Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните - Канал 5

Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните

Скопје предолго време беше град оставен на заборав – со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени.

Град Скопје: Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните

Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град.

Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина.

Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди.

Затоа што го сакаме Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен брод пукал кон јахта во Ламанш

Морнари од руски воен брод испукале предупредувачки истрел кон јахта што му се приближила во Ламанш, дознава британската новинска агенција „Press Association (PA)“.

Руски воен брод пукал кон јахта во Ламанш

Инцидентот се случил во вторник околу 11:40 часот, а според неофицијални информации, вмешана била руската фрегата „Адмирал Григорович“. Сè се случило во морската област помеѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија.

Истрел бил испукан кога цивилен брод кој се приближил кон руски воен брод

Крајбрежната стража во понеделник попладне добила дојави од цивилен брод под британско знаме што пловел во близина на руската фрегата „Адмирал Григорович“. Од британскиот брод било пријавено дека Григорович испукал предупредувачки истрел откако двата брода поминале опасно блиску еден до друг во каналот.

Настанот е најнов во низата индикации за растечки тензии меѓу Велика Британија и Русија.

Напад на командоси врз руски танкер

Само два дена претходно, во недела, британските сили спроведоа голема операција во истиот канал. Командосите на Кралските морнарички сили и Националната агенција за борба против криминалот (NCA) извршија рација и ја презедоа контролата врз танкерот „Смиртос“.

Бродот е под меѓународни санкции и припаѓа на таканаречената „флота во сенка“ на Русија, која се користи за таен транспорт на нафта.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Административен службеник во ЈЗУ општа болница Прилеп е осомничен дека фотографирал дебитна платежна картичка на прилепчанец, а потоа со нејзините податоци извршил десетици интернет-трансакции, при што незаконски потрошил повеќе од 90.000 денари.

Болнички службеник фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Според пријавата од МВР, на 13 октомври минатата година, осомничениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во прилепската болница, ја фотографирал дебитната платежна картичка на лице од Прилеп. Потоа, во периодот до 19 февруари годинава, користејќи ги податоците од картичката, извршил вкупно 71 интернет-трансакција, при што била предизвикана штета во износ од 90 илјади денари

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски и Хрицова: Потврдена словачката поддршка за евроинтеграција

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова.

Милошоски и Хрицова: Потврдена словачката поддршка за евроинтеграција

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, билатералната соработка и европските интегративни процеси на нашата земја. Притоа, беше истакната континуираната поддршка што Република Словачка ја дава на политиката на проширување на Европската Унија, како една од земјите членки на групата „Пријатели на проширувањето“.

Соговорниците посебно се осврнаа на можностите за понатамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка меѓу двете држави, преку интензивирање на комуникацијата и размената на искуства меѓу парламентите.

Воедно, беше посочено дека Република Словачка од 1 јули 2026 година, ќе го преземе претседавањето со Вишеградската група, што претставува дополнителна можност за продлабочување на регионалната соработка и за афирмирање на европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Потпретседателот Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од Република Словачка и ја нагласи важноста од одржување на конструктивен дијалог и партнерски односи во однос на исполнувањето на нашите реформски приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер