Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница
2Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница
3УХМР предупредува: За два дена пристигнува голем облачен бран со дожд, грмежи и силен ветер – подгответе се!
КултураГрад Скопје со програма со шест изведувачи за денес- седете дома за време на коронаПосле вчерашните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје .Со почеток во 11.30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје ќе може да го проследите видео перформансот на Гоце Илиевски, а половина час потоа, од 12.00 часот па до 14.00 часот следат пијано изведбите на Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода и Дуња Иванова во паркот Шопен во Кисела Вода. Во 14.00 часот ќе настапи Силви Бенд со своите познати хитови. За вечерните часови, следат маалските концери на групата Pluto’s Doubts во 18.00 часот и групата South Park во 20.00 часот во населбата Аеродром кај Стела. Сите настапи ќе биде стримувани на: - фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs - Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw Покрај музичките настапи, во програмата „Култура во време на Корона“ за наредниот период планирани се изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби. Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/ Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти: 1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и 2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа. Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата МакедонијаМладите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив. Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, бугарски пасоши, додека на младите им продава дека Македонија треба да биде слепо црево на Балканот и Европа. Со парите на граѓаните, прво преку Груевски и Мијалков, а сега директно преку Мицкоски, Латас се богати. Имот, пари. Во исто време, Мицкоски на суд ги ослободува Латас и Груевски, им враќа имот стекнат со криминал и ја штити целата својата криминална организација ВМРО-ОКГ. Ова е Македонија што ја нудат Мицкоски и Латас. Додека Латас се капе во парите на граѓаните, а Мицкоски носи часовници од по 65.000 евра, обичните граѓани крпат крај со крај. Работниците не добиваат зголемување на минималната плата, земјоделците тонат во проблеми, а граѓаните се трујат со вода затоа што институциите не ја вршат својата работа. Сè е сведено на тендери. Деновите поминуваат од тендер до тендер, а задолжувањата паѓаат на грбот на идните генерации. Во Македонија на Мицкоски и Латас, само тесниот круг на „елита“ - дел од ВМРО, некои „независни“ новинари и по некоја Ивона, живеат како холивудски ѕвезди. Сите останати или сонуваат за подобар живот, или го бараат во странство. Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија. Не сакаат да живеат во земја каде криминалците и медиумските манипулатори се заштитени, а обичниот граѓанин е оставен на себе. Но, оваа Македонија не е нивна. Народот ќе победи. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Ќе победи вистината и правдата. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 22.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат.-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман. Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме. Така што, и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти. Генерално би сакал да им честитам на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, на министерот, порано како директор во Фондот за здравство, на здравствените работници, затоа што нас ни се овие проекти приоритетни и во таа насока ќе продолжиме да се движиме, изјави во своето обраќање премиерот Мицкоски. Мицкоски по вчерашното невреме во Скопје: Штетите се санираат и согласно законот истите ќе се рефундираат Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна: „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано. На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече: „Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МетеоУХМР предупредува: За два дена пристигнува голем облачен бран со дожд, грмежи и силен ветер – подгответе се!Вчера Македонија беше погодена од силно невреме, а екипите уште од раните утрински часови работат на санирање на последиците. Засега главните патни правци се проодни.Невремето зад себе остави расфрлан отпад, искршени гранки и оштетени покриви. Апокалиптични сцени од поплави можеа да се видат во Скопје, но и во Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде што покрај материјалната штета беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Но, најновата временска прогноза на УХМР најавува ново влошување на времето во петок. Прогноза за 24.07.2026 Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде и засилен.Тагови: временска прогноза Македонија невреме Скопје УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook