МакедонијаГрад Скопје го раскина договор со „Слобода Превоз“, приватниците утре го блокираат градотНема крај за маките на скопјани. Покрај најави за бомби, денеска стигна и нова најава за сообраќаен колапс на главниот град. Додека приватните превозници се спремаат за протест поради неисплатен долг од 1,5 милиони евра, Град Скопје ја раскина соработката на „Слобода превоз“. Како што се наведува во соопштението, причина е неисполнување на обврските од договорот, односно два дена во континуитет не извршувале превоз на патници. Од друга страна приватниците, утре од 6 часот делумно ќе ја блокираат „Илинденска“ со 200 автобуси, односно десната коловозна лента во двата правци, од Влада до крстосницата кај „Мида“. А, ако не се изнајде решение за долгот од 1,5 милиони евра од понеделник ќе се блокира целиот град, порача директорот на „слобода превоз“ Ленин Јовановски „За жал, „Слобода превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што шоради непочитување на договорот истиот е раскинат. Апелираме до „Слобода превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор. – Велат од Град Скопје. На ваквата одлука на Град Скопје реагираа од „Слобода превоз“ кои кажаа дека ќе ја оспоруваат пред надлежен суд. Протести велат ќе има, тоа го прават приватните превозници, на кого всушност, според нив, градот и должи. „Пред градското собрание утре ќе бидат 200 автобуси, за да се покаже бројката и госпоѓата Арсовска кога ќе помине да види дека бројката што ја кажува не е таква, а тоа да го видат и сите други граѓани, за да видат дека некој сака да ги дефокусира, дека некој сака да изнесува други податоци Долгот од 1 милион евра, кој според Јовановски го негира Арсовска, вели се докажувал со доставените фактури, како и аналитичката картичка која ја изготвува сметководството на ЈСП, документ кој го покажа на прес-конференцијата. На истата изнесе обемна документација, која вели, ги демантира сите обвинувања на градоначалничкат. Од компанијата и денес повторија дека градот им должи, но Арсовска вели долг нема. Од Град Скопје воедно ги повикаа сите приватни превозници да се приклучат на јавниот повик и да останат дел од јавниот превоз. Како и за сите недоразбирања и сега „најдебелиот крај“ ќе го извлечат скопјани. Поради едностраните блокади собраќајот ќе биде во застој, а тие и онака скапото гориво во енергетска криза ќе го трошат безпотребно низ градскиот метеж. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook