МакедонијаГрад Скопје и УНДП потпишаа меморандум за соработка за одржлив и долгорочен развојГрадоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, денеска официјално потпишаа меморандум за соработка.Со потпишувањето на меморандумот, како што вели Ѓорѓиевски, се поставува јасна рамка за стратешка и долгорочна соработка во области од клучно значење за развојот на Скопје со цел унапредување на локалните политики, јакнење на институционалните капацитети и имплементација на современи и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека партнерството со УНДП претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката со една од најрелевантните меѓународни организации во областа на одржливиот развој нагласувајќи дека Градот Скопје високо ја цени нивната долгогодишна поддршка и посветеност. Меморандумот предвидува соработка во повеќе стратешки области, меѓу кои подобрување на системите за даноци на имот и комунални такси, унапредување на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на локалниот економски развој, како и подготовка на квалитетни проекти за европски и меѓународни фондови. Посебен акцент е ставен и на поддршката за реализација на проектот „Скопје - европска престолнина на културата 2028“, кој се гледа како значајна можност за долгорочна трансформација на градот и негово посилно позиционирање на европската културна мапа. Според градоначалникот Ѓорѓиевски, со ова партнерство Градот Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба за развој во насока на одржлив, модерен и европски град.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook