Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ - Канал 5

Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје.

Град Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“

Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот.

Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, како и одвојувањето на фекалната од атмосферската канализациска мрежа. Со ова ќе се овозможи поефикасно прифаќање и одведување на дождовните води и ќе се намали ризикот од поплавување при обилни врнежи.

Паралелно со овој проект, во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој ќе претставува ново зелено и рекреативно катче за граѓаните.

Со реализацијата на овие проекти продолжува инвестирањето во современа комунална инфраструктура, побезбедни сообраќајници и подобар квалитет на живот за жителите на Бутел и на Скопје.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

Извршен е увид на местото на настанот.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение.

Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. 

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк.

Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот.

„Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер