Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
КултураГрад Скопје: Богат културно-забавен викенд во СкопјеСкопјани викендов имаат можност да уживаат во богата културно-забавна програма што ќе се случува на неколку локации во градот и ќе понуди различни содржини за сите вкусови.Денеска и утре (6 и 7 мај) публиката ќе има можност да проследи исклучително интересни настапи на врвни музичари од различни музички правци и жанрови, како дел од третото издание на Скопскиот Градски Фестивал. Денеска фестивалот ќе се одржува во МКЦ, а утре, на 7 мај, во Филхармонијата. Концертите ќе започнат во 20 часот, според следната програма: На 6 мај, во МКЦ ќе настапат: Мухамед Ибрахими – извонредниот македонски музичар, гитарист со уникатен на овие простори стил и израз. Неговата музика е фузија на рок, блуз и амбиент, со корени во балканскиот и ориенталниот фолклор. Code 369 – во моментов најинтересниот македонски рок состав, составен од врвни музичари, со долгогодишно искуство. На настапот на СГФ ќе го промовираат материјалот од новиот албум „Стадиуми на љубовта“ (Stages of Love). Code 369 се одликуваат со енергични живи настапи, инвентивно музицирање и фантастичниот вокал на пеачката Ирена Димовска. TexasFlood – најпознатиот и најдобар балкански и европски R’n’B бенд ни доаѓа од Белград, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger), легенда на ритам и блуз сцената. Ненад има настапувано со некои од најпознатите светски музичари меѓу кои Lance Lopez, Lucky Peterson, Anа Popović, Enrico Crivellar, Ian Siegal, Matt Schofield, Alex Shultz, Big Daddy Wilson и Alto Reed. Влезот за публиката во МКЦ ќе биде слободен. На 7 мај, во големата сала на Филхармонијата ќе настапат: Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти, композитор, син на Арсен Дедиќ и Габи Новак. Матија има настапувано со познати музички имиња меѓу кои Alvin Queen, Martin Drew, Ron Ringwood, Boško Petrović, Marc Murphy Band, Patrizia Conte, David Gazarov, Gianni Basso, Miles Griffith, Onder Fokan, Jean Louis Rassinfosse, Anca Parghel, Tomi Emanuel, Lenny White, Kendrick Scott, Jim Madison, Jeff Ballard, Vicente Archer, Buster Wiliams, Larry Grenadier, N.H.O. Pedersen, Ron Mcclure, Marek Patrman и Salvatore Maiore. Настапува и со најпознатите балкански музичари меѓу кои Здравко Чолиќ, Влатко Стефановски, Џибони и Тамара Обровац. Како лидер има издадено десет албуми. Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic Quartet – Квартет составен од некои од најдобрите европски џез музичари, ќе настапат за првпат заедно во овој состав на СГФ. Четворица музичари со исклучителни кариери, секој поединечно настапувал со врвни имиња од европската и светска џез сцена. На контрабас ќе настапи Мартин Ѓаконовски, најпознатиот македонски џез музичар, кој живее и работи во Германија. Концертите во Филхармонијата на 7 мај ќе започнат во 20 часот, а билетите можат да се набават преку www.bileti.mk. Фестивалот е поддржан од Град Скопје. Љубителите на доброто вино, пак, можат да го посетат фестивалот „Виноскоп 2022” кој до 8 мај се одржува на плоштадот „Македонија“. Дванаесеттото издание на „Виноскоп“ на граѓаните им нуди богата музичка програма со домашни изведувачи и бендови, а за убавото расположение придонесуваат и македонските винарии кои што ќе ги зачинат музичките звуци со прекрасни македонски вина. Денеска почнува и Меѓународниот фолклорен фестивал „САРАЈ ФЕСТ“ кој ќе трае три дена, до 8 мај. Овој меѓународен фестивал се организира по 12.пат во Сарај од културно уметничкото друштво „Дрита е Дервенит“ Сарај, во соработка со општина Сарај и поддржан од Град Скопје. Учествуваат над 15 културно уметнички друштва од земјава и од странство. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септемвриПри спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети). При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети. Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.Тагови: електрични тротинети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter