330-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички
МакедонијаГрад Скопје и УНДП потпишаа Меморандум за соработка, ќе бидат опфатени три стратешки пилот-активностиГрад Скопје и УНДП денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој е потпишан од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и постојаниот претставник во Македонија, Армен Григоријан.Како што информира градоначалникот Ѓорѓиевски преј својот Фејсбук, со потпишувањето на Договорот и Планот за имплементација, започнува реализацијата на три стратешки пилот-активности од клучно значење за иднината на нашиот град. -Првиот проект опфаќа репроценка на недвижниот имот во Општина Центар, пилот кој ќе овозможи воспоставување на модерен, дигитален и целосно функционален систем за данок на имот. Ова значи поголема транспарентност, поефикасна наплата и посилна фискална стабилност на локално ниво. Вториот проект е поддршка за организација на првата меѓународна конференција, со која Скопје го прави првиот крупен чекор кон реализација на визијата - Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година, соопшти градоначалникот. Третиот опфаќа изработка на првиот сеопфатен План за чист воздух заснован на докази, документ што ќе донесе јасни мерки, дефинирани одговорности, проценка на трошоци и конкретен патоказ за системско намалување на загадувањето, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Скопје. -Градот Скопје особено ја цени експертската и техничката поддршка од УНДП. Нивната улога е клучна, од развој на дигитални системи, преку организација на меѓународни процеси, до подготовка на аналитички и стратешки документи. Ова партнерство ни овозможува да ги примениме најдобрите светски практики и да ги вградиме во работата на нашите институции. Ова е почеток на нова развојна фаза за Скопје. Фаза во која градот станува поорганизиран, поодржлив, покултурно препознатлив и поеколошки одговорен - напиша Ѓорѓиевски. Упати благодарност до УНДП за довербата и партнерството, како и до сите институции и експерти кои ќе бидат дел од овие процеси. -Скопје има потенцијал да биде модерен, европски и одржлив град. Денес го правиме првиот чекор во таа насока - потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДемократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тестАмериканските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори. Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран. Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни. Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и РаботничкиКривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник.Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор. Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови мзт и работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.Тагови: кривичен суд Скопје навивачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter