„Можевте да ги видите како одат по таваните, надолу по ѕидовите. Лежев во кревет и ги гледав како одат. Секој ден морав да чистам мртви мравки на подот“, изјави Колкуун за ABC North Queensland.
Станува збор за инвазивниот вид Anoplolepis gracilipes, попознат како „жолти луди мравки“. Овие мравки се сметаат за еден од најлошите инвазивни видови во светот.
Агресивните инсекти прскаат мравја киселина за да го заслепат и убијат пленот и можат да формираат суперколонии кои ги уништуваат домашните видови на диви животни.
„Мирисот на смртта беше насекаде низ куќата.
Жолтите луди мравки напредуваат во топла клима, а инвазии се пријавени во Таунсвил и Кернс и на локалните острови. Во последниве години тие се прошириле во најмалку 10 предградија на Таунсвил.
Бев Џоб од Советот за инвазивни видови рече дека локалните власти се во трка со времето.
„Имаме девет ендемични видови на планината Елиот во Таунсвил, а познато е дека жолтите луди мравки доаѓаат на два километри од работ на националниот парк. Ако влезат во паркот, другите видови би можеле да исчезнат“, рече Џоб.
На Божиќниот остров, овие мравки убиваат милиони познати црвени ракови.
Овој вид мравки претставува и голем ризик за земјоделството и домашните миленици, но и за вредноста на земјиштето.
Една жителка на северен Квинсленд одбила да зборува за ABC бидејќи се плашела дека тоа ќе ја загрози продажбата на нејзиниот дом.
Градскиот совет на Таунсвил со години има ограничени ресурси за справување со штетниците. Тоа се променило во минатогодишниот федерален буџет со 12 милиони долари наменети за четиригодишен план за искоренување.
Советникот Мори Соарс рече дека сумата ѝ овозможува на локалната власт да вработува луѓе и да ја започне најголемата операција за труење мравки досега.
„Ако не продолжиме со тоа сега, тоа повеќе нема да биде програма за искоренување, тоа ќе биде само програма за контрола“, рече тој.
Во недостапните области, мравките се трујат со помош на хеликоптери и дронови. За почеток, отровот се прска на површина од 500 хектари.
„Во некои делови од светот не можат да се ослободат од нив. Не сакаме да бидеме во таква ситуација“, рече Соарс.
Колкухун, сопственикот на куќата на почетокот на текстот, смета дека програмата за труење е задоцнета.
„Чекавме и чекавме, посакувам да дојдеа малку порано“, рече таа.
Откако ѝ бил фрлен отров во дворот од дрон, бројот на мравките се намалил.
„Да чекавме уште малку, ќе морав да ги земам работите во свои раце и да потрошам многу пари обидувајќи се да се ослободам од нив“, рекла таа.
Но, Бев Џоб вели дека е потребен долгорочен модел на финансирање за да се заштитат жителите и биодиверзитетот во иднина.
„Со инвазивните видови, не можете да оставите ниту неколку единки. Тоа е како кај зајаците, ако оставите неколку, тие ќе продолжат да се шират“, рече таа.