде што новата закупнина би била 650 евра. Ова носи годишна заштеда од 2400 евра, а помала квадратура значи пониски трошоци за греење и електрична енергија. Намалувањето на просторот мора да се исплати Овој концепт го подобри претходниот модел, „Програмата за размена на станови за стари лица“, која не постигна значаен успех во своите пет години постоење. Главниот проблем беше што цената по квадратен метар на нов, помал стан честопати беше значително повисока, па затоа преселбата не беше финансиски исплатлива. Со одржување на поволна цена за изнајмување, заштедите сега можат да достигнат неколку илјади евра годишно. Покрај тоа, новиот стан се испорачува реновиран и со минимални архитектонски бариери, а станарите не плаќаат двојни кирии за време на преселбата, ниту пак имаат вообичаен отказен рок. Се проценува дека околу 2.700 постари станари би можеле да се преселат во помал простор, додека во исто време околу илјада семејства безуспешно бараат поголеми станови. Засега, проектот е планиран за 24 месеци со цел да се заменат 100 станови. „Го правиме ова затоа што како комунална компанија имаме и социјална задача“, додава Бекер, нагласувајќи дека компанијата не остварува финансиска добивка од тоа. Кој го „блокира“ домувањето? Рајнер Браун, претседател на Управниот одбор на приватниот институт Емпирика во Берлин, го проучил моделот на Мајнц внимателно. Тој верува дека проблемот во сите атрактивни големи градови е што постојните кирии, поради регулирањето на цените, се далеку под пазарната вредност. Затоа луѓето се држат до старите договори. „Постојните договори станаа еден вид хартии од вредност чија вредност сигурно ќе се зголеми“, верува Браун. Тој вели дека не само постарите лица престојуваат во стари станови, туку и луѓе кои привремено одат на работа во друг град. „Тие не го откажуваат станот затоа што можеби ќе се вратат по пробниот период, а потоа нема да најдат ништо прифатливо“, вели Браун. Тој споменува и друга група која придонесува за недостигот: „Ова се луѓе над 40 години, често разведени, претежно урбани интелектуалци, кои се во врска, но живеат одделно“. Ваквите домаќинства можат да си дозволат два стана не само поради високите приходи, туку првенствено поради ниските кирии според старите договори. И двајцата знаат дека во случај на раскинување, нема да можат да најдат споредлив стан. Затоа Браун не го гледа моделот од Мајнц како решение за иднината. „За учесниците во размената, се разбира, тоа се исплати. Но, моделот се бори само против симптомите, а не против причината за проблемот“, истакнува тој. Покрај тоа, тој предупредува дека масовната примена на таква идеја би можела да го одземе капиталот потребен за нова изградба и рехабилитација на постојните згради. „Високите кирии во новите договори имаат две причини: високи трошоци и недостиг. Државата и општините се заеднички одговорни за обете, бидејќи тие ги поставуваат правилата за градба и постојано ги заоструваат“, заклучува експертот.Тагови: Германија станови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа пат кон болница починало тригодишно дете од ГевгелијаТригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата. По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството. Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33