Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаГрад Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метриПочетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени. Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје. „Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата. Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри. „Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска. Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Македонија85 милиони евра за реновирање на студентските домови, ќе штедат 56 отсто енергија„Стив Наумов“ наскоро ќе ги отвори вратите за студентите, додека посложената реконструкција на „Кузман Јосифовски-Питу“ треба да заврши до крајот на годинава. Во „Кузман“ било утврдено дека зајакнувањата направени по скопскиот земјотрес не ги исполнуваат денешните стандарди, поради што била потребна дополнителна санација на конструкцијата. По реконструкцијата, домот ќе има капацитет за околу 280 студенти, сместени во еднокреветни соби со нов мебел, греење и ладење. Овие два скопски дома се првата фаза од поширокиот проект, кој до 2031 година треба да опфати девет студентски домови, шест ресурсни центри и еден ученички дом во седум града. Подобри услови треба да добијат повеќе од пет илјади студенти и ученици. За преостанатите седум студентски домови тендерите се во завршна фаза, а наскоро треба да започне реконструкцијата и на „Никола Карев“ во Охрид. Расположливиот буџет изнесува над 80 милиони евра. Од нив, 60 милиони се заеми од германската развојна банка, повеќе од 21 милион се неповратни средства од Европската Унија, а 3,85 милиони евра обезбедува Министерството за образование и наука. Од ЕУ и и развојната банка објаснуваат дека комбинирањето на грантовите со заемите го прави финансирањето поповолно за државата. Со реконструкцијата и помалата потрошувачка на енергија оченувањата се да се создат заштеди што ќе помогнат во отплатата на заемите. По обновата, потребата за енергија во домовите треба просечно да се намали за 56 проценти, а емисиите на јаглерод диоксид за 49 проценти. Четири од домовите – во Охрид, Прилеп и Штип, како и „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје , ќе се реконструираат според повисок стандард, близу до објекти со речиси нулта потрошувачка на енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот. Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите. Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција. Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката. Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар. Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта? Бројката од 300 ученици кои сами избрале да посетуваат сексулано образование како изборен предмет во средните училишта покажува дека младите имаат потреба и интерес за темите кои се важни за нивното здравје, заштита. Училиштето е најдоброто место овие знаења да бидат достапни за младите со обучен кадар. Повлекувањето на Сексуалното образование нема да ги тргне ризиците од добивање на информации кои можат да им наштетат на младите луѓе, велат од ХЕРА. Професорот Глигор Тофоски објаснува дека сексуалното обрзование е повеќе од потребно како гинеколог посочува дека бременоста кај малолетни девојчиња е зголемна, тука се и сексуалните пренослови болести, но и се поголемото врсничко насилство. Истражувањата покажале дека децата се информираат меѓу себе од она што го виделе и слушнале од интренет. Сексуалното образовние се повлече од наставните содржини, по барање на јавноста. Министерката за образование Весна Јаневска објасни дека Бирото за развој мора да го разгледа целиот предмет. Повлекувањето доаѓа откако епископот Јаков преку писмо и се обрати на министерката Јаневска повикува на раѓање на повеќе деца, а од друга страна потпишува образовни политики кои го релативизираат полот, семејството го сведуваат на една од многуте менливи форми, а од малолетниот ученик бараат да „прифати“ однапред подготвени идеолошки заклучоци. Во 2022 година, по пилотирањето на ССО како изборен предмет, дури 11 стручни здруженија на гинеколози, семејни лекари, психолози, психотерапевти, социјални работници, рехабилитатори, правници, вклучително и македонското лекарско друштво, побараа изучување на сеопфатното сексуално образование уште во основното училиште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05